Мексико ал Арабија.

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Нелегален бакнеж

Сите оние вљубени парови кои ќе бидат фатени на дело како страсно се бакнуваат во јавност, ќе бидат казнети со тридневен затвор, гласи наредбата на градските власти... во Мексико!

Конзервативниот градоначалник на Гванхуато вели дека повод за ваквата строгост е неговата мисија за подобрување на етичките вредности и учтивоста на жителите на градот.

Забраната нема да важи за обичниот бакнеж и прегратки, но двојките кои ќе бидат фатени во акт на, како што вели тој, “олимписко борење” или ќе бидат парично казнети или ќе мора да одлежат затвор во траење од максимум три дена.

Според ставовите на градоначалникот, страсното и долготрајно бакнување пред очите на јавноста е срам и лош пример за учениците. На мета на градските власти на Гванхуато се најде и пцуењето во јавност, како и питачите и уличните продавачи.

Советниците од опозицијата не се согласуваат со ваквиот начин на превоспитување на градот, опишувајќи ги новите правила како враќање на Шпанската инквизиција.

Извор


Шпанска инквизиција или шеријат ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom