Moviespotting 2025

Колку филмови сметате дека може да изгледате во 2025?

  • NOOB Level (читај: не сум за овој подфорум) - 10

  • Ептен Very Easy Level - 20

  • Very Easy Level - 30

  • Easy Level - 50

  • Medium Level - 75

  • Hard Level - 100

  • Very Hard Level - 150

  • Extremely Hard Level - 200

  • Push to the Maximum Level - 300

  • One Per Day Level - 365

  • I-Have-No-Life Level - 400

  • Ultimate Level - 500

  • од-1-до-6 Level v.2021 - 1090

  • Има и други вонземјани тука - 1200


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.936
Поени од реакции
37.157
Со задоцнување од 9 дена зашто форумов трокираше баш на почетокот од годината, еве ја по 12 пат , 12 години по ред, темата за броење филмови!

Тука ќе броиме сè она што сме гледале на филмското платно и на екраните низ 2025.

И нормално, Moviespotting се потпира на бројките, па еве ги бројките уште еднаш, низ една анализа што сме гледале тука, на форумов низ десетте поминати години: до сега, за 11 изминати години броеле повеќе од 160 луѓе и избројале точно 38 648 филма! Ако земеме во просек секој филм да траел по 90 минути, (ако добро пресметав) заедно сме потрошиле 6 години, 7 месеци, 15 дена и 12 часа пред филмското платно/ТВ екранот. Сме напишале точно 3 366 мислења! Продолжуваме понатаму, и во 2025. Прво да се потсетиме како требаше, иако сите знаат:

Целта на темава е едноставна: набројување на сите филмови кои ќе ги изгледаме во 2025, секако, со оценување на истите со оценки од 1 до 10. (ЗАБЕЛЕШКА: Филмовите не мора да бидат нови, од 2025, може да се дури и класици). Сфатете ја само како обичен бележник кој ќе ви помогне вам на крајот на 2025 да се вратите наназад, да сумирате и одново оцените што сѐ сте изгледале. Секако - ќе им помогнете и на другите членови на форумов со тоа што суптилно ќе им сугерирате филм кои тие можеби го пропуштиле, а вреди да се изгледа. Оставете ги рецензиите на страна: истите пишувајте ги во Последен гледан филм со кратка рецензија или Предлог за филм со кратка рецензија, а сите коментари за филмовите пишувајте ги во Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија. Значи - се што тука правите е: набројување и оценување. Рецензиите и другите коментари за филмовите можете само да ги линкувате тука.
Еве како изгледа листата на луѓето кои во 2024 изгледале барем 1 филм:

@bijons - 155
@McLovin - 130
@reddevil4ever - 100
@Џонтра Волта - 90
@Adidya..Fanox on Faja :D - 87
@Zlatikevichius - 78
@SK-92 - 42
@пм=MGLpM - 38
@grande-juve - 36
@Хоуп - 33
@Комита Ултрас - 21
@FilipMKD007 - 20
@PticaSelica - 7
@<<Goku>> - 5

Или вкупно во 2024 само 842 филма што е за 880 помалку од 2023, а за цели 2982 филма помалку од 2022. Од рекордните 5090 филма во 2016 сме светлосни години далеку. Броеле 14 члена што е за 6 помалку од 2023, а за 36 помалку од рекордните 50 во 2016. Во 2024 испишавме само 5 страници со само 71 мислење. Во 2025 не посакувам да се вратат луѓето во темава, зашто сигурен сум дека нема. Полека старееме, а ко што реков, свежа крв нема. На младиве генерации им е поинтересно да летаат ко Супермен и да кршат раце и глави за на Тик Ток, а attention span-от им е толку голем што едвај можат да изгледаат цело Тик Ток видео или reel на Инстаграм, а не па филм од три и кусур саати. Така што, полека умира интересот за филмовите кај нас. За жал тоа е суровата реалност.

Moviespotting 2014 ќе остане отворена барем уште некое време, ако поживее форумов бар уште некој ден пред најавениот upgrade, а јас ќе се обидам да ги update-увам бројките тука.
1736411429173.png

...and let the Moviespotting 2025 begin!
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.099
Spored letterboxd, vo 2024 sum izgledal 98 filmovi, od niv 12 se reprizirani, a pak 56 od niv se vo kino.

Ne sum vo moznost da proveram no mislam edna od najslabite godini.
Fokusot e kaj seriite i PS5, ne gledam deka ova ke se promeni vo 2025. Simbolicno ke odberam medium level.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom