Moдeрнo =/= дoбрo

Член од
17 ноември 2014
Мислења
184
Поени од реакции
237
Модерноста е извор на многу добра. - Тоа се труби од секаде, и како мдоерни работи се фалат сите знаеме како оче наш. Истовремено, модерни работи се и извор на проблеми, па и на зла.

НЕ е нормален овој современ градски живот.
Да обезбедиш минимум на егзистенција да мораш да си опкружен со комплетни странци, НЕ Е НОРМАЛНО.

Joe Rogan е атлетски тип специјализиран во боречки вештини, и е шоумен и милионер, кому лекари на чести интервали директно во тело му вбризгуваат тестостерон. И тој зборува за урбан живот:

- Само да поминам по улица низ град, ми доаѓа да полудам!​

Зборуваме како проблемот бил со
  • тој-и-тој политичар
  • гарнитура на политичари
  • генерација
  • народ & менталитет
  • економски систем, политички систем & со нив врзани идеологии
  • геополитика, и големите сили
  • Бог / негово одсуство
  • ... „Леле мајко што си ме родила“...
Да пазиме да во тоа нижење на список на кривци, еден голем кривец - не се провлече:

Околу 1800. во Франција почнаа да се воведуваат животни калупи, со убедувања како тие биле направени по крој на Човек, напредни, модерни, ... Да ги тргнеш тие тврдења на страна и ги видиш работите со свои очи, здравиот разум ќе ти рече - тие се монструозни.

Не е нормално да мало дете секој работен па сега и неработен ден од рано утро се оддели од свои родители,

да биде ставено на чување:
- сред десетици други мали деца чии родители се, за неговите родители, потполни странци
- со еден возрасен на 30-40 деца
- кој има програма од која е елиминиран разговор и учење за меѓучовечки односи
Кој кого тука воспитува
и како

Не е нормално да, додека стигнеш до работа поминеш покрај низа луѓе од кои секој има потекло од друга средина - со поинакви воспитување, расположение, мисли, се’.

Не е нормално да на работа си без никаков глас за тоа што и како да се работи, а као ги имаш сите права.

Не е нормално одсуство на јавен разговор за системот на финансии кој доминира околу светот.

Не е нормално да прашања на безбедност се поистоветуваат со вооружување на армии, ставање блиндирани врати, додатно вооружено особје и државно надгледување на се’, без да се зборува за
- секојдневни активности кои предизвикуваат поголем број на повреди од војни
- свесност за луѓето околу себеси и охрабрување на луѓе да се знаат со комшиите
- охрабрување на луѓе на ефективна комуникација, како превенција од тоа да некој ти упропасти живот зашто - откако сте имале забуна - посакува да ти ја скине главата

Не е нормално да ако ти се слоши, одиш во болница каде ќе те сместат во амбиент без никаква човечка топлина... Ало, јас дојдов да бидам помогнат, не да ми се одземе и она што го имав.

... и така ...
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
- Само да поминам по улица низ град, ми доаѓа да полудам!​

Кога ќе видам толку многу сочни наоколу кои се нудат за фелацио и разни земски убавини.... а егзистенцијалниот потенцијал е сведен на минимум , што е = на салто мортале ситуацијата.
Модерно - ЗАЕБАНО. Ептен ептен заебано. Мораш да гризаш во барата иначе ќе те изеде мрак.
Фиктивно: НОРМАЛНО / фактички: НЕНОРМАЛНО. *НЕ*(НО)МОРАЛНО / ОПШЕСТВО 21 ВЕК -------- > ZA KOGO KAKO. Тоа е. Сите викаат така е а пак се со рацете во џеб и плукаат на тротоар.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.659
Поени од реакции
38.845
Оди со Џо Роган кози чувај на планина ако модерното не ти е убаво. Само што ни двајцата нема да го направите тоа иако ви иде да "полудите".
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Модерноста е извор на многу добра. - Тоа се труби од секаде, и како мдоерни работи се фалат сите знаеме како оче наш. Истовремено, модерни работи се и извор на проблеми, па и на зла.

НЕ е нормален овој современ градски живот.
Да обезбедиш минимум на егзистенција да мораш да си опкружен со комплетни странци, НЕ Е НОРМАЛНО.

Joe Rogan е атлетски тип специјализиран во боречки вештини, и е шоумен и милионер, кому лекари на чести интервали директно во тело му вбризгуваат тестостерон. И тој зборува за урбан живот:

- Само да поминам по улица низ град, ми доаѓа да полудам!​

Зборуваме како проблемот бил со
  • тој-и-тој политичар
  • гарнитура на политичари
  • генерација
  • народ & менталитет
  • економски систем, политички систем & со нив врзани идеологии
  • геополитика, и големите сили
  • Бог / негово одсуство
  • ... „Леле мајко што си ме родила“...
Да пазиме да во тоа нижење на список на кривци, еден голем кривец - не се провлече:

Околу 1800. во Франција почнаа да се воведуваат животни калупи, со убедувања како тие биле направени по крој на Човек, напредни, модерни, ... Да ги тргнеш тие тврдења на страна и ги видиш работите со свои очи, здравиот разум ќе ти рече - тие се монструозни.

Не е нормално да мало дете секој работен па сега и неработен ден од рано утро се оддели од свои родители,

да биде ставено на чување:
- сред десетици други мали деца чии родители се, за неговите родители, потполни странци
- со еден возрасен на 30-40 деца
- кој има програма од која е елиминиран разговор и учење за меѓучовечки односи
Кој кого тука воспитува
и како

Не е нормално да, додека стигнеш до работа поминеш покрај низа луѓе од кои секој има потекло од друга средина - со поинакви воспитување, расположение, мисли, се’.

Не е нормално да на работа си без никаков глас за тоа што и како да се работи, а као ги имаш сите права.

Не е нормално одсуство на јавен разговор за системот на финансии кој доминира околу светот.

Не е нормално да прашања на безбедност се поистоветуваат со вооружување на армии, ставање блиндирани врати, додатно вооружено особје и државно надгледување на се’, без да се зборува за
- секојдневни активности кои предизвикуваат поголем број на повреди од војни
- свесност за луѓето околу себеси и охрабрување на луѓе да се знаат со комшиите
- охрабрување на луѓе на ефективна комуникација, како превенција од тоа да некој ти упропасти живот зашто - откако сте имале забуна - посакува да ти ја скине главата

Не е нормално да ако ти се слоши, одиш во болница каде ќе те сместат во амбиент без никаква човечка топлина... Ало, јас дојдов да бидам помогнат, не да ми се одземе и она што го имав.

... и така ...
Секој треба да има свој систем на вредности а не да потпаѓа под наметнатата мода?Тоа ли ти е поентата?Затоа имаме слободна воља.На пример јас никогаш не би се тетовирал иако тоа е во мода.Значи на крајот на денот ти си одлучуваш шо е за тебе прифатливо а шо не е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom