Можен пад на доларот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.593
Дури и “меинстрим’’ медиуми почнаа да зборуваат со драматичен тон за можниот пад на доларот.

"Federal Reserve policies have put the US dollar the risk of crashing, which will hammer consumers through higher prices, strategist Axel Merk told CNBC. . . .

One of the key things here is a weaker dollar has traditionally not been inflationary because Asian exporters like to absorb the higher cost of doing business," Merk said. "There comes a breaking point when Asian exporters can no longer absorb that higher cost of doing business. They'll raise prices and guess what? They will stick.


"So we will have a cost-push inflation. We're going to get inflation but not where Bernanke wants to have it. We're not going to get wages to go up. We'll get the price at the gas pump to go up instead."


The current climate of low inflation has spurred comparisons to Japan's "lost decade" where deflation prevailed.

But Merk said the difference in monetary policy between the two countries will guarantee different outcomes.


"We won't be like Japan because we finance our deficits externally. So our fate will be different," he said. "We'll have a dollar that may crash in that process. The issue here is that (Fed Chairman Ben) Bernanke wants to have a weaker dollar. This is the first Fed chairman who is seeking to have a dialogue about the dollar. "

http://www.cnbc.com/id/40007252
 
Преценети се платите на западот, а се е тоа врз грбот на остатокот на светот.
Минимални плати од 8.85 долари на час и се жалат?
Не е одржлива таа економија. Ем ништо не произведуваат, немаат базична индустрија, ем се жалат.
Само војните им носат вртење на капитал.
И аутсорсингот ќе им се удри од глава.
 
7.25$ се минимални плати во New Jersey. И со таа плата не можеш крај со крај да врзиш.
 
7.25$ се минимални плати во New Jersey. И со таа плата не можеш крај со крај да врзиш.

Ќе се научат да можат и со помала.
Треба да им се укине минималната плата, сигурно ќе се најде некој кој и со 2 долара на час ќе биде задоволен.
 
Ќе се научат да можат и со помала.
Треба да им се укине минималната плата, сигурно ќе се најде некој кој и со 2 долара на час ќе биде задоволен.
2$ e едно чоколадце, или едно пакетче мастики. 2 долари на сат за место каде што плаќаш 800-1000 $ кирија за станче со 2 спални не е возможно. Едно е теорија, друго е пракса.
 
Ќе се научат да имаат помала кирија, а чоколатце таму е исто ко чоколатце ваму, па ако за нас има чоколадце ќе има и за нив.
8 долари за час кои ги земаат се 400 денари, кај нас има луѓе кои за помалку дневно работат.
Тој диспаритет во цени ќе се намали во иднина, западот ќе мора да биде поскромен.
 
Прочитав некаде дека испечатиле уште 600 милијарди долари.Тоа е реално прв знак за слабост на доларот изземајќи ги шпекулантските махинации кои го ослабуваа и ојачуваа доларот само за да се збогатат.
 
Да! Јас пред извесно време пишав за вакво нешто. Ова е „подарок“ од Кина! Кина давајќи финансиска помош на Еврото, свесно го урива доларот. Американците се сега во многу незавидна позиција. Имаа една рецесија и успеаја да предвидат уште една, од која едвај излегуваат. Од ова потешко ќе излезат, оти едвај успеваа да ја задржат стабилноста на доларот.
Потпишувајќи го договорот со ѓупциве Кина успеа да поентира два пати, си создава голема предност пред Американциве, плус самитот ЕУ - Кина во Брисел, каде Кина потпиша уште некои договори со кои го зацврствува еврото. Америка полека но сигурно го губи Европскиот пазар, каде Кина одлично котира. Азиските држави си ја поддржуваат Кина одамна. Кина, Индија и Јапонија најмногу си вложуваат во Азискиот пазар, што е сосема нормално, силна економија може да има држава која има силни соседи, нешто непознато на Балканов.
Америка вложува многу пари во НАТО (војните на блискиот Исток), има проблеми со комшиите, значи со еден збор Америка ја чекаат многу тешки времиња :toe:
 
Ќе се научат да имаат помала кирија, а чоколатце таму е исто ко чоколатце ваму, па ако за нас има чоколадце ќе има и за нив.
8 долари за час кои ги земаат се 400 денари, кај нас има луѓе кои за помалку дневно работат.
Тој диспаритет во цени ќе се намали во иднина, западот ќе мора да биде поскромен.


Друже немој со муабетиве не ти држат вода.
Неможеш да споредуваш наш стандард со нивен стандард. Во Америка никој неможе да преживее со 2 долари од саат додека кај нас може.
а тие примања не ги имаат само американците туку и поголемиот дел од Европа. Така да ние треба да идеме кон нив а не они да се враќаат кон нас
 
Прочитав некаде дека испечатиле уште 600 милијарди долари.Тоа е реално прв знак за слабост на доларот изземајќи ги шпекулантските махинации кои го ослабуваа и ојачуваа доларот само за да се збогатат.

Точно испечатија 600 милијарди долари или по нивно тоа се вика Quantitative easing. Ова е ситуација каде што номиналната каматна стапка, дисконтната стапка (стапката по која останатите банки позајмуваат од централната банка) и интербанкарската каматна стапка (стапката по која меѓу себе банките се позајмуваат), кои ги одредува централната банка или федерални резерви во конкретниов случај, изнесува нула или е блиску до нулата. При што во ваков случај централната банка не може повеќе со монетарни инструменти да стимулира прилив на пари на пазарот па решава да си ја кредитира својата сметка и да печати пари од нигде, по што овие пари обично се користат за откупување на владини или корпоративни обврзници, осигурување за кредити, долгови на некои агенции. Во овој случај имаме одкупување на трезорски обврзници. Американците со овие пари ќе купат обврзници од сопствените банки во форма на депозити на сметки кои што со вишокот на пари ќе ја намалат ефективната камтна стапка која ја плаќаат фирмите и домаќинствата и со тоа ќе се зголеми приливот на пари. Со ова се ризикува подгревање на инфлација. Меѓутоа со инвестирање во обврзници тие ја зголемуваат вредноста на обврзниците и ја намалуваат стапката на нивниот принос поради зголемената побарувачка. Со што ги тераат останатите инвеститори да инвестираат на некои други места ко на пример опрема, акции и така натаму со што би се поттикнал и развојот на бизнисот во земјата. Исто така ќе дојде и до пораст на вредноста на акциите на пазарот, со што ќе се зголеми и богатството на обичниот инвеститор во акции кој ќе биде посигурен и спремен да инвестира уште повеќе или поконкретно се работи за The wealth effect. Со намалувањето на приносот на обврзниците и зголемувањето на нивната цена американскиот долар не е толку атрактивен веќе за странските инвеститори и нормално ќе му се намали вредноста. Предности од ова може да бидат намалување на цените на американските производи во однос на странските но и поскапување на странските производи кои се увезуваат во Америка. Значи генерално земено бенефитите од печатењето на овие пари би биле поефтини кредити за Американците, подигнување на вредноста на акциите, како и зголемување на конкурентноста на домашните производи на странските пазари и поттикнување на нивниот извоз, мана би било креирањето на хиперинфлација доколку сево ова излезе од контрола.
 
Но може лесно да се деси тие да се вратат кон нас. Шесто миљарди не се малку пари, а ги чека голема инфлација. Тие пари треба да пополнуваат дупки и да инвестираат во работни места. А како кога фабриките ги префрлија во Азија? За да се вратат производителите треба платите да се многу ниски за да се конкурентни на тие во Кина на пример. Дури и да се конкурентни, треба време за да се вратат, некои 5-10 години. Во многу лоша ситуација се.

http://www.washingtonpost.com/wp-srv/special/business/rx-for-sickly-economy/
 
Америка предизвикува валутна војна против цел свет.

Незадоволството од оваквата валутна политика на Америка веќе го искажаа Кина, Бразил и ЈАР . Со печатењето долари Америка, си помога себеси, но ги става под нога сите останати.

Но, засегната е и Русија - побајаги, оти 50% од руските резерви се во долари.
 
