Меркел: Ако пропадне еврото, ќе пропадне и Европската Унија

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.187
Поени од реакции
1.358
Меркел: Ако пропадне еврото, ќе пропадне и Европската Унија

14.05.2010 10:05
evro.jpg

„Ако пропадне еврото, не пропаѓаат само пари, туку и Европа, и идејата за Европска Унија“, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел на доделувањето на наградата Карло Велики на полскиот Премиер Доналд Туск.
Таа ги повика европските држави да се борат за стабилност на еврото и наведе дека владите-членки на еврозоната го ветиле тоа и сега треба да го исполнат ветувањето.
Според Туск, финансиската криза е и „можност за јакнење и понатамошен развој на Европа“. И Меркел и Туск изразија оптимизам дека Европа ќе може да ја надмине финансиската криза.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123123
 
Нормално,пропаѓа цел монетарен систем.
Сега Меркел си вика,кај западнавме ние Германците со таков монетарен систем во ова дувло :)
 
Не е толкова страшно и ако европо пропадне.
Зер винаги го е имало еврото? Што правеха сите држави во ЕУ преди еврото?
Докажано е дека ЕУ може да го има и без еврото...Да лошо е да не може да се удржи еврото,но не е и катастрофа ако просто државите се вратат ком старите си валути.
 
Исто така ако пиеш многу навечер отсабајле ќе бидеш мамурен. Што ти е поентата со ова што си го напишал? Освен очигледно шпекулација дека ќе пропадне еврото , што Меркел сигурно го кажала во некој сосема друг контекст. Муабетов ти е, не велам дека мајка ти е курва, ама велам дека спие со луѓе за пари. Бре од евроскептици не може човек глава да крене на овој форум.
 
Нема да пропадне сега. Се чека прво Македонија да влезе во ЕУ.

:nenene:
 
Ништо не му е на еврото,само шпекулациите се премногу јаки во моментов.И вакви изјави (се надевам е извадена од контекс) им одат во прилог,бидејќи меѓу редови се чита паника и каење на Германија.А Германија е земјата со најцврст монетарен систем во целото човеково постоење.(ако некој го интересира,Македонија им го копираше:))
 
Ако ја пребродат оваа криза во која се наоѓаат моментално без жртви, Еврото ќе летне толку нагоре што потоа ќе си имаат проблем од многу јака валута. :)
 
Не џабе Британија неќе да чуе за еврото......

Не за тоа што ти си мислиш, сепак.

--- надополнето ---

Ако ја пребродат оваа криза во која се наоѓаат моментално без жртви, Еврото ќе летне толку нагоре што потоа ќе си имаат проблем од многу јака валута. :)

На една валута не и треба да е силна, а да е стабилна.
 
Eве какво вика тетка Меркел: Затегнуваме каиша и во Германиja.
До 2015 мора сека година Германиja да пести 10 милиарда евро.
 
Бре од евроскептици не може човек глава да крене на овој форум.
Скептик, се додека се тие скептици кон Македонија како Македонија, а не како северна или мултинационална или земја за поткусурување и како што беа скептици кон екс-Југославија па мораа да ја расцепкаат. Се до тогаш.
 
Ако има некоја интеграцијата која се клати на првата криза тогаш нешто таму е труло и тоа поповеќе.Што е тоа таму труло е тема за докторат и е многу интересно и има огромен број на фактори кои влијаат за да се направи вистинска сеопфатна анализа на ЕУ.Затоа нека му ја мислат еврофилите ама ако не најадат што е тоа труло за брзовреме,цела таа идеја од Шуман ќе остане само идеја.
 
Проблемот е тоа што европејците прескокнаа еден чекор од интеграцијата. Наместо прво да одат кон формирање на економска унија, воведување на заедничка фискална политика, отидоа директно на монетарната унија, со воведување на заедничка парична единица и заедничка монетарна политика. Иако поставени се некои основи за економска унија, со критериумите од Мастрихт според кои земјите членки треба да го одржуваат буџетскиот дефицит до 3% од БДП, а јавниот долг до 60% од БДП, сепак овие критериуми не се почитуваа од некои земји, а најлошото е што на тие земји им се прогледуваше низ прсти. Тие земји како што се Грција, Шпанија, Португалија... поради единствената монетарна политика спроведувана од Европската централна банка, не можеа да си ги финансираат претераните буџетски расходи со емисија на пари како што си правеа пред монетарната унија, па мораа да се задолжуваат. И сега за да се спаси еврото ќе мора овие земји да се кредитираат со нова емисија (што ќе биде отстапување од цврстата монетарна политика која ЕЦБ до сега ја спороведуваше по пример на Bundesbank), што нормално ќе доведе до инфлација во евро-зоната и депрецијација на еврото. Но еврото мора да се спаси, по која и да е цена, бидејќи ако пропадне монетарната унија, ќе пропадне и идејата за политичка унија, која е главна цел уште од самиот почеток на европската интеграција. Така да точно е дека доколку пропадне еврото, ќе пропадне се она што се градеше во изминатите 50 години.
 
Се виде дека ЕУ не ја бидува. Нечесните и паразитски членки како Грција, ја поткопаа ЕУ и со вакво темпо ако продолжи финансиската криза, ЕУ може да се разформира целосно. Или ќе се исклучат проблематичните земји како Грција од еврозоната и по потреба од ЕУ или пак ќе ја снема цела ЕУ.

Во Грција нема економски двигател кој би ја подобрил финансиската ситуација. Грција нема производство на добра,кои би ги извезувала. Дури и туризмот им пропадна со развојот на јадранскиот брег на ЦГ и ХР, бидејќи најголемиот број туристи им доаѓаа од централна Европа (Австрија, Германија, Холандија, Чешка, Словачка), а сега повеќето одат во ХР или ЦГ, каде морето е дури поубаво и услугите се на европско ниво.
 
Европа како идеја, првичната, каде се почитуваат различностите итн итн ... е супер ...
проблемот е шо погрешни луѓе ја водат ..
треба да се смени раководството да застане на правиот пат ..
ако се распадне шо не е чудно бетер ќе биде ситуацијата од денес .. јас би рекол и 3та светска не би било ништо чудно да се деси ..
затоа шо ќе се нема цел ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom