Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.636
- Поени од реакции
- 35.989
- Возраст
- 41
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Четири германски мобилни оператори започнаа експериментално да емитираат телевизиска програма на мобилните телефони, во која (меѓу другото) ќе бидат опфатени и преносите на натпреварите на претстојното Светско првенство во фудбал.
Така, се до 31 август, корисниците на T-Mobile, Vodafone, O2 и E-Plus кои имаат компатибилни телефони, може да го примаат телевизискиот сигнал, како и програмата на 16 радио станици. Овој проект ќе биде достапен само на корисниците во Берлин, Минхен, Хамбург и Хановер.
Телевизиската програма која ќе се емитува и на мобилните апарати ќе биде од каналите ARD и ZDF (кои ќе ги пренесуваат натпреварите од СП 2006), како и од некои приватни канали кои за корисниците подготвија свои специјални емисии за мобилно емитување.
Цената за ова задоволство не е толку голема и ќе се движи од 5 до 15 евра месечно, во зависност од бројот на избраните канали.
Искрено ме радуваат вакви новитети.
Мислите дека нашите мобилни оператори имаат „капацитет” во наредните 10 години ќе изведат нешто вакво?