1 AUD = 1.0144 USD

Почна веќе спрема некои валути.
Како за споредба лани беше 1АУД=0.7УСД

--- надополнето ---

Америка предизвикува валутна војна против цел свет.

Незадоволството од оваквата валутна политика на Америка веќе го искажаа Кина, бразилија и ЈАР . Со печатењето долари Америка, си помога себеси, но ги става под нога сите останати.

Но , засегната е и Русија- побајаги, оти 50% од руските резерви се во долари

Кина нема право да са буни. Они истото го прават т.е. вештачки ја држат својата валута на многу ниско ниво.
Дел од стратегијата на САД е да го качат Австралискиот долар на многу високо ниво спрема нивната валута и спрема другите валути за да суровините на Кина им се многу скапи па да мора Кина да ја зголеми вредноста на својата валута.
Според некои шпекулации веќе Кинезите се на дното на своите резерви на АУД... па ... ќе биде интересно. :)
 
Точно испечатија 600 милијарди долари или по нивно тоа се вика Quantitative easing. Ова е ситуација каде што номиналната каматна стапка, дисконтната стапка (стапката по која останатите банки позајмуваат од централната банка) и интербанкарската каматна стапка (стапката по која меѓу себе банките се позајмуваат), кои ги одредува централната банка или федерални резерви во конкретниов случај, изнесува нула или е блиску до нулата. При што во ваков случај централната банка не може повеќе со монетарни инструменти да стимулира прилив на пари на пазарот па решава да си ја кредитира својата сметка и да печати пари од нигде, по што овие пари обично се користат за откупување на владини или корпоративни обврзници, осигурување за кредити, долгови на некои агенции. Во овој случај имаме одкупување на трезорски обврзници. Американците со овие пари ќе купат обврзници од сопствените банки во форма на депозити на сметки кои што со вишокот на пари ќе ја намалат ефективната камтна стапка која ја плаќаат фирмите и домаќинствата и со тоа ќе се зголеми приливот на пари. Со ова се ризикува подгревање на инфлација. Меѓутоа со инвестирање во обврзници тие ја зголемуваат вредноста на обврзниците и ја намалуваат стапката на нивниот принос поради зголемената побарувачка. Со што ги тераат останатите инвеститори да инвестираат на некои други места ко на пример опрема, акции и така натаму со што би се поттикнал и развојот на бизнисот во земјата. Исто така ќе дојде и до пораст на вредноста на акциите на пазарот, со што ќе се зголеми и богатството на обичниот инвеститор во акции кој ќе биде посигурен и спремен да инвестира уште повеќе или поконкретно се работи за The wealth effect. Со намалувањето на приносот на обврзниците и зголемувањето на нивната цена американскиот долар не е толку атрактивен веќе за странските инвеститори и нормално ќе му се намали вредноста. Предности од ова може да бидат намалување на цените на американските производи во однос на странските но и поскапување на странските производи кои се увезуваат во Америка. Значи генерално земено бенефитите од печатењето на овие пари би биле поефтини кредити за Американците, подигнување на вредноста на акциите, како и зголемување на конкурентноста на домашните производи на странските пазари и поттикнување на нивниот извоз, мана би било креирањето на хиперинфлација доколку сево ова излезе од контрола.
Мотивите кои ги натерале да ги испечатат парите и ефектот кој тие би сакале да го имаат врз американската економија одлично си го образложил но вонредното печатење пари е прв сигнал за немоќ и за изнуден потег на една држава.Нивната економија мислам дека произведува годишно 9 или 10 илјади милијарди долари и тие печатат пари во зависност од зголемување на бруто домашниот производ или околу два проценти годишно.
Но ова вонредно пешатење на 6 проценти покажува дека сите други мерки за потикнување на економскиот развој не можат да дадат резултати па останува последниот чекор намалување на вредноста на валутата за да се зголеми конкурентноста на нивната економија.
Тоа значи дека нивните производи не се доволно квалитетни за да можат да се продаваат првенствено заради квалитетот (како што се германските производи)туку прв пат индиректно признаваат дека тие во овој момент не се технлошки најразвиената земја на светот.
 
Back
На врв Bottom