Sephiroth
One-winged angel
- Член од
- 28 април 2006
- Мислења
- 4.034
- Поени од реакции
- 130
- Возраст
- 39
Microsoft Intellimouse Explorer 3.0
Денеска си купив ново глувче, па да споделам импресии. Microsoft Intellimouse Explorer 3.0 е едно од најдобрите глувчиња што мајкрософт ги има произведено, се користи претежно од страна на профи гејмери, заради огромната прецизност на оптичкиот сензор што го има и многубројните додатни функции. Еве го:

Како што гледате на сликата, дизајнот на глувчето е одличен, комбинација од црна и темносива боја. Има 5 копчиња, гума на десната страна за да не се лизга од рака и светлечко лого од горната страна. Од долната страна има оптички сензор, ознаки од производителот и тефлонски ноџиња (кои што мојот алуминиумски мауспад многу ги сака).


Она што го прави глувчево посебно, освен неговата оптика, е софтверот што иде во пакетот. Се работи за Microsoft Intellipoint 6.2 (со поддршка за Виста 32/64), со кој што квалитетот на ова глувче навистина доаѓа до израз.
Сите копчиња се програмибилни со помош на Intellipoint 6.2, по дифолт се лев клик, тркалце, десен клик, среден клик(клик на тркалцето) и странични копчиња за Back и Forward. Со помош на софтверот можат да се програмираат разноразни комбинации ко може да му се доделат на било кое копче и тоа:
-Instant Viewer – замена за alt+tab (мене ми стои на клик на тркалце) при што сите отворени прозорци се аранжираат на екранот за да си изберете еден, слично како кај Мекинтош.
-Macros – можете да снимите макро составено од максимум 64 копчиња (дозволени се и временски паузи во макрото) и да го ставите на било кое од копчињата.
-Gaming Toggle – нешто слично на макро системот со тоа што доделувате gaming toggle на едно копче и кога ке го држите 1-2 секунди влагает во recording mode каде што можете да притиснете секвенца од копчиња да се снимат. Потоа ја повикувате таа секвенца со едноставно кратко кликање на истото копче. Пример: Другарите ве тераат да играте кантер, а немате подготвено макроа во макро едиторот, НА СРЕД ИГРА стискате game toggle и снимате секвенца од копчиња, еве B-6-4-B-запирка, ваљда вака беше за купување митраљез + муниција на кантер, не сум играл одааамна, и веќе можете да ја користите секвенцата со кликање на копчето. МНОГУ КОРИСНО!
-Precision Booster – ова е НЕНОРМАЛНО откачена функција на глувчето! Што се случува? Го ставете Precision Boosterot на некое копче, и кога ке го кликнете/држите тоа копче (има опции за hold и toggle), маусот влага во таканаречен Precision мод во кој сензитивноста на глувчето паѓа за 10-90% во зависност од колку ке наместите. Ситуација: Играте Call of Duty и од многу далеку забележувате некој како невино си трчкара по полето, но е предалеку да го стокмите со обична пушка. Палите Precision мод и глувчето драстично се успорува, со што ви дава можност прецизно да нанишаните и да му ја прснете главата на противникот! Добредојдено во секоја ФПС игра.
-Освен овие, можете на копчињата да ставите секакви комбинации од типот ctrl+C/V(копи/пејст), alt+shift(кирилица), ctrl+z(ундо), ctrl+alt+del(рестарт), или пак ако нема некоја комбинација, можете да ја додадете самите со помош на макро едиторот. Добар ден фотошопери, како сте!
-И за крај, можете да наместите на копчињата да се палат програми со кликање.
Глувчето одлично лежи во рака, иако пред него користев Logitech MX500 и сум навикнат на јајцевидна форма со вдлабнатини за прстите, сепак и Intellimouse-от е ергономски направен и после одредено привикнување (5 години со Логитекот не се малце) ке го работам како што треба. Топло го препорачувам на сите што сакаат да си купат добро и квалитетно глувче, било да се хардкор гејмери или нормални корисници. Ова ке биде моето глувче во наредните 4-5 години (да напоменам дека Логитекот не рикна, туку му ја укинаа поддршката за Виста, иначе си работи исто ко на денот кога го добив, а верувам и дека и Интелимаусов ке истрпи толку долго).
Го платив 1650 денари сосе ддв од Логин системи, што е премногу малце за глувче кое ке го користите најмалку 5 години и што нуди ептен професионални функции, така да купувајте дур не снемало!
Ајт со здравје, идам јас да ја барам CoD4 од локалниот пират за да го тестирам глувчево потемелно.