Места за шатор во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата krste777
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 мај 2016
Мислења
71
Поени од реакции
42
Возраст
36
Ме интересира ваше искуство со кампинг во Македонија.

Значи зборуваме за одење негде со шатор надвор од населено место.
Места како кампот Крани не ме интересираат бидејќи има хотелче, куќарки во самото кампинг место. Место како Градиште исто така не би ме интересирало...

Значи за поставување шатор можеш и дома во дворот да го поставиш, но кое било вашето искуство надвор од населено место.

Едно од подобрите мои искуства било на бегово поле.

Фино би било освен локацијата да споделите и позитивни/негативни страни на местото.
Како на пример глетка, дали има вода во близина, дали има дрвца за да може лесно да се направи добар оган итн.
 
Бабуна во близина на Велес.
Можеш на Пешти, прекрасно е, еве ти слика
klisura.jpg

Успат додека дојдеш до Пешти ќе најдеш уште еден куп убави местенца на кои можеш да поставиш шатор.

Небитен оф топик - гуглам Бабуна Велес-слики и ми отвара нововерци како се крштеваат на Бабуна @Agda Beata :pos:
 
Кампинг - дали мислиш само за викенд или одмор 7-10 дена.
Кадина река-викенд во близина на Скопје, мора да пробаш.(треба се да си понесеш,таму освен ладна вода,сенки,природа и риба нема друго.)
Смрдлива вода-Кожув планина-викенд 2-3 дена.(летно време има продавница и фурна, ако си со друштво и 10 дена убаво ќе ти поминат.
Турнеја -источна Македонија,секаде по 2-3 дена, Пљачковица,Пониква,Малеш,Беласица, односно пат за Радовиш-Кочани-Берово-Струмица, се симнуваш во Дојран на уште 2-3 дена, Пробај ја оваа тура нема да зажалиш.
 
Цела Македонија ти е планини ридишта шуми, оди каде и да е по патот, скршни по некој селски пат, пак скршни по некое козјо патче и после 100м. ако гледаш се околу себе само дрвја, таму.
 
Точно е тоа, можеш да поставиш шатор кај ти душа сака.

Но некои места оставаат повеќе впечаток и има што да се искуси.

Можеш и на водно да поставиш шатор но е мн разчично искуството од кон караџица...

Идеата ми беше за споделување на такви несекојдневни местенца.
 
шо се 20 евра за најниско задолжена земја во европа плус лидер во инвестиции, вработеност, БДП, ПСМ...
Па нели така нешто даваа летоска дневно за шатор[emoji6]
 
пред собрание, ем кампуваш ем среде град си со сите погодности ем на ТВ ќ те видат твоите
Постов ти е на место, исто како и твојата фаца...
 
Идеата да се избега негде на страна на ден два беше баш бегање од вакви ствари...

Има толку мн теми отворени каде што се дискутира за политика, и каде може секој да го даде своето мислење и став. Па се надева дека дискусијата од тој дел ќе ја завршиме тука и ќе продолжиме со дискусија за убави места за кампување. Доколку сакате да дискутирате на тема кампување пред влада/парламент и слично можи да се отвори како нова тема.

Благодарам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom