Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Еве ставив. Врати се една страница назад. Првиот пат ме заеба од dropshots.comLaVista напиша:Цените нешо матно ми се гледат.. поарно стави поголема слика
:nenene: not this time, my friend, not this time! :nenene:iceman напиша:Ако не се обврзани со договор да ја стават таа цена ништо.Бидејки кај нас секогаш има дупка некоја во договоротза да можаат да измрдааат од тоа што го ветиле
Имаат.мобилком имаат тука претставништво?
19.05.2006
Мобител комуникации, македонска фирма со седиште во центарот на Скопје, сака да биде трет мобилен оператор.
Компанијата доставила барање за нотификација во Агенцијата за електронски комуникации, а следниот чекор е барање за радиофреквенции како последна алка кон стартот со работата во мобилната телефонија.
Но, од друга страна, се дознава и дека тајни преговори се водат во Владата за вклучување и на други фирми во овој вносен бизнис.
Во кабинетот на Бучковски на интензивни состаноци чести гости се домашни и странски бизнисмени кои сакаат да бидат конкуренција во мобилната телефонија.
Се споменуваат повеќе опции, но имиња не се откриваат. Најсериозната варијанта сепак е Мобител комуникации, велат нашите извори.
Според информациите на А1, зад Мобител комуникации стои моќен домашен бизнисмен кој за да го добие бизнисот со мобилната телефонија има логистика од познат светски бренд во телекомуникацискиот сектор.
Процедурата предвидува Агенцијата да распише тендер од каде ќе се бара третиот мобилен оператор.
Познавачите коментираат дека предизборието е незгоден период за власта да се впушта во потрага по нова телефонска компанија откако во својот мандат не успеа да го реализира ветувањето што го даде пред четири години.
Извор А1 телевизија