Mi (Xiaomi) телефони и техничка поддршка !

  • Креатор на темата Креатор на темата the_maker
  • Време на започнување Време на започнување
На овие дали има некаква гаранција, или исто како да сум ги нарачал од алиекспрес, дури работи, работи, кога не работи вканта?
Една година гаранција со сопствен сервис и оригинални резервни делови.

Јас инаку го чекам Ред Ми Ноут 3, со 3 гигабајти РАМ. За тие пари добиваш бомба телефон.
 
колкава е разликата во перфоманси меѓу редми ноте 3 и ноте 3 про?
 
Не фрлам толку пари за телефони, менувам прилично често, но строго до кај 8000 денари најмногу, плус не користам нешто премногу перформанси на него, повеќе ми треба зборување, интернет за мејлови, гпс и чат пат камера, плус батеријата барем еден ден да издржи на 150тина повици дневно. Имам 4 смартфони сменето, но игра сеуште не сум инсталирал, така да не ми менува многу во животот колку има рам и процесор, за овие потреби и овие од 100 евра ми бркаат работа :)
Гледав и по алиекспрес, али не ги разбирам кинезите кои се колку толку квалитетни.
 
НОВИОТ КРАЛ ПРИСТИГНА!
СПЕЦИЈАЛНА ПРЕД-НАРАЧКА за новите Mi 5 модели.

fb2.png

Mi 5 - 3/32 GB (Бел)
Стакло-Метал-Стакло тело
5.15'’ IPS Екран - FHD Display / 16 LED технологија
Snapdragon 820 / 64-bit Quad-core 1.8 Ghz / Adreno 530
3 GB RAM LPDDR4 / 32 GB меморија UFS 2.0
16 MP Zero Shutter Lag (Phase Detection) / 4-axis OIS
Android 6.0 / MIUI 7.2
Dual 4G hybrid SIM (micro / nano - sd card)
USB Type-C
тежина од само 129 гр.
Цена: 27.900 ден.

ЛИНК: http://hi.com.mk/index.php?route=product/product&path=195&product_id=329


Mi 5 Prime - 3/64 GB (Бел)
Стакло-Метал-Стакло тело
5.15'’ IPS Екран - FHD Display / 16 LED технологија
Snapdragon 820 / 64-bit Quad-core 2.15 Ghz / Adreno 530
3 GB RAM LPDDR4 / 64 GB меморија UFS 2.0
16 MP Zero Shutter Lag (Phase Detection) / 4-axis OIS
Android 6.0 / MIUI 7.2
Dual 4G hybrid SIM (micro / nano - sd card)
USB Type-C
тежина од само 129 гр.
Цена: 29.900 ден.

ЛИНК: http://hi.com.mk/index.php?route=product/product&path=195&product_id=330
 
Си земав Редми Ноте 3, обичниот, со 2 гига РАМ. Одлуката падна поради металното куќиште и батеријата со поголем капацитет. Визуелно, остава впечаток на солиден, можам и да кажам натпросечно квалитетно изработен телефон ( мене искрено поубаво и поквалитетно ми делува од сите самсунзи од high mid range- от ), удобен е за ракување, иако мислев дека 5 ипол инчи се премногу за мене. Екранот е одличен, со добра острина, на дневна светлина дури и со половично осветлување ќе се снајдете .Му стаив одма заштитно стакло, багатела ме фати преку едно другарче, поефтино и од фолија. Она што ме импресионира е батеријата, ова ми е прв андроид кој ми издржува буквално 2 дена без да го стаам на пунач иако сум свесен дека со текот на времето капацитетот ќе почне да попушта. Обавезно вифи по дома цело време, сурфање по саат ипол - два минимум, пола саат - саат гејминг - до сега сите игри глатко ги тера, освен можеби Real Racing 3 каде се забележува минимално штуцкање, пуштен мобилен интернет околу саат време во текот на денот, десетина фотки дневно - иако ова може и не троши толку многу батерија, саат - саат ипол разговори, чепкање уредување на телефончето пола саат - саат. Дека ми е нов го чепкам и повеќе од што обично трошам време на мобилен. Флуиден, брз, до сега еднаш има укочено на отварање апликација, ама приметив дека тоа е поврзано со тоа што во моментот дома ми беше паднат интернетот. MIUI плени, има буквално миљон теми, која од која подобра и све може да се кастомизира по желба. Звукот е ок, т.е. мене ми е супер, камерата е задоволителна, поточно е потпросечна али камерата и ми беше најмалку битна.

Му за заблагодарувам на @the_maker за цел напор кој го направи за да ми излезе во пресрет, иако на крај не бев во можност да се договорам со него, т.е. други фактори мене не ми излегоа во пресрет:)

Сакам да прашам, како оди рутирањето и дали со рутинг се губи гаранцијата.[DOUBLEPOST=1458110145][/DOUBLEPOST]
колкава е разликата во перфоманси меѓу редми ноте 3 и ноте 3 про?
При секојдневно користење веројатно нема да осетиш никаква разлика, освен ако праиш Антуту бенчмарк, каде ПРО- то има некои 3 000 поени повеќе макс, што и не е некоја премногу значајна разлика. Е сеа камерата мислам дека е со подобра пикселажа, капацитетот е 32 гига, и мислам дека и процесорот е различен. Али, воглавно, немаш некоја драматична разлика која ќе ја приметиш во користењето.
 
