Ѓони, јас твојов пост го прочитав денес попладне и почуствував во моево грешно срце дека енергијата (духот) што “зрачи“ од тој пост, делуваше негативно и угушувачки врз Духот на ВИСТИНАТА во мене.
Со мојот единствен син - пладнето - по негова волја го загледавме Терминатор 4 (Спасение), но и го прекинавме бидејќи мојата останата породица одеше заедно со синот на неделен ручек кај моите телесни родители.
Одкако за тоа време имав еден прилично долг телефонски разговор - со еден човек кој е титоист и една врста атеист а толку многу ми значи, и одкако моите се вратија од ручекот од кого јас одсуствував поради стомачно грипче кое вчера (именденот на моето првородено чедо) јавно изби, - си го зедов источњачкото ауто со некогашна вредност од 12 000 девизњака (а кое како лого има половина Давидова Ѕвезда) и си “појдов“ така до блиската шумичка.
Доста често кога ми оди добро - но посебно кога не ми оди добро - си се повлечувам на тоа возвишено шумско брдо (над местото во кое живеам) со молитва во срцето, пешајчејќи и одморјќи се доживувам неопишиво чудесно прекрасни (но некогаш и поинакви) моменти.
Пред да излезам од автомобилот погледнав на часовникот кој покажуваше 5:55, а надворешна температура -3°. Тогаш морав да мислам на тебе и твојте изјави кои не баш позитивно ми делуваа ...
После околу половина час пешачење стигнав до шумската колиба која има една клупа под стреа (на која се одмарав извесно време) и три клупи под отворено небо. После одморот - веќе беше темно во шумата - нешто во срцево ме натера да појдам кон клупите што се под отворено небо, кадешто ме чекаше едно прекрасно изненадување!
На првата клупа во снежната покривка - што беше врз неа - имаше нешто нацртано и напишано, а во продолжение на другите две клупи пишуваше и нешто друго што баш мене ми лежеше и лежи на срце во однос на гората!
Што мислиш Ѓони, што беше нацртано и што пишуваше на клупата и клупите?
п.с. До ден денешен не сум видел да има такво нешто напишано во таа шумичка или на тие клупи!