Може ли некои да ми каже дали на оваа плоча моме да се стави dual channel memory и што е всушност dual channel memory
Да, таа стара матична плоча подржува dual channel memory. Тоа може да го видиш
овде, на официјалниот сајт на производителот на матичната плоча. Исто така таму можеш да прочиташ и други важни работи.
Dual channel memory е кога имаш ставено две плочки рам. Две плочки рам ќе овозможат повеќе податоци да се запишуваат во рам меморијата (да имаш отворено истовремено повеќе програми, но има и други предности), а ќе имаш и некоја поголема брзина за одредени активности кои ќе ги извршува процесорот.
За жал, бидејќи матичната е стара подржува само DDR2 меморија која за денешно време е многу бавна бидејќи работи на пониска фреквенција и праќа помалку и побавно податоци до процесорот.
Зошто те интересираат овие работи и што сакаш да постигнеш?