Последно уредено:
Си земав Редми Ноте 3, обичниот, со 2 гига РАМ. Одлуката падна поради металното куќиште и батеријата со поголем капацитет. Визуелно, остава впечаток на солиден, можам и да кажам натпросечно квалитетно изработен телефон ( мене искрено поубаво и поквалитетно ми делува од сите самсунзи од high mid range- от ), удобен е за ракување, иако мислев дека 5 ипол инчи се премногу за мене. Екранот е одличен, со добра острина, на дневна светлина дури и со половично осветлување ќе се снајдете .Му стаив одма заштитно стакло, багатела ме фати преку едно другарче, поефтино и од фолија. Она што ме импресионира е батеријата, ова ми е прв андроид кој ми издржува буквално 2 дена без да го стаам на пунач иако сум свесен дека со текот на времето капацитетот ќе почне да попушта. Обавезно вифи по дома цело време, сурфање по саат ипол - два минимум, пола саат - саат гејминг - до сега сите игри глатко ги тера, освен можеби Real Racing 3 каде се забележува минимално штуцкање, пуштен интернет околу саат време во текот на денот, десетина фотки дневно - иако ова може и не троши толку многу батерија, саат - саат ипол разговори, чепкање уредување на телефончето пола саат - саат. Дека ми е нов го чепкам и повеќе од што обично трошам време на мобилен. Флуиден, брз, до сега еднаш има укочено на отварање апликација, ама приметив дека тоа е поврзано со тоа што во моментот дома ми беше паднат интернетот. MIUI плени, има буквално миљон теми, која од која подобра и све може да се кастомизира по желба. Звукот е ок, т.е. мене ми е супер, камерата е задолителна, поточно е потпросечна али камерата и ми беше најмалку битна.

Му за заблагодарувам на @the_maker за цел напор кој го направи за да ми излезе во пресрет, иако на крај не бев во можност да се договорам со него, т.е. други фактори мене не ми излегоа во пресрет:)

Сакам да прашам, како оди рутирањето и дали со рутинг се губи гаранцијата.
Супер инфо, со здравје да си го користиш :)

Ќе ти пишам покасно за рутот.

Sent from my MI NOTE Pro using Tapatalk
 
@the_maker - Редми Ноте 3 што е со 2 гб РАМ Медиатек, гледам има доста жалби во врска со тоа дека телефонот ненормално загрева при користење. Имаш ли некое инфо за ова ?

И мислење за камерата пошто гледам пишале дека била подпросечна ?
 
@the_maker - Редми Ноте 3 што е со 2 гб РАМ Медиатек, гледам има доста жалби во врска со тоа дека телефонот ненормално загрева при користење. Имаш ли некое инфо за ова ?

И мислење за камерата пошто гледам пишале дека била подпросечна ?


Како се покажа Редми Ноте 2 ?

Таман се и двата, со х10 процесорот сега е све одлично оптимизирано. Последниот билд 6.4.7. има нешто мака околу некои процеси што трошат батерија, но со утрешниот апдејт ќе се среди. Тие што се на стабилна 7.1.3.0 верзија немаат проблем со ништо, работи супер телефонот (телефоните). Камерата е екстра за таа ценовна класа, чисто поради фактот што има помала леќа и ноќно време мораш да ја зголемиш блендата рачно за да извадиш одлична слика. Тоа е кај 99% од телефоните, така да не е маана, туку недостаток на толкава мала камера како што се става на мобилни..
 
Сакам да купам редми 3 про, не сум некој гејмер и не ме интересираат толку многу перформансите, претежно го користам за сурфање, се одлучив на овој модел поради добрата батерија, па моето прашање е, дали можам да го купам во гостивар, дали имаат продавница, и ако не, каде им е продавницата во скопје.
Од кинескиве телефони немам добри искуства, но оваа марка гледам мн ја фалат, па да ја пробаме. :)
 
@the_maker која продавница е твоја ? дали е она што се рекламира во веб страната кај италианска амбасада.
Крајно сум револтиран од непрофесионалноста на администраторот кој ја менаџира страната и фан пејџот на фб.
Пред два дена прашувам на фб кога работат за да одам да земам телефон, викат среда, ок, одам денеска пред италианска амбасада, звонам на телефонот што е ставен на страната, не се јавува никој, свртев 5 кругчиња и не гледам ни раклама ни постер од ХИ, свртев уште 5 анализираќи секоја врата и прозор во околинава за крајно да забележам "Едно звонче" со логото ХИ, замисли едиственото нешто што укажува на продавницата или канцеларијата беше звонче со лого ХИ, бравос, секоја чест, имате петка за рекламирање на фирма, се качувам горе и прашувам, вика немаме на залиха НИШТО, МОЛАМ, станав од гостивар, одам до скопје да купам телефон за крајно да ми кажат дека следна тура ке им дошла дури наредната недела, најверојатно петок, ок реков, од мене добија само едно пријатно.
Нели ке беше полесно да ми кажаа на ФБ кога ги прашав за тоа кај се наоѓаат, да ми кажат дека немат ништо на залиха, или па на страната да мавнат на секој телефон дека немат на лагер.
Телефоните можда ви се петка ама услугата ви е нулааа. Чаооо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom