Мисли

  • Креатор на темата Креатор на темата SAVA
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јануари 2013
Мислења
51
Поени од реакции
13
Возраст
40
Здраво. Сега пеминувам на насловот, како и самиот кажува мисли*,
мислам секој ден по 24 часа, дури и кога си легнувам ме обземаат некои мисли и не се тргаат од глава, при што тешко и немирно заспивам, така е во последните неколку години. Зошто тоа се случува и самиот не знам.
Мислам за некои непотребни работи по сто пати на ден . Некогаш се случува, многу ретко кога заспивам потполно да се опуштам , тоа е онај момент кога едно човечко суштество може правилно да функционира, истиот тој момент на слобода се појавува кога со некого се скарам т.е има кнофликт, или кога ми е страв и
мислите ми се губат.Таа слобода е кратка, кога ќе ја почувствувам воздухот кој го вдишувам слободно влегува и излегува, делува толку пријатно што ме потсеќа на помладите години кога бев дете, и бев сосема опуштен.
Набрзо после ова идат мислите: зошто не се покажав кога тебаше? , зошто испуштив животна шанса? , зошто стојам сеуште тука кога можам да сум тамо, иако свесно го мислам ова, зошто не го остварувам? , тоа не е толку едноставно , но некој може да го направи толку поедноставно и да биде подобар од мене , па после јас да си ја тропам главата и не можам да спијам и да ја вртам мислата по 10000000 пати , ја разработувам и проучувам.
Ова е само една мисла , а колку ли ќе дојдат? , не се знае тоа, до бескрај трае. Тоа ме фаќа за гуша и не ме остава да дишам слободно( ова не е во буквална смисла, јас функционирам нормално како секој).
Со сиот свој разум , јас знам дека и колку да мислам џабе е сето, времето не може да се врати и да се поправам, но мислите се посилни и јас постојано губам, со сето тоа и мојата воља се губи. Моите години се во таков период што ме притискаат да мислам , партнер, подобар живот, кој е сон на секого, потоа работа и т.н.
Мислам дека ова не е психички проблем, тоа е просто речено (со извинение) е%@&е на умот, и уште подлабоко самоуништување, чест проблем на денешницава. Некои работи се толку едноставни , но не ги правиме , па подоцна во животот се каеме. Зошто е тоа така???:noze:
 
мислам секој ден по 24 часа,
Секој човек, секој ден мисли 24 часа и никој не успеал да направи пауза во мислењето
И тука нема ништо необично. Ако некоја мисла ти пречи, престани да мислиш на тоа и почни да мислиш на нешто друго
 
Издувен вентил си чул за такво нешто?Ако веќе толку мислиш смисли си нешто што ќе те релаксира, што ќе ти ја одзема негативната мисла или најди некое хоби. Сите имаме моменти на слабост и депресија и сме оптоварени со сопствената сигурност и иднина. Изгледа имаш отповеќе слободно време (y)
 
Може да , имам доста слободно време (y)
 
тоа ти е егото, и можеш да го заќутиш, тоа и е смислата на медитацијата. При што осеќаш ослободување..
Можеш да го заќутиш кога ќе се фокусираш на сегашниот миг, и да набљудуваш без анализа, допираш, гледаш, ја заборавиш таа временска рамка која те тиска.
И многу е битно да знаеш да го заќутуваш затоа што ќе ти ја цеди енергијата, фокусот.. и тоа може да се рефлектира и по здравјето.
 
Секој човек, секој ден мисли 24 часа и никој не успеал да направи пауза во мислењето
И тука нема ништо необично. Ако некоја мисла ти пречи, престани да мислиш на тоа и почни да мислиш на нешто друго
Нема врска со медитација можеш да го одмориш мозокот од нападот на мисли, после успешна медитација како нов си па дури тогаш ти самиот ќе ги бараш мислите.
 
Aj појасни малку медитација* :)
 
Здраво. Сега пеминувам на насловот, како и самиот кажува мисли*,
мислам секој ден по 24 часа, дури и кога си легнувам ме обземаат некои мисли и не се тргаат од глава, при што тешко и немирно заспивам, така е во последните неколку години. Зошто тоа се случува и самиот не знам.
Мислам за некои непотребни работи по сто пати на ден . Некогаш се случува, многу ретко кога заспивам потполно да се опуштам , тоа е онај момент кога едно човечко суштество може правилно да функционира, истиот тој момент на слобода се појавува кога со некого се скарам т.е има кнофликт, или кога ми е страв и
мислите ми се губат.Таа слобода е кратка, кога ќе ја почувствувам воздухот кој го вдишувам слободно влегува и излегува, делува толку пријатно што ме потсеќа на помладите години кога бев дете, и бев сосема опуштен.
Набрзо после ова идат мислите: зошто не се покажав кога тебаше? , зошто испуштив животна шанса? , зошто стојам сеуште тука кога можам да сум тамо, иако свесно го мислам ова, зошто не го остварувам? , тоа не е толку едноставно , но некој може да го направи толку поедноставно и да биде подобар од мене , па после јас да си ја тропам главата и не можам да спијам и да ја вртам мислата по 10000000 пати , ја разработувам и проучувам.
Ова е само една мисла , а колку ли ќе дојдат? , не се знае тоа, до бескрај трае. Тоа ме фаќа за гуша и не ме остава да дишам слободно( ова не е во буквална смисла, јас функционирам нормално како секој).
Со сиот свој разум , јас знам дека и колку да мислам џабе е сето, времето не може да се врати и да се поправам, но мислите се посилни и јас постојано губам, со сето тоа и мојата воља се губи. Моите години се во таков период што ме притискаат да мислам , партнер, подобар живот, кој е сон на секого, потоа работа и т.н.
Мислам дека ова не е психички проблем, тоа е просто речено (со извинение) е%@&е на умот, и уште подлабоко самоуништување, чест проблем на денешницава. Некои работи се толку едноставни , но не ги правиме , па подоцна во животот се каеме. Зошто е тоа така???:noze:
Bravos za temava.....ova e edno od prashanjata shto go machi chovekot od negovoto postonje do denes.Odgovotot ne e lesen i ne se dava vo dve rechenici.
Eve za pochetok...
Kako funkcionira coveckiot mozok:
Anarhija vo mislata (ne mozeme da gi kontrolirame,dovagaat i odat sami po sebe)
Concentracija (se zadrzuva samo edna misla)
Joga (vrvna tocka na concentracijata)
Meditacija (da ja nema ni taa tocka)
 
Aj појасни малку медитација* :)
Па вака, прво за да се научиш да медитираш многу е тешко тоа да го правиш сам затоа е најдобро со некој кој има искуство. Медитацијата не е само седење мирно 5 до 10 минути и мирно дишење. Со медитација умот мора да се стиши и смири. Тука е потребен свесен напор. Умот мора да биде свесен за да им дозволи на вознемирувачките мисли и желби да влезат. Кога сме во состојба умот да го направиме тивок и смирен ќе почуствуваме дека во нас како да започнува некоја нова творба. Кога умот е без мисли и спокоен и кога ќе почуствуваме дека сето наше постоење станува "празен сад", и кога со нашето внатрешно битиие го бараме и повикуваме бескрајниот мир, блаженството и светлината да навлезат и да не исполнат. Тоа е медитација. Медитацијата изгледа сложено тогаш кога мислиме дека ние сме тие кои се обидуваат да медитираат. Вистинската медитација не ја правиме ние. Неа ја прави внатрешниот дух во нас, компаративно кажано ние сме само празниот сад кој му дозволуваме да не исполни со нашата свест. Со медитација започнуваме со нашиот личен напор, за кој подоцна ќе увидиме дека напорот не е тој кој ни дозволува да влеземе во медитација. После медитација сме ослободени од сите мисли кои го заморуваат и окупираат мозокот. Вреди да се проба ;).
 
Вреди, вреди и тоа како (y)
 
Пробај со Калуѓерот што го продаде своето ферари...
Робин Шарма

Има еден убав дел точно како за тебе ...

Типот пие чај. Ја празни чашата и зема да притури од чајарникот... Ја полни чашата до врв но тука не престанува.. Продолшува и чајот веќе претекува од чашата. Цела оваа ситуација ја прекинува домакинот и му вели на типот кој става уште чај.
- Зарем не гледаш дека претекува?
- Да гледам.
- А ти сеуште не престануваш !
- Во тоа е суштината пријателе ... Доколку не ја испразниш чашата нема повеќе место и сето тоа почнува да излива на сите страни ... Истото се случува и со твојот памет. Главата ти е полна со мисли, доколку не ги исфрлиш тие мисли и не се подтрудиш да тргнеш напред еден ден тие ке почнат да изливат ...

Јас од се срце ти ја препорачувам . Ке ти годи.

Поздрав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom