- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.667
Џиновски змии, чудовишта од 10 + метри е сосем возможно да постојат низ огромните џунгли во Ј. Америка и Африка. За анакондата сум чул дека науката се уште не успеала да ја одреди должината на нејзиниот животен век, а извесно е дека таа расте се` дури е жива (доколку некој има поинакви податоци нека ги напише, никој не е безгрешен). Така, не е неверојатно во длабочините на амазонската прашума да се влече некое 14-15 метри долго чудовиште старо неколку децении.
Исто така, не знаеме што има во океанските длабочини. Тие се мошне неистражени и таму може да има секакви изненадувања.
Митови за змијовидни и змејовидни чудовишта и суштества има насекаде низ светот, од библиските Левијатан и старата змија до скандинавскиот Јормунгандр, од ј.американската Пуана до египетскиот Апеп. Не е нелогично да се претпостави дека постоело нешто што ја разбудило фантазијата кај тие луѓе, некаква основа за митот.
Инаку занимавањето со видови на животни и суштества за кои се уште нема убедливи (или никакви) докази дека постојат, како што се Јети, Бигфутот, Неси, Чупакабра и други се нарекува криптозоологија.