Можно ли е да правиме нешто што не ни се допаѓа ?

  • Креатор на темата Креатор на темата [zEUs]
  • Време на започнување Време на започнување
Има. Многу.
Пример, да наведам во дискотека, влагам а не ми се допаѓа и тоа многупати. Тоа од што морам и од што друштвото таму оди, а јас по нив. Понекогаш сум бил во ситуација, да правам она што треба а не ми се допаѓа, всушност вршам услуга на некој, особено на другарите или слично. Има многу работи такви, сум правил и мислам дека и понатака ќе правам, од морала би рекло.
 
Па и јас правам многу работи кои не сакам да ги правам,ама ете и тоа е дел од животот.:wink:
Не е секогаш онака како што ние сакаме,мора некогаш да има и компромис.Не сме секогаш само ние во прашање тука се и др.
И не сметам дека тоа е секогаш правење услуга на др.Сепак тоа е наш избор дали ке правиме нешто што не сакаме,ке седиме со некој што не ни е по ќеф итн. Можеби од една страна ги правиме сите тие работи затоа што мислиме и на др.околу нас,а не само на себе.Иако е јасно дека секој си се става на 1-во место себеси,а потоа др.или никогаш [што не е убаво ама тоа е,не сите размислуваме исто].
 
Некогаш правам работи што не ми се допаѓаат од чиста причина што сум приморан на тоа. Гледам колку можам работите што ги правам да не и пркосат на мојата волја.
 
Да може, и тоа у 99 % од времето во животот.
Состојбата се вика хипнотички транс, и е широко распространета кај приближно 99 % од луѓето.
 
Да секако тоа го сметам како составен дел од животот, почнувајќи од моето работно место па до се останато во животот. Со правењето на она што не го сакаме покажуваме колку ние луѓето ги почититуваме, колку ги љубиме нашите блиски. Љубовта секогаш треба да преовладува и да биде над и пред се! Е сега не ме сваќајте буквално, може понекогаш да направиме и против наша воља но сепак треба да внимаваме на последиците и дали некого со тоа ќе повредиме.
 
Да секако тоа го сметам како составен дел од животот, почнувајќи од моето работно место па до се останато во животот. Со правењето на она што не го сакаме покажуваме колку ние луѓето ги почититуваме, колку ги љубиме нашите блиски. Љубовта секогаш треба да преовладува и да биде над и пред се! Е сега не ме сваќајте буквално, може понекогаш да направиме и против наша воља но сепак треба да внимаваме на последиците и дали некого со тоа ќе повредиме.

Сакејте некого и некој ќе ве сака Вас.
A што ако сакаш СЕ ?
Дали ќе имаш потреба некој да те сака ?
 
Еве еден конкретен пример.
Јас на пример несакам да пишам пост на кој нема да ми биде реплицирано, а веке го сторив тоа.
Значи не сакам, а го правам тоа.
 
Да. Поради најразлични околности, обврска, навика. И мене често ми се случува да правам работи што не ги сакам. На пример мора да учам Латински, а не сакам. Одам во дискотека оти друштвото така одлучило, а не ми се оди во таа дискотека, ама ни дома не ми се седи, и одам. Се трудам да ги заобиколувам овие ситуации, но не знам колку ми успева :toe:
 
Во хипнотичка состојба....да.
Во будна состојба ..... НЕ е можно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom