Михаел Шумахер

  • Креатор на темата Креатор на темата Prilep4an4e
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 ноември 2012
Мислења
96
Поени од реакции
90
Локација
Прилеп
Нема конкретно тема само за него или неможам да најдам ... Се надевам дека нема да ми ја избришат темата (освен ако нема друга) бидејќи заслужува да има ваква тема ....

Кога ќе се спомни Формула1 , прво што помислувате е на Михаел Шумахер .... Многу луѓе воопшто не гледаат формула1 , имаат мало знање за ф1 трките, но ретко кој човек не слушнал за Шумахер ...
Многу луѓе не го обожаваат поради некој да не речам неспортски потези што ги правел, но сепак тоа е натпреварување и тој ризикувал па доаѓало до тие потези , ризикувал многу и постигнал многу , титулите една по една доаѓале ... Уникатен стил на возење , доктор за водена патека ( конкурентен со СЕНА) , бестрашен се дел од карактеристиките кој што го прават Шумахер единствен ... 7 пати светски шампион (1994,1995,2000,2001,2002,2003,2004,2005), 19 години возач во топ форма , 68 пол позиции, 91 победа и уште многу многу други работи кој што кажуваат дека беше само одличен возач....
Возеше за Бенетан , Ферари (најголеми успеси, каде позледната сезона да не ги имаше техничките проблеми во последните трки највероватно ќе ја освоеше и осмата титула.) па следеше пауза од 3 години каде што се пробуваше во други спортови но ништо не е како ф1 па следеше КАМБЕК во Мерцедес тимот со неговиот стар шеф Рос Браун ...
Камбекот не беше нешто за памтење од него , примарна цел му беше развивање на шампионски болид ... извози уште 3 сезони за мерцедес со лош болид но со висок стил , со трпение.... Големи успеси немаше , пред се поради не конкурентниот болид во развиток , и големиот број на технички проблеми во последната сезона.... сепак ја покажа својата класа на патеката Монте Карло во 2012 година каде ја освои пол позицијата , но поради судар во претходните трки беше казнет со 5 позиции ... Верувам дека ако не беше казнет дека и ќе победеше со не конкурентен болид, а богами и на стари години за овај спорт... имаше и неколку подиуми но ништо впечатливо , што секако НЕ ја засенува неговата богата кариера.... На крај го соопшти неговото второ повлекување и можеби последно од формула1 ... Секако дека ќе недостасува ваков возач во Ф1 .... Ф1 не е иста без него, но сепак има млади возачи кој што имаат една цел .... ДА ГО НАДМНАТ ШУМАХЕР , никој друг туку ШУМАХЕР, каква и споредба да се прави ќе се прави со ШУМАХЕР ... ова име ќе биде врежано со златни букви во формула 1 .... Горд сум што имав чест да гледам ваква легенда.... се надевам дека во следните генерации ќе има некој барем приближно добар на него што ќе предизвикува задоволство да се гледа !!! Еден ден ако ме прашаат кој бил тој , со задоволство ќе кажам дека сум имал чест да го гледам
 
А што се деси со брат му бе?Жив ли е?
 
А што се деси со брат му бе?Жив ли е?
Да се е во ред со него ... .само тој возеше последно трки со автомобили .... МЕРЦЕДЕС, Ауди, Опел таква некоја конкуренција спортски ... сега не знам што е со него :D
 
Да се е во ред со него ... .само тој возеше последно трки со автомобили .... МЕРЦЕДЕС, Ауди, Опел таква некоја конкуренција спортски ... сега не знам што е со него :D

А колку само цела јавност му предвидуваа славна кариера.Некој викаа дека ќе биде уште подобар од брат му.
Иначе добра тема(y)
Кога само ќе ми текне на ривалитетот меѓу Шуми и Мика лелеее тоа беше формула а не ова денес.
 
Шумахер ти е класика, легенда. Нема шо да се збори.
 
Мојот омилен Ф1 возач.
Ја паметам првата трка кога го гледав, се зајаде со Дејмон Хил. Мислам дека во тие дуели се родија тие симпатии према него. Од тогаш јас со пенкало заокружував денови на календар за што побрзо да дојде нова трка каде ќе го гледам.
На трката на Хунгароринг во Будимпешта 90-ти години (не ми текнува точно на годината) татко ми со пријатели беше на истата. Ми донесе маичка и капче од Шуми, тогаш бев најсреќно дете на свет.:)
Човекот возеше на дожд неверојатно добро, беше доктор за таа контрола на болидот на такви временски услови.

Комбинацијата Шуми и Жан Тод секогаш ќе се памети во Ф1
article-0-06F04B6B000005DC-865_468x403.jpg

Имаше фантастични трки, урна рекорди постигна нови. Мислам дека никогаш нема да му го простам непотребниот камбек и преминот во тимот на Мерцедес.
Еве едно видео од неговите лудории
 
Е и ја за брат му навивав, поинтересно ми беше да идам контра на другар еден, јесда секад губев :D Многу покасно дознав дека бил и фан на Ливерпул :P
 
Легенда. Поради него почнав да гледам формула. Само поради него и ден денес го мразам Алонсо .:D
 
Досега најголемиот во историјата на Ф1.

Навивав многу за Шуми, но велам "навивав" бидејќи јас не навивам за возачи туку навивам за Ферари.
Дуелите помеѓу Шуми и Мика беа епски!
 
Досега најголемиот во историјата на Ф1.

Навивав многу за Шуми, но велам "навивав" бидејќи јас не навивам за возачи туку навивам за Ферари.
Дуелите помеѓу Шуми и Мика беа епски!
Ау да, Хакинен - Шумахер беше опасно ривалство... баш сеа ми текна на трката кога на Мика му откажа моторот буквално пред крај и Шумахер победи. :icon_lol:

 
И тогаш се појави Раиконен и престанав да навивам за Шуми. Башка многу грди муабети се иам изначитано за него и ми се оденќе. У Македонија едно време баграва шо се бафта со формулава (коментатори, фанови и остали) водеа хајка против човекот. Нит срам, нит перде. Геј, самобендисано - арогантно копиле, бескруполозен, гази преку трупови... Може да се каже се, но никој не може да му го оспори правото да си го приватизира зборот ЛЕГЕНДА. Не му требаше ова со враќањето, ам сеа тоа е - шо е:D
 
Браво за темата! Колку само го обожавам овој човек, колку ми фалат тие години кога газеше! Дома сме сите за Шуми, порано кога имаше трка не се мрднувавме од пред ТВ, сега веќе кога гледам, кога не. Па стратегии правиш со нив, мозгаш, се тресеш додека не завршат сите 72 круга, читаш вакви гуми-такви гуми одговараат, оваа е ваква стаза му одговара, онаа е онаква не му одговара. Цел ѕид ми беше дома со него излепен, од капчиња, постери, знаменца, пешкири и сл. Почнав за него да навивам уште кога возеше во Бенетон, не знам која трка не ме фаќајте за збор, ама мислам дека стартуваше од некое од последните места и на крај стаса до второ место или така нешто, а врнеше истураше. Махер за дожд, бескромпромисен возач, еден и единствен, тие што ќењаат за него и го мразат нека си пукнат од мака што ги тртеше сите по ред, од Хил, Вилнев, Мика, Култард и др. Менуваа правила, демек досадни биле трките, цело време победувал, а мена баш ми беа интересни, онака лагано неколку титули си зема рушејќи ги сите рекорди. Ако некој спомне Баричело возел за него, само нека се сетат на А1 Ринг во Австрија и моментот кога Култард го пушти Мика на круг пред крајот, нека се сетат на најпедерскиот потег, кога по убедливото водство во Спа во Белгија, грдиот шкот нагло застана и Шуми се бапна од позади, со што изгуби драгоцени 10 бодови и на крај тоа го чинеше и титула! Аххх, колку сум плачел на таа трка, уште ме боли срце ко ќе ми текне! Нема да заборавам мајка му кога почина сабајлето, тој попладнето победи на Монца и освои драгоцени 10 бода во борбата за титулата. Имаше и црни моменти, како тој со Вилнев, ама глава ставам дека кој друг возач да се најдеше на негово место, истото ќе го пробаше.
Ејј какви времиња беа тоа, во маало и во школо едвај се чекаше после трка да се јадеме, да се караме, па кладби во 10-ка со кромид паѓаа, ама среќа јас бев тој тшто најчесто кркаше! :D
Не знам зошто се врати, како што кажа и еден член погоре, не му требаше, се повлече на врвот и таму требаше да остане, ама како и да е, толку има постигнато што оваа епизода никој нема да му ја памети.
Не знам што друго да напишам, едноставно гениј, со Тод и Браун беа трио-фантастико, од кога си отиде за никој веќе не навивам, иако го сакам Ферари па ми е драго кога они победуваат. А да, и го мразам Мекларен, тоа си остана од оние стари добри времиња на познатото ривалство.
А бе кај ја отворивте темава, ми навреа емоции сега! :D
И за крај, нешто по што беше препознатлив:
Michael+Schumacher


sp9.jpg
 
Еххх порано имаше еден добар период од 6-7 години кога не пропуштив ниту една трка. Мераци беше да се гледа Ф1 тогаш. Сега е срање невидено дали иам изгледано една трка у последниве 3 години.
За Шуми нема потреба многу да се збори беше да бест и се покака со враќањето...
Иначе уште ми е активен мејлот на mschumacher.com, кога сите имааа на јаху на времето (гугл/гмаил беше шит тогаш) ја имав на mschumacher.com
Смешки беше кога требаше да кажам на некој кој е мојот мејл :D
 
Ехеее, уште од 7-8 години гледав F1, бев и на неколку трки кога ќе се совпаднеше со патувањата од спортот, Шуми беше sвероња :cuc: знам никад не најдов онаква ракавица огромна за навивање од Шуми пошо увек беа распродадени, и еднаш им кажав на едни што идеа да ми земат ако најдат од Шумахер, они од Ралф ми зеле :pos: али сеа послабо пратам, некако многу комерцијала а и чудни ствари ко да се дешаваат.
 
Чоек шо никогаш, не покажал дека е вистински спортист. Иако има 7 титули, и незнамтикакви рекорди, џабе. Епските дуели со Мика и Ирвајн се незаборавни, а шо е најтрагично, најчесто Шумахер беше тој шо губи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom