Минхаузенов синдром

  • Креатор на темата Креатор на темата alek_95
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 септември 2011
Мислења
221
Поени од реакции
24
Дали некој знае нешто повеќе за Минхаузеновиот сифром ? Знам дека е психолошко пореметување, кога поединецот ја преувеличува болеста на некој, со цел да добие пофалби откако му укажал помош.
 
Има на Интернет дека некои мајки си ги давале и повредувале децата, за потоа да бидат пофалени од сопругор како ги спасиле.
 
Синдромот Минхаузен е доведен под голем знак прашалник.
Погледај го случајот за Сали Кларк и размисли.
Еве ти линк http://www.sallyclark.org.uk/

Иначе Сали Кларк е обвинета дека си ги убила двете деца,но подоцна е докажано дека главниот сведок на обвинителството Сер Рој Медоу произволно си давал предпоставки.
Случајот со Сали Кларк е таканаречен Минхаузен синдром преку посредник.
 
Дали некој знае нешто повеќе за Минхаузеновиот сифром ? Знам дека е психолошко пореметување, кога поединецот ја преувеличува болеста на некој, со цел да добие пофалби откако му укажал помош.
Минхаузен синдром е кога човек глуми болест или намерно се разболува за да добие медицинска помош или внимание.
Минхаузен синдром преку посредник е кога човек повредува лице за кое се грижи за да добие внимание.
 
Подобpо pечено тој синдpoм може да се наpече и македонски синдpом... :)
 
Синдромот е наречен така поради баронот Минхаузен кој навистина постоел и е историска личност. Бил германски барон, вклучен во војската на Русите со кои војувал против Турците.
Познат е по тоа што си измислувал авантури и нешта што реално не се случиле, си припишувал подвизи кои никогаш не ги направил, хиперболизирал и си умислувал работи сакајќи да остави впечаток на голем херој.

Исто така, скаменет е фразеолошкиот израз за некој што многу лаже - лаже како Минхаузен.

Инаку луѓето кои го имаат овој синдром се склони кој преовеличување и лажење за својата болест (или пак си умислуваат дека се болни) за да добијат внимание и сожалување од останатите.
 
Изгледа нашиве политичари патат од Минхаузен синдром :D А за глумење или преувеличување болест, сите сме имале по некој дедо/баба по фамилија...
 
Минхаузеновиот синдром е најчест кај луѓето што глумат глувонеми. (Оние што одат по ресторани и хотели на свадби, крштевки). Со ливчето со текст „Јас сум глувонем ве молам имајте разбирање за мојата мака и ставете се вие на мое место“. И со тоа колку толку ќе заработат некоја пара на лесен начин. Во толку души нормално ќе има неколку што ќе му остават пари. Денес ќе одат во еден ресторан, утре во друг... Некои ги има од таквите и навистина што се глувонеми. Но тоа што ги спречува да работат?
Па ако се глувонеми не се сакати...Па како може други глувонеми луѓе да работаат, па зошто и тие да неможат?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom