Подесување на Mozilla Thunderbird за примање на електронска пошта од Google Mail
1. Најпрво што треба да направите е да се логирате на вашата Gmail електроснка пошта и да отидете во подесувањата за нејзе, "Settings" "Forwarding and POP". Од таму ќе треба да ја одберете опцијата "Enable POP for all mail" и ќе треба да притиснете на копчето "Save Changes" за да се запаметат сите подесувања. (слика 1)
слика 1
2. После тоа ќе треба да ги направите потребните подесувања во Mozilla Thunderbird. Стартувајте го Thunderbird и одете на менито "Tools" па во подменито "Account Settings...". Кога ќе ви се отвори прозорецот притиснете на копчето "Add Account..." и ќе ви се отвори нов прозорец каде што од понудените три опции ќе морате да ја одберете првата. (слика 2)
слика 2
3. На следниот прозорец во полето "Your name" го внесувате вашето име или адресата на вашата електронска пошта (во ова поле можете да пишете што сакате вие), а во полето "Email Address" ја внесувате вашата адреса и притискате "next". (слика 3)
слика 3
4. После тоа ќе треба да го подесите POP3 серверот од каде ќе ја примате поштата. Ја одбирате опцијата "POP" и во полето "Incoming Server" пишувате "pop.gmail.com". (слика 4)
слика 4
5. Веќе во следниот чекор ќе мора да го дефинирате вашиот username со тоа што во полето "Incoming User Name" ја пишувате целата адреса на вашата пошта, а не само username-от. (слика 5)
слика 5
6. Пред да завршите со потребните подесувања за нов акаунт ќе мора да дефинирате како ќе се вика овој акаунт со оваа електронска пошта. Можете да го внесете било кое име и ова е корисно доколку имате повеќе адреси. На крај ќе треба да притиснете "Finish". (слика 6)
слика 6
7. Откако ќе го направите тоа во левиот дел на прозорецот за акаунтите ќе го видите вашиот нов акаунт кој претходно го направивте. (слика 7)
слика 7
8. Во левиот дел на прозорецот кај вашиот акаунт ќе треба да ја одберете опцијата "Server Settings" и во полето "Security Settings" ќе треба да го одберете "SSL". Доколку сакате да направите некои екстра подесувања како на пример на колку време автоматски да проверува пошта тоа може да го направите тука. (слика 8)
слика 8
9. Следниот чекор е да го наместите излезниот сервер за испраќање на електронската пошта. Повторно во левиот дел од прозорецот ја бирате опцијата "Outgoing Server (SMTP)" и притискате на копчето "Add..." за да додадете нов сервер. (слика 9)
слика 9
10. Откако ќе се отвори нов прозорец наречен "SMTP Server" ќе треба да ги направите потребните подесувања како што се прикажани на сликата. Откако ќе го направите тоа затворете ги сите прозорци и спремни сте да примате електронска пошта од Gmail локално на вашиот компјутер со помош на Mozilla Thunderbird. (слика 10)
Description:
име по ваша желба
Server Name:
smtp.gmail.com
User name and password:
штиклирано
User Name:
вашата електронска пошта
Use secure connection:
SSL треба да биде штиклирано
слика 10