D
Daedalus
Гостин
Веќе беше отворена ваква тема и на истата почнаа непотребни расправии и тролање.
Типот којшто ја отвори темата имаше мисконцепција за тоа што е ментализам, така што решив да го „претставам“ ментализмот во подобро светло.
Ментализмот како сегмент од магионичарството е уметност на изведување и услужна дејност воедно. Менталистот, остава илузија на високо развиени психички и интуитивни способности.
Ова вклучува презентирање на телепатија, способност за предвидување, телекинетички способности, контактирање со мртвите, контрола на умот и ред други натприродни способности. Исто така одредени ствари како што се огромна меморија и способност за брзо калкулирање, делумно ја даваат илузијата на „суперчовечки“ способности и се дел од реперторарот на менталистите.
Иако не постои никаква евиденција за било какви натприродни способности кои менталистот ги поседува, одредена група на менталисти тврдат дека поседуваат такви способности (Ури Гелер), додека поголемиот дел од нив тврдат дека нивниот акт е резултат на трикови, сугестија, презентација и глума.
Магионичарот Џејмс Ранди нуди парична вредност од 1 000 000 долари за личноста која ќе успее да докаже било какви натприродни способности во контролирани услови. Со оглед на тоа дека никој не ја добил наградата до сега и со оглед на тоа дека врвни менталисти како Дерен Браун можат да реплицираат било каков натприроден ефект со помош на трикови и сугестија, безбедно е да се заклучи дека шансата за постоење на натприродни способности е скоро непостоечка.
Додека некои од менталистите тврдат дека користат хипноза и НЛП за постигнување на нивните ефекти, досегашните истражувања покажуваат дека не постои „хипноза“ која предизвикува „транс“ како состојба, но луѓето коишто веруваат во способностите на хипнотизерот се посугестибилни на неговите упатства. Исто така, НЛП (Невро-Лингивстичко Прогамирање) е квази наука, затоа што креаторите (Гриндер и Бандлер) на НЛП немаат никаков теоретски модел позади принципите на НЛП ниту пак студии коишто се реплицирани доволно број пати за НЛП да стане сериозен теоретски модел. Говорот на телото, кондиционирањето и плацебо ефектот играат огромна улога при користењето на НЛП техниките, но самата премиса на која се базира НЛП е погрешна.
Додека постои дебата во рамките на ментализмот, дали истиот е подгрупа на магионичарството или е посебна уметност, одредени менталисти прават ефекти кои се поврзани со класичното магионичарство и многу магионичари внесуваат одредена „доза“ на ментализам во нивните трикови.
Помеѓу попроминентните изведувачи на оваа уметност низ историјата и до денес се: Ричард Остерлинд, Макс Мејвен, Баначек, Дерен Браун, Ал Коран, Коринда, Дејвид Берглас, Боб Касиди, Ричард Вебстер и ред други.
Во Македонија, иако професијава е понова, Гандини и Гого започнуваат со илузионизмот и ментализмот во 2008 година, заедно со Дудо и Далтон, воедно основајќи ја Новата Македонска Асоцијација на Магионичари.
Историски, постојат дебати за тоа кога ментализмот како таков станува актуелен, со оглед на тоа дека луѓе со „натприродни“ способности постојат во различни периоди од историјата и многу од принципите кои се користат во ментализмот се стари.
Се надевам дека дискусијава ќе биде посериозна и нема да има тролање и мисконцепции за тоа што е и што не е ментализмот.
Прашања од било каков карактер се добредојдени.

Последно уредено од модератор: