Млади надежи на македонскиот ракомет?

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdhandball
  • Време на започнување Време на започнување
Знае ли некој дали и каде може да се најдат записници од натпреварите во младите категории под капата на РФМ? Еве на пример сајтов го превртев сто пати и не можам никаде да најдам од младинскиот фајнл4 на сајтот на РФМ. :toe:
Ако го слушаше Раде во тој подкастот, добар дел од играчите ни на име не ги знаат, а замисли селектор си.. замисли исто во поширок список од 35 ракометари не влезе детево од Кил, иако се знае од предвреме скратениот список од 16..
 
Што се случува со Дарин Омерагиќ?
Добива минутажа во Мулти Есенс? и дали бележи добри партии?
@Vardarecc
 
Што се случува со Дарин Омерагиќ?
Добива минутажа во Мулти Есенс? и дали бележи добри партии?
@Vardarecc
Да еден од главните играчи беше имаше натпревари кај шо даваше по 8-9 гола во суперлига, сеа последниов период е повреден.
 
НИКОЛАС НАЈДЕНОВСКИ ИГРАЧ ШТО ЖИВЕЕ И ИГРА ЗА ШВЕДСКА, НО МАКЕДОНИЈА ГО САКА ВО СВОИТЕ РЕДОВИ
На поширокиот список на Кирил Лазаров, најголемо изненадување беше името на НИКОЛАС НАЈДЕНОВСКИ. Ракометар непознат за овдешната јавност, кој играчки се формира во Шведска.
Тој има 17 години, игра во младинските категории на Луги а има настапи и за младинските репрезентации на Шведска.
Лазаров со вметнувањето на Младеновски на поширокиот список сака да стави дознаење дека Македонија го посакува во своите редови, но и со ова сместување на списокот, започната е процедурата за тој во иднина да настапи и за младинските репрезентации на Македонија.
1701449774334.png
 
И спортсково „новинарство“ во државава е на мизерно ниво, како и се друго. Сите кај нас релевантни спортски портали кои го третираат и ракометот извадија статии за дечково. Сите од нив носат наслов „КОЈ Е НИКОЛАС НАЈДЕНОВСКИ“, или нешто слично, во сите се споделуваат буквално истите информации (препишуваат едни од други), а во ниту една нема на која позиција игра дечкото! Па тоа треба да биде првата информација која се споделува, тоа е најрелевантното!
 
Последно уредено:
И спортсково „новинарство“ во државава е на мизерно ниво, како и се друго. Сите кај нас релевантни спортски портали кои го третираат и ракометот извадија статии за дечково. Сите од нив носат наслов „КОЈ Е НИКОЛАС НАЈДЕНОВСКИ“, или нешто слично, во сите се споделуваат буквално истите информации (препишуваат едни од други), а во ниту една нема на која позиција игра дечкото! Па тоа треба да биде првата информација која се споделува, за колективен спорт зборуваме.
USm Nicolas Najdenovski - YouTube
Кратко видео, веројатно лев/среден бек
Во моментов планиран бил за младинските репрезентации, ќе го видиме шо играч е наводно според г-спорт мк добро избрусен.
А тој другиот Мишел Поп Андонов го имаа земено на турнирот во Романија за кадетите, ништо посебно не покажа.
 
Дали некој го следел Давид Трајкоски од Прилеп? Лево крило. Има 17-18 години, денеска ме воодушеви против Пелистер. А и општо си ја коридти шансата цела сезона. Имаше мислам 6/6 од кои два па скоро од мртов агол. На првата во Битола имал 9 гола. Иако доста висок за крило сепак има многу добар шут. За него знам Мојсов пред почеток на сезона рече дека има потенцијал да е европско крило. Чудно како не е викнат досега во ниедна млада репрезентација.
 
Дали некој го следел Давид Трајкоски од Прилеп? Лево крило.
Дрзок е малиот... се надевам дека ќе ја задржи таа особина и дека ќе напредува и во иднина.
Се надевам дека тој потенцијал ќе го видат и другите.
 
Дали некој го следел Давид Трајкоски од Прилеп? Лево крило. Има 17-18 години, денеска ме воодушеви против Пелистер. А и општо си ја коридти шансата цела сезона. Имаше мислам 6/6 од кои два па скоро од мртов агол. На првата во Битола имал 9 гола. Иако доста висок за крило сепак има многу добар шут. За него знам Мојсов пред почеток на сезона рече дека има потенцијал да е европско крило. Чудно како не е викнат досега во ниедна млада репрезентација.
Мислење за голманот на Прилеп?
Летото на тие турнирите имаше неколку доста добри партии, кое годиште е?
 
Мислење за голманот на Прилеп?
Летото на тие турнирите имаше неколку доста добри партии, кое годиште е?
Ангелески мислам е 2002. Па има талент и тој, добар голман е. Има доста одбрани скоро секој меч, е сега има уште слабости, му фали искуство и мислам уште еден искусен голман од кој би научил повеќе. Како во Алкалоид Трајкоски и Галевски. А другиот Ацески не ме бендисува не знам ни зошто го зедоја.
 
Ацески против Мулти Есенс имаше 16 одбрани, добар е, имаат и едно младо Михаил, 2 метра висок, повреден беше, за втор дел од сезона сигурно ќе брани.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom