МПЦ и (неканонската) политика

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.348
Поени од реакции
34.888
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Дали го оправдувате т.н "мешање" на македонската црква во политиката?

Униформирани полицајци, поранешни лавови, пратеници, попови, сите заедно се молеа - Господ да им помогне на Македонците во Хаг...

E117EACF3EEA214DB445ADA66E13CCFC.jpg


Поглаварот на МПЦ Стефан пред поддржувачите на Бошковски и Тарчуловски се наврати на трагедиите од 2001-ва и од Соборниот храм ги потсети судиите на Трибуналот во Хаг дека ги чека Божјиот суд. -Судот нека суди праведно зашто сите не чека Божјиот Суд. Љубе и Јохан нека бидат горди зашто верувајќи во нивната праведност, нивниот суд го прифаќаме и како наше судење и судење на нашата татковина. Тие, и другите со нив, ја бранеа својата земја и својот мирољубив македонски народ, а никогаш и никаде не е грев да се брани својата татковина - изјави г.г. Стефан.


Во првите редови беше семејството на Бошковски, до нив поранешната министерка за правда Мери Младеновска, пратеникот Влатко Ѓорчев, Лилјана Поповска од ДОМ и цела делегација од ВМРО-Народна - сите со единствена порака - да се дознае вистината за конфликтот од 2001-ва и Хаг да биде фер со македонските притвореници.
- Денеска се помоливме за да излезе вистината за 2001-ва година на виделина - рече сопругата на Љубе, Виолета Бошковска.


Според Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, вистината се темели на правдината, а правдината и вистината се дека Јохан и Љубе во 2001 ја бранеа Македонија како дел од легитимните безбедносни структури.
- Не го знам исходот од судењето, но верувам дека се невини- изјави Љиљана Поповска од ДОМ.
- Верувам во невиноста на Јохан и Љубе и верувам дека ќе има фер судење за бранителите на Македонија во 2001-ва година-изјави Весна Јаневска од ВМРО-Народна партија, изјава со која целосно се согласи и Ѓорѓи Трендафилов од истата партија.


И додека политичката елита се надева на фер судење најблиските соработници на екс министерот Љубе Бошковски се со негативна прогноза.
- Не очекувам фер судење зашто ова е политички монтиран процес од самиот почеток. Кога ќе се вратат четирите предмети ништо нема да се случи-изјави Горан Стојков, поранешен командант на Лавовите.
Пред Соборниот храм во Скопје се делеа маички, налепници флаери на кои пишуваше: Брат Љубе - се за Македонија.
Ќе помогне ли се ова за позитивен исход пред меѓународниот кривичен суд или ваквите активности се контрапродуктивни? Здружението за поддршка на Љубе Бошковски има позитивен став:
- Да, ќе помогне, затоа што веруваме дека Судот правилно ќе цени и ќе донесе ослободителни пресуди- изјави екс директорот на Бирото за јавна безбедност Горан Митевски, кој постојано беше во друштво на Мане Јаковлевски.


Пред крајот на церемонијата во Соборниот Храм во Скопје, самиот притвореник во Хаг Љубе Бошковски се јави да провери како поминала молитвата. Неговите некогашни соработници, ословувајќи го како Брат, му објаснија колку гламур имало во црквата.
Процесот против Јохан Тарчуловски и Љубе Бошковски, обвинети за убиство на цивили во селото Љуботен во 2001-ва година, почнува денеска во Меѓународниот суд за злосторства против човештвото во Хаг, Холандија.

Извор: Вечер
 
Нема никакво ниту „мешање” ниту мешање на МПЦ во политиката, ниту пак имаат некакво влијание поповите во Хаг, се помолија луѓето за нашите во Хаг, и тоа е тоа...
 
Во ред е да се помолат за било кој христијанин во црквата, но проблемот беше претераното експонирање од медиумите...

Го направија настан број еден на денот....
 
Димитар напиша:
Во ред е да се помолат за било кој христијанин во црквата, но проблемот беше претераното експонирање од медиумите...

Го направија настан број еден на денот....
Зошто да не? Не ли се тоа наши луѓе? Не ли треба овој народ да се освести дека наши луѓе се судат за нешто што не го направиле?
 
TpH_Bo_OkO напиша:
Зошто да не? Не ли се тоа наши луѓе? Не ли треба овој народ да се освести дека наши луѓе се судат за нешто што не го направиле?
Разликувам СУДЕЊЕ од молење во црквата

За судењето треба и да обезбедат директен пренос ако се прашувам јас....
 
Димитар напиша:
Разликувам СУДЕЊЕ од молење во црквата

За судењето треба и да обезбедат директен пренос ако се прашувам јас....
Да де, за да може народот на раат да си го брка сеирот од дома...па ако има лајв стриминг, да отвориме и тема во Чек дис Аут?!

Според коментариве, ми даваш до знаење дека за тебе е во ред што Бошковски и Тарчуловски се во Хаг...?
 
Одма муабетот го тераш на друга страна.... и донесуваш заклучоци напразно...
Никаде не пишав дека е во ред тоа... ниту го мислам... единствено: Се претера вчера со тоа дека црквата се молела за нив...

Црквата нема да им помогне... многу работи треба државава да превземе за да им помогне... таму не се судат само Бошковски и Тарчуловски .. се судат македонците и дали тоа што македонците се бореа 2001 беше праведно...

п.с. имало пренос на идивиди
 
Димитар напиша:
Во ред е да се помолат за било кој христијанин во црквата, но проблемот беше претераното експонирање од медиумите...

Го направија настан број еден на денот....

И треба да го направат, види Хрватите како реагираа за Готовина, не си ги даваат своите луѓе, како што е нормално.
Пола од луѓево во државата се пи*ки и гзот ке си го продадат, ќути и трај да не бидеме политички некоректни.
 
Луѓето без никаква основа ги држат таму, па и осудени може ќе бидат. Со што се може да им се помогне, добро е.
Мене ме чуди што повеќе не се ангажраат и медии и луѓе околу овој случај, во кој службеници на РМ кои си ги извршувале своите задачи, се безвезе обвинети
Знам дека западот сака да ги осуди за пример, на никој друг да не му текне нешто слично, али нема смисла нив да ги одбира за жртвени овци.

Љубе Бошковски го направи тоа кое го направи, за доброто на нашата држава и го направи најдобро, колку што знаеше, умееше и сметаше за правилно.
Ние не треба да го отфрлиме како партал и како нешто апстрактно кое таму на некој му се случува, туку да се заложиме да почуствува дека е сакан и дека ни недостига и дека сакаме да се врати во Македонија.
Бидејќи таму, осаменоста и бесцелноста се најголемите душмани.
Љубе заслужува повеќе и треба да му се даде потполна подршка и од државата и најважно, од народот.

Слобода за Љубе.
 
Димитар напиша:
Црквата нема да им помогне... многу работи треба државава да превземе за да им помогне... таму не се судат само Бошковски и Тарчуловски .. се судат македонците и дали тоа што македонците се бореа 2001 беше праведно...
Виде што направија Хрватите за Готовина?

Виде што направија Косоварите за Харадинај?

Зошто си со став „претерано експонирање“ ??? Повеќе ќе помогне песимистички осудениот настан или да превземеш нешто како лојален граѓанин на својата држава бидејќи сам викаш дека се судат Македонците, значи те судат и тебе и мене....Со тебе е во ред што те судат за тоа што си го бранел суверенитетот на својата држава? И на секој обид за поддршка викаш „претерано експонирање“? :lud:

Кажи ми дали донесов заклучок напразно...
 
Нема врска, гледам нема да се разбериме... јаз зборувам за претераното експонирање на црквата во цела оваа работа, а не случајот Бошковски и Тарчуловски во Хаг
 
Димитар, те замолувам да ми објасниш...

Прво, реков дека МПЦ се помоли за нашите луѓе во Хаг, и реков дека немаат никакво влијание во Хаг но, ти викаш дека не мора да се експонира толку сето тоа....ЗОШТО??
 
The Real Highlander напиша:
Од темата атеизам: И што е најлошо, младите не знаат зошто се таму, а на телевизија една, според гласот, повозрасна гледачка, се јави и ни го честита празникот со зборовите ‘‘Христос се роди‘‘! Па тоа е невидено...

Плус тоа, Архиепископот македонски пола од молитвите ги испеа на Старословенски, да не речам ‘‘руско-српски‘‘, демек ‘‘Христос воскресе из мертви, со смрт смрти спра,...‘‘ звучи поубаво од ‘‘Христос воскресе од мртвите, со смртта смртта ја победи...‘‘‘

И што е најтрагично, на полноќ не ги чув камбаните да бијат и да го означат (симболизираат) Христовото воскресение, туку г.г. Стефан држеше политички говор!

Она што МПЦ го прави моментално, не само што е на штета на македонската држава, туку и на народот истовремено.
Македонските православни верници не само што се изолирани од останатите словенски браќа и Романците, па и уште Патријархот од Цариград е свртен против нас.
Но она што остава впечаток, е моментот на мешањето на власта во сета оваа каша. Ако мислат дека преку верата ќе го натераат народот да истрае во овие тешки времиња за верата, јазикот, нацијата..., се лажат гадно, оти само ја зголемуваат тензијата и фрустрацијата кај народот.
Не сакам да бидам сфатен погрешно, уште помалку дека идеите ми се слични со некои расколници, но НАРОДОТ да е религиозно изолиран од целиот свет, тоа е недопустливо.
Наместо да ги засукаат ракавите и да поработат на нашата најслаба точка- наталитетот, тие бистрат политика, иако Уставот јасно вели дека Црквата е одделена од Државата. А баш оваа втората треба да бистри политика.
Но што е, тоа е. Удираат таму кај што сме најчувствителни- етносот, па од една страна мислат дека помагаат на власта и народот, а од друга страна си помагаат себе, со зачувување на квантумот на верници.

Не чини работава.

Уште полошо ќе биде ако МПЦ пројави некакви симпатии и поддршка (признавање?) кон Црногорската православна црква, мислејќи дека со тоа ќе добие една битка против СПЦ.
Се додека тераат (ваква) политика, ќе се појавуваат се повеќе Јовановци!
 
The Real Highlander напиша:
Се додека тераат (ваква) политика, ќе се појавуваат се повеќе Јовановци!
А што? Ги има уште како него?

Туку прашањето ми беше, што тоа гледаш дека е исполитизирано во случајов од страна на МПЦ?
 
TpH_Bo_OkO напиша:
Димитар, те замолувам да ми објасниш...

Прво, реков дека МПЦ се помоли за нашите луѓе во Хаг, и реков дека немаат никакво влијание во Хаг но, ти викаш дека не мора да се експонира толку сето тоа....ЗОШТО??
Затоа што има луѓе во земјава кои треба да се занимаваат со политика... а тоа не е МПЦ!

И јас реков дека е во ред да им се даде целосна политичка поддршка, но не и толку црквата која НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕША во политика...

Значи ок е да се помоли црквата, но тоа не е настан за кој треба сега да разговараме... Треба да се разговара што можеме ние, владата, политичарите да направат за да помогнат на двајцата во Хаг :helou:

Сега има на прва посебна емисија за Бошковски... тоа е ОК, има целосна поддршка... сега ќе ја гледам... но никако тоа што црквата се меша во политика и од тоа прави забавна програма
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom