Милан - Јувентус (недела 20:30)

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување

Типување

  • Милан

    Гласови: 66 52,4%
  • Јувентус

    Гласови: 42 33,3%
  • Нерешено

    Гласови: 18 14,3%

  • Вкупно гласачи
    126
Статус
Затворена за нови мислења.
Типував за Милан да победи, зошто моментално се во подобра форма а и на домашен терен играат. Но ова е дерби и ништо не се знае. Се надевам само на добра утакмица.

п.с. Ќе навивам за Милан
 
Пораз на Милан во никој случај, нејкам заверување на титула во Верона со Киево, на Меаца е она вистинското . :)

'' Шала '' на страна, супер серијата на Милан и очајната форма на Јуве се добар предуслов за супер фудбал и доста голови .

п.с. Да се навратам на почетокот од мојот пост, грТ избор мајку му, ако Милан победи ондак Раниери пакува куфери а тоа никому не му одговара ( освен на Јуве ), дури и на оние помали екипи во Италија ко Реџина, Лече ( ако опстнат ) :) . . . e*aго .

п.м.с. Рони ке игра, или останува фактот дека го земаа за шиткање дресови и сезонски билети ?!
 
п.с. Да се навратам на почетокот од мојот пост, грТ избор мајку му, ако Милан победи ондак Раниери пакува куфери а тоа никому не му одговара ( освен на Јуве ), дури и на оние помали екипи во Италија ко Реџина, Лече ( ако опстнат ) :)
Раниери секако пакува куфери, само евентуалниот пораз од Милан би значело веднаш да ги пакува..На крај на сезона секако си оди...Управата на Јуве веќе е во потрага на нов тренер.
 
Раниери секако пакува куфери, само поразот од Милан би значело веднаш да ги пакува..На крај на сезона секако си оди...Управата на Јуве веќе е во потрага на нов тренер.
Шознам, извадија некој 5 годишен план на површина, башка, ме интересира до кога има договор со Јуве, да не биде ко Хуанде Рамос со Тотенхем, Мурињо со Челзи па и Раниери со Валенсија . . . да му платат голема оштета за давањето отказно решение . :toe:
 
п.м.с. Рони ке игра, или останува фактот дека го земаа за шиткање дресови и сезонски билети ?!
Не е земен за шиткање дресови и сезонски билети, земен е да игра ама ништо не покажа во вториот дел од сезоната зошто да игра?
Треба да го испоти гзот ако сака да игра прв тим, освен добри топки што дава друго ништо не игра, Сидорф може не дава такви пасови ама барем трча цел натпревар :)
Според мене нема Рони да игра до крајот на сезоната прв состав...
 
Шознам, извадија некој 5 годишен план на површина, башка, ме интересира до кога има договор со Јуве, да не биде ко Хуанде Рамос со Тотенхем, Мурињо со Челзи па и Раниери со Валенсија . . . да му платат голема оштета за давањето отказно решение . :toe:
5годишниот план му беше само изговор за слабите резултати..Раниери секако ќе си оди, одбројани се неговите денови во Јувентус..А инаку, Раниери нема богат договор со Јувентус како Мурињо со Челзи, па и Манчини со Интер, и со негово евентуално отпуштање нема да се даваат баснословни плати се додека не најде нов тренер(платата нема да му биде голема).А медиумите веќе шпекулираат со тројна трампа на тренери...

Раниери = Рома
Спалети = Фиорентина
Прандели = Јувентус...

Останува да видиме...
 
Можеби Роналдињо ќе игра само последниот натпревар од оваа сезона во прв состав но ако не се наоѓа Милан тогаш на добро место на табелата значи нема да игра прв тим.Прво да осигураме 2-ро место па потоа.
 
Раниери = Рома
Спалети = Фиорентина
Прандели = Јувентус...

Останува да видиме...

Оф : Уште од старт е мрење шпекулацијата, фановите на Рома излегоа јавно да го искажат своето незадоволство од резултатите оваа сезона, и испишаа еден графит мислам пред главниот тренинг камп со четворките примени оваа сезона . . . . такво лузериште на клупа нема шанса да примат .
Па и Прандели, повторно се во ситуација да играат во ЛШ, не верувам дека Фиорентина лесно би се откажала од него, башка привзан е за клубот и фановите ( обострано ), беше и остана дел од Виола кога жена му почина минатата сезона . . . туку така да си замине по уште еден пласман во ЛШ тешко .
 
Јуве се во бедна форма но тоа не треба да значи дека милан сигурно ке тепа,ипак станува збор за едно од најголемите дербиња во европскиот фудбал.

Ја типував нерешено дека најдобар резултат е тоа за Интер :)
 
Оф : Уште од старт е мрење шпекулацијата, фановите на Рома излегоа јавно да го искажат своето незадоволство од резултатите оваа сезона, и испишаа еден графит мислам пред главниот тренинг камп со четворките примени оваа сезона . . . . такво лузериште на клупа нема шанса да примат .
Па и Прандели, повторно се во ситуација да играат во ЛШ, не верувам дека Фиорентина лесно би се откажала од него, башка привзан е за клубот и фановите ( обострано ), беше и остана дел од Виола кога жена му почина минатата сезона . . . туку така да си замине по уште еден пласман во ЛШ тешко .
Вистина да дека е шпекулација, и дека Јуве нема превземено (барем јавно) никаков чекор на доближување кон тренерот на Фиорентина..

Но Фабио Кареза водителот на Скај Спорт, кој важи за еден од најинформираните луѓе во Калчото, исто така е човек кој има врски и контакти во цело Калчо, јавно на емисија рече дека новиот тренер на Јувентус е Чезаре Прандели, плус 6 години ги има поминато во Јувентус, така да не ми е ништо чудно да го видам на тренерската клупа на Јуве...Е сега, дека е тешко да го доведат во Јуве тешко е, Фиорентина е жилава екипа, и екстремно тешко е да се убеди да се откаже од Чезаре Прандели...Па останува да видиме...
 
Абе ќе беше фино за Милан да се играше пред едно коло утакмицава, сега во Јуве ситуацијата е таква да победа им треба повеќе од се.
Оној Раниери ако не донесе победа ќе си иде и ради тоа очекувам да гризе Јувентус цела утакмица.
Ќелини се враќа тоа исто така лошо а уште полошо е што Мелберг не игра. Од него поќар си ако игра(како што играше последниве неколку кола)него да го нема.
За Милан не зборам, играат во неверојатна форма оваа полусезона се како машина (штета шо им е касно).Очекувам да одиграат добро и без многу излети.


И на крај краева секој навивач на Јуве сака да си оди Раниери.....зашто да не се деси тоа понеделник сабајле брајча. Сите за Милан треба да сте потајно а и јавно богами!!!! :)

ЈуБе ЈуБе к*р да дуваш, вратете се у втора лига педери местачи к*р да јадете!!!!

(колку да не е без ич) :)))


абе мисир еден одма мора да провоцираш.али не нема банови за вас,само за тие за Јуве шо се.:tapp::tapp::tapp::tapp:
 
абе мисир еден одма мора да провоцираш.али не нема банови за вас,само за тие за Јуве шо се.:tapp::tapp::tapp::tapp:

Читај целосно што пиша бе. Тоа е шала. Аман бе....
 
абе не знам јас тоа дали е шала или не.ете доказ дека никад ние не пишуваме први з апровокација.
 
абе не знам јас тоа дали е шала или не.ете доказ дека никад ние не пишуваме први з апровокација.

Поминаа доста членови после тебе кои навиваат за Јуве али ништо не искоментираа.

Затоа без провокации и конструктивни разговори во продолжение.
 
абе мисир еден одма мора да провоцираш.али не нема банови за вас,само за тие за Јуве шо се.:tapp::tapp::tapp::tapp:
A имаш некој аргумент за ова или онака, под дифолт вие сте жртвите овде на форумов .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom