Не се соменвам дека ја поттикнува креативноста... Ама што е финтата? Само тоа? Си правиш структури со коцки?
Епа зависи како гледаш. Други игри кои имаат “поента“ односно се синглплеер со приказни и филмски елементи и така натаму се забораваат после 15 дена одкога ќе ја свртиш. Или мултиплеерот здосадува после 50 партии. Кај оваа, освен што се продадоа 14 милиони копии само нa РС.. И после колку години (3 или повеќе?) не и згаснува популарноста. Не е само до коцки иначе, има многу начини на крафтање работи.. Пример од собрани дрва се прави печка.. Или се собира јаглен па ја палиш печката.. Па после топиш нешто на неа, не ми текнува. Или крафташ оружје, рачката му е од дрва, сечилото од собрано железо, па има скриени пештери нели со ретки материјали..Еве
ѕирни колку работи може да се крафтаат.. бескрајно. А кај description-от види каква е намената на искрафтаниот производ да видиш дека всушност играта е доста комплицирана

Да не збориме за што се може да се изгради.. Само да се уклучи она сетило за креативност и одат 3 саата на ден на играва. Можеби ќе кажеш играта е губење време, али ако се протумачи подобро уствари секоја игра е тотално губење на време, поентата е забава нели. А на Minecraft сум се забавувал повеќе од 80% од други РС наслови

Порано се сеќавам дека имаше еден нов сервер (survival mode беше, навечер искачаат тие лошите крипци, како и да се викаа), и на првите играчи меѓу кои бев и јас им беше даден бесплатен простор за градење на куќа... Чувството беше многу убаво со оглед на тоа дека имаше едно поголемо патче, и околу патчето сите играчи во исто време правеа свои куќи од темел за на крај истото да израсне во голема населба со „софистицирани“ куќи.. Тоа беше одамна, а сега поред толку модови играта е исполирана до максимум и изгледа ептен јако, башка и со кафе/цигарче и добра музика играва е must-have ...