Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.345
- Поени од реакции
- 34.881
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Дали го оправдувате т.н "мешање" на македонската црква во политиката?
Униформирани полицајци, поранешни лавови, пратеници, попови, сите заедно се молеа - Господ да им помогне на Македонците во Хаг...
Поглаварот на МПЦ Стефан пред поддржувачите на Бошковски и Тарчуловски се наврати на трагедиите од 2001-ва и од Соборниот храм ги потсети судиите на Трибуналот во Хаг дека ги чека Божјиот суд. -Судот нека суди праведно зашто сите не чека Божјиот Суд. Љубе и Јохан нека бидат горди зашто верувајќи во нивната праведност, нивниот суд го прифаќаме и како наше судење и судење на нашата татковина. Тие, и другите со нив, ја бранеа својата земја и својот мирољубив македонски народ, а никогаш и никаде не е грев да се брани својата татковина - изјави г.г. Стефан.
Во првите редови беше семејството на Бошковски, до нив поранешната министерка за правда Мери Младеновска, пратеникот Влатко Ѓорчев, Лилјана Поповска од ДОМ и цела делегација од ВМРО-Народна - сите со единствена порака - да се дознае вистината за конфликтот од 2001-ва и Хаг да биде фер со македонските притвореници.
- Денеска се помоливме за да излезе вистината за 2001-ва година на виделина - рече сопругата на Љубе, Виолета Бошковска.
Според Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, вистината се темели на правдината, а правдината и вистината се дека Јохан и Љубе во 2001 ја бранеа Македонија како дел од легитимните безбедносни структури.
- Не го знам исходот од судењето, но верувам дека се невини- изјави Љиљана Поповска од ДОМ.
- Верувам во невиноста на Јохан и Љубе и верувам дека ќе има фер судење за бранителите на Македонија во 2001-ва година-изјави Весна Јаневска од ВМРО-Народна партија, изјава со која целосно се согласи и Ѓорѓи Трендафилов од истата партија.
И додека политичката елита се надева на фер судење најблиските соработници на екс министерот Љубе Бошковски се со негативна прогноза.
- Не очекувам фер судење зашто ова е политички монтиран процес од самиот почеток. Кога ќе се вратат четирите предмети ништо нема да се случи-изјави Горан Стојков, поранешен командант на Лавовите.
Пред Соборниот храм во Скопје се делеа маички, налепници флаери на кои пишуваше: Брат Љубе - се за Македонија.
Ќе помогне ли се ова за позитивен исход пред меѓународниот кривичен суд или ваквите активности се контрапродуктивни? Здружението за поддршка на Љубе Бошковски има позитивен став:
- Да, ќе помогне, затоа што веруваме дека Судот правилно ќе цени и ќе донесе ослободителни пресуди- изјави екс директорот на Бирото за јавна безбедност Горан Митевски, кој постојано беше во друштво на Мане Јаковлевски.
Пред крајот на церемонијата во Соборниот Храм во Скопје, самиот притвореник во Хаг Љубе Бошковски се јави да провери како поминала молитвата. Неговите некогашни соработници, ословувајќи го како Брат, му објаснија колку гламур имало во црквата.
Процесот против Јохан Тарчуловски и Љубе Бошковски, обвинети за убиство на цивили во селото Љуботен во 2001-ва година, почнува денеска во Меѓународниот суд за злосторства против човештвото во Хаг, Холандија.
Извор: Вечер