Јас имам Redmi 4 Prime скоро месец дена и сум презадоволен од телефонот во секој аспект, ако го напоменам моментот дека камерата не ми е толку важна и е единствената работа на телефончето која не импресионира, но и не е толку лоша во дневни услови, колку што е лоша навечер. Но тоа е веројатно маана на повеќето кинески телефони од буџет сегментот, како што е Redmi 4 Prime. Пред овој имав Redmi 3 Note, но не про верзијата, туку со МТК процесор. Го земав тогаш од незнаење дека за малку повеќе пари, добивам многу повеќе од телефонот. Се мислев, пред да го купам Redmi 4 Prime, дали да одам со Redmi Pro или Redmi 4 Note, но веќе имав непријатни искуства со Redmi Note 3 и неговите 5.5 инчи кои трипати ми излизгаа низ прсти, двапати фатално по екранот и третиот пат по самиот телефон - отиде во шоља[emoji3] И не се уклучи веќе.
Инаку посебно на R4P сум задоволен од батеријата која без гајле, со максимално користење па и гејмање секојдневно, трпи најмалку два дена. Има прекрасен дизајн, малку ми е нагрден со силиконска маска но морам со оглед на мојата лоша историја со телефони, сега засега нема стакло која убаво ќе налегне на 2.5 D екранот, не сецка, брз е. Освен камерата, од се друго сум повеќе од задоволен, посебно за тие пари.
Sent from my Redmi 4 Prime