ТРИ ДЕНА ПО МОНСТРУОЗНОТО УБИСТВО ВО БЕЛГРАД
Полицијата го пронашла обезглавеното тело
Три дена по пронаоѓањето на отсечената глава во Белград, полицијата ја идентификуваше жртвата и го пронајде обезглавенот телото на Смаил Тариќ (27), во непристапна шума, иформираат од српскот МВР.
Лешот бил оставен на превој меѓу Ветеринарниот факултет во градот и авотпатот Белград - Ниш. На истото место полицијата, според зборовите на Дарко Сениќ, началникот на Управата за криминална истрага, пронашла и две мачети со кои најверојатно е усмртен Тариќ.
На посмртните остатоци кои биле затекнати од инспекторите забележани се повреди нанесени со остар предмет кај потколениците и делоумно запалена кожа. Нозете и рацете на Тариќ му биле вржани со жица, што оставила длабоки резови на неговите екстремитети. Натаму, медиумите српските пишани медиуми пренесеуваат дека убиството е пресметка меѓу две ривални криминални банди, а покојникот припаѓал на клан кој себе си се нарекувал Америка". Во домот на неговата девојка на улуцата Востаничка" по пронаоѓањето на неговата глава, при извршениот претрес била најдена поголема количина на рачни бомби кашикари.