Темава е наменета за моторите со внатрешно согорување, се што се одвива за них. Најпрво ке почнам со Историскиот развој на моторите со внатрешно согорување а потоа ке напишам нешто и за видовите мотори па за поделбата итн. Па нешто заостането или некоја промена или нешто друго може да пишете.
Не сум некој автор малку глупо излгеда ама се надевам дека знаете што сакам да кажам.

Историски развој на моторите со внатрешно согорување
Моторите со внатрешно согорување се машини во кои хемиската енергија на горивото се претвора во механичка енергија. Внатре, во метален цилиндар согорува гориво измешано со воздух. Како последица на согорувањето се добиваат продукти од согорувањето, коишто имаат висока температура и висок притисок. Тие делуваат на подвижен елемент во цилиндарот наречен клип го двиат и така внатрешната топлинска енергија, што ја содржат гасовите ја претвораат во механичка. Со помош на клипен механизам праволиниското движење на клипот се претвара во вртливо движење. Така директното користење на продуктите на согорувањето во истиот простор во кој настанало осгорувањето, довело до создавање на нов вид машини кои со едно име се нарекле мотори со внатрешно согорување. Пред пронаоѓањето на моторите со внатрешно согорување, се користеле мотори со надворешно согорување, кај кои согорувањето се вршело во еден елемт од постројката (на пример - котел во кој се добива водна пара), а претворањето на топлинската енергијаво друг елемент (на пример - клипна машина во која енергијата на водната пара се претвора во механичка енергија - движење на клип)
Проблемот на претворање на хемиската енергија на горивото во механичката енергија е решен со пронаошањето на парната клипна машина на крајот на 18 век (Џемс Ват 1736-1819). Многу истражувачи ја искористиле клипната машина за своите пронајдоци. Првиот мотор со внатрешно согорување којшто можел да се употреби е изграден од Е. Леноар (1822-1900), кој во 1860 година го патентирал својот пронајдок, а моторот бил изработен во серија во неколку фабрики во Париз. Моторот имал моќност од 1,5 kW, и бил релативно едноставен. Работел со смеша од светлив гас и воздух. Вкупното искористување на горивото во моторот изнесувало само 4% што покажува дека само 4% од вкупнатља енергија, што ја содржело горивото се претворала во механичка работа но тој степен на искористување бил ист со степенот на искористување на парната клипна машина. Сепак ,предноста на моторотсо внатрешно согорување во однос на парната машина се изразувала во избегнување на користење на парниот котел, кој постројката ја направел поскапа.
Во 1876 година H. Ото патентирал постапка во која моторот со внатрешно согорување можело да се користи течно гориво. Патентот не бил прифатен па Ото истиот принцип го искористил и конструирал мотор кој работел со гасно гориво, а запалувањето на смесата го вршел во електрична искра. Тоа е прототипот на сите денешни мотори, коишто по името на пронаоѓачот се нарекуваат Ото-мотори. Првите Ото мотори постигнувале степен на ефективно искористување од 12,6%.
Во 1897 година, независно од H. Ото, Р.Дизел ја патентирал идејата во цилиндарот да се внесува течно гориво по пат на вризгнување (впрскување) во загреан воздух. Дизеловиот мотор имал моќност од 13,1 kW и степен на ефективно искористување од 25%. Со конструирањето на моторот на Ото со течно гориво и со палење со електрична искра и моторот на Дизел со самозапалување на смесата поставени се темелите на развојот на моторите со внатрешно согорување. Овие мотори ги имале сите битни карактеристики на денешните мотори. Натамошните пронајдоци придонесувле за усовршување на конструкцијата на моторот, процесите во него и неговите уреди.
Посебно место во развојот на моторните зазема пронајдокот на Р. Стирлинг патентиран во 1817 година кој работи само со топол воздух. Овој таканаречен Стирлинг мотор станува актуелен во педесеттите години од ХХ век кога почнуваат да се бараат конструкции коишто малку ја загадуваат човековата околина, но до денес поради скапата изведба се уште не се произведува.
Потполно нов вид практично уотреблив мотор со внатрешно согорување конструирал Ф.Ванкел во 1960 година којшто е наречен Ванкел мотор или мотор со вртлив клип. Поради значителната потрошувачка и поголемото загадување на околината, и покрај значајни други предности овој мотор се уште не е влезен во масовно производство и не се применува. Во рамките на општата индустријализација на нашата земја доаѓа и до развој на индустријата на мотори и моторни возила. први производители на мотори во Југославија по војната биле ТАМ - марибор (товарна аутомобила - Марибор), ДМБ- Белград (двадесетипрви мај - Белград), Торпедо - Риека, ФАМОС - Сараев (Фабрика Мотора - Сарајево). Потребна за вкучување на светските текови на производството на моторите и меѓународната поделба на трудот и производството, предизвикаа нашпите фабрики да остварат соработка со светски познатите фирми по пат на кооперацијата и откуп на лиценци. Така, ''Застава'' од Крагуевац соработува со италјанската фабрика ФИАТ, УНИС-ТАС соработува со германската фабрика Фолксфаген, ТОМОС од Копар соработува со Цитроен од Франција, ИМВ - Ново Место со РЕНО, ФАМОС со Мерцедес и СОЈРЕР, ТАМ со ДОЈЦ. Со оваа соработка се воведува современа опрема и технологија и се следат современите текови на развојот во оваа индустрија. РАзвојот на моторната и автомобилската индустрија е и битен фактор во севкупниот развој на индустријата, бидејки се трошат големи количини на суровини и полупроизводи, а со вклучувањето кооперанти моторната индустрија придонесува и за развој на недоволно развиените краишта и за зголемување на вработеноста.
Сега за сега напишав нешто, ова го пишувам бидејки наши страни за ова нема така да кајгана ке ни послужи да си направиме една помош еден за друг. И се разбира на кој му треба помош околу ова со некој текстови нека побара слободно можеме да напишеме нешто.