Мејси или Вашингтон ?

  • Креатор на темата Креатор на темата the Consigliere
  • Време на започнување Време на започнување

Кого би требал да избере селекторот Арсиќ ?

  • Џеремаја Мејси

    Гласови: 54 83,1%
  • Дариус Вашингтон

    Гласови: 11 16,9%

  • Вкупно гласачи
    65
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Насловот е јасен, а пошо по другите теми често се провлекуваше дискусијата ќе ве замолам тука да се префрлите ради прегледност.

Мејси, крилен центар кој е доминантен под кош и со чија помош стигнавме на ЕП . Релативно слаба сезона и без тренинг месец дена , но со последните игри покажува дека заслужува да биде викнат .

Вашингтон ...По повредата и отказот на Илиевски се отвори место за уште еден плејмејкер и носител на играта . Се покажа како одличен шутер,дриблер,организатор на неколку утакмици и сигурно е дека таков играч ни е многу потребен, посебно со оглед на фактот дека Стефанов е во години и лесно може да дојде некоја повреда .


Ја би идел на Мејси пошо сме потенки под кош а таму е поголемата борба .
 
Според игрите кои ги имам гледано, поготово оваа денес со Хрватска - Мејси.
Ама селекторот сигурно знае подобро од нас, така да, кој и да избере ќе биде правилен избор. И двајцата се добри играчи. Не разбирам иначе, не смее двајца пошто се натурализирани Македонци?
 
На почетокот од подготовките, мислев дека вашигтон е подобар избор, ама на последниве се покажа дека Мејси е спремен и може да пручи добри игри како порано.
А со оглед дека под кош ни треба некој поавторитетен и поснажен Мејси штом се врака во фомра мислам дека е подобар избор

оф топик.. а како уствари се познава дека си натурализиран?..знам дека овие од авион се гледа дека се црнци..ама што значи дека си натурализиран.?? КОга земаш друго државјанство таму стои ..примарно секундарно? што е разликата од некој штп се родил во Македонија и некој што после тоа сме му дале државјанство има некоја посебна графа?:)
 
Не разбирам иначе, не смее двајца пошто се натурализирани Македонци?

Да, Русија пред 2 години можеше да бира меѓу ЏР Холден и Маркус Браун, и го избраа првиот кој им донесе титула на крајот .

оф топик.. а како уствари се познава дека си натурализиран?..знам дека овие од авион се гледа дека се црнци..ама што значи дека си натурализиран.?? КОга земаш друго државјанство таму стои ..примарно секундарно? што е разликата од некој штп се родил во Македонија и некој што после тоа сме му дале државјанство има некоја посебна графа?:)

Па овие се сеа фактички бипатриди т.е. имаат двојно државјанство . Тоа е разликата, и сеа пошто играле за нас немаат можност да играат за матичните им САД .
 
Според игрите кои ги имам гледано, поготово оваа денес со Хрватска - Мејси.
Ама селекторот сигурно знае подобро од нас, така да, кој и да избере ќе биде правилен избор. И двајцата се добри играчи. Не разбирам иначе, не смее двајца пошто се натурализирани Македонци?

Несмее двајца натурализирани во репрезентација на официјални натпревари. На пријателски да.

Реално, ситуацијата е едноставна. Вашингтон е плеј, и беше земен во репреентација само да го пополни местото на Владо Илиевски, кој правеше операција, за подготовките. Но, за (не)среќа на селекторот, Дариус супер се вклопи во тимот и покажа добар перформанс.

Сепак, Гечевски, Самарџиски и Антиќ се прелесен залак на центарските позиции...посебно Самарџиски, кој остана само „еден голем талент“. Прави многу лични, и иако има добар физикус многу лесно влегува во дуели, а кога ке загуби дуел веднаш му судат лична. Во напад има катастрофален шут. А недај боже некој од овие 3ца се повредат, тогаш отиде во неповрат првенството.
А не сум сигурен дотолку поминеме во наредната фаза дали ке можат споменатите „центри“ да го издржат темпото и натпреварите.
Значи ова во ситуација да е земен Вашингтон.

Мејси...иако лошо ги почна подготовките, а тоа пред се мислам дека е поради малтретирањето од Реал Мадрид каде што играше, бидејќи многу рано беше исфрлен од тимот па тешко е без сериозен тренинг да играш потоа мечеви. Но, сега се враќа во форма, го покажа тоа на последните натпревари.
Вчера со Германија 22поени, лидер. Денеска со Хрватска не беше лош, во клучните моменти кога Хрватите правеа поголема предност тука беше Мејси да погоди. Видовме дека знае како да излезе и надвор, и да погоди за три...што е голем плус за него.

Дотолку некој го гледаше натпреварот со Хрватска ке забележеше дека Мејси во вториот дел во некој напади тој беше плеј, многу често излегуваше надвор да прими топка а потоа следеше влез или шут. Значи Арсиќ планира да го земе токму Мејси, па го пробуваше и на занего нестандардни позиции, само да биде all-round кошаркар на ЕП...за да може да замени било кој (освен класичен плеј) во тимот дотолку има потреба за тоа.
 
МАРКО МЗТ напиша:
Па овие се сеа фактички бипатриди т.е. имаат двојно државјанство . Тоа е разликата, и сеа пошто играле за нас немаат можност да играат за матичните им САД .

Teoретски, ако се откажат од сад државјанство, тогаш може да игра како наш?
 
Мора да го земе Вашингтон според мене,само еден асален плеј имаме Врба,на 4 позиција пак колку толку имаме повеќе играчи што можат да играат солидно на таа позиција,за разлика од плеј,ама не се знае сепак кој ќе биде земен,и плус непрофесионалното понашање на почетокот на припремите на Мејси се уште еден минус за него,за разлика од него Вашингон е желен за покажување и одма дојде на припремите!
 
Абе каков Вашингтон па глејте Мејси по 22 коша дава на утакмица еве со Германија и со Хрватска се виде, имаме бекови треба под кош игра ако остане Мејси ќе го кркаме на ЕП без дилеми.
 
Мора да го земе Вашингтон според мене,само еден асален плеј имаме Врба,на 4 позиција пак колку толку имаме повеќе играчи што можат да играат солидно на таа позиција,за разлика од плеј,ама не се знае сепак кој ќе биде земен,и плус непрофесионалното понашање на почетокот на припремите на Мејси се уште еден минус за него,за разлика од него Вашингон е желен за покажување и одма дојде на припремите!
Mиракоски и Војдан можат супер да покријат на плеј додека се одмори Врба, кој ќе мора да игра повеќе барем во натпреварите што ќе ни треба многу.
 
Mиракоски и Војдан можат супер да покријат на плеј додека се одмори Врба, кој ќе мора да игра повеќе барем во натпреварите што ќе ни треба многу.
Не ме заебавај Мираковски!!!
Војдан до некаде може ама сепак не е тоа тоа,права измена не е тоа!
 
Teoретски, ако се откажат од сад државјанство, тогаш може да игра како наш?

Тоа правник да прашаш, ама мислам дека би можело .

Али кој е луд да има македонско државјанство по цена на тоа да го изгуби американското ...:)
 
Мислам дека Џеремаја Мејси ке биде повикан во 12 играчи кој ке патуваат за Полска, според прикажаните игри во последните натпревари мислам дека и заслужува да биде повикан, али ако играше како што играше на натпреварите со Словенија поарно и да не го викавме , али се поправи во играта , така да мислам дека подобра варијанта ке биди Мејси отколку Њу Јорк
 
Се иам изјаснето на оваа тема повеќе пати, ме мрзи пак да пишувам ќе се самоцитирам :)



Знам дека Вашингтон е супер играч, само не сум сигурен дека неговото присуство надвор од периметар ќе може да го засени отсуството на Мејси од рекет. Не се работи за тоа дали ќе биде неблагодарно од наша страна, ова е про баскет и сигурен сум дека и Мејси ќе сфати, ама не сакам ни да замислам сценарио со Вашингтон во тимот, Перо прави 3 лични у 1/4, остануваме на Гече и Пеџа како едини избор од високи играчи.

Сметам дека не можеме да си дозволиме таков луксуз да отидеме на ЕП со 3 центри од кои едниот е Предраг Самарџиски.

Oд кај бе иаме високи и искусни играчи? Само Перо и Гечевски, Самарџиски е најнеконстантниот кошаркар кој го имам видено, од него не очекувам многу многу, 3 сезони уназад како истиот кошаркар да го гледам, никако да се развие како играч, наивен до коска е. И онака сме катастрофа под обрачи, особено од скок страна, скоковите се по мене најбитен сегмент од нашата игра (после поени нормално), офанзивен скок за нас е мисловна именка, само Перо ни е онака скочен играч, ако не го зееме Мејси наебани сме како романка у порно филм.

Точно дека и бековската позиција е дефицитарна, али без 2 пара центри, ја не сум баш оптимист.

За нашава дилема, некако сметам дека квалитативно сме потенки на центарските позиции, само Гечевски мислам дека може да одигра константно на едно високо ниво, Антиќ е ѕвер, ама формата знае да му оди топло - ладно, а и заебан темперамент има, може 3 лични за исто толку минути да направи, додека со секој постигнат кош на Самарџиски сме во ќар :)

Факт е и дека на бековски позиции не сме баш сјајни по повредата на Владо, Врба ти е sure shot, сигурен сум дека може да игра по 35 минути на високо ниво на цело ЕП, е сеа лошо е шо ни е само он, па лесно може да се случе да му опнат фластер на секој натпревар, па да ни се сруши цел концепт, па убаво ќе биде некој од двоецот Мираковски/Петровски да изненади пријатно, зошто со еден разигран плеј на ЕП, во ваква тешка група, не сум баш оптимист.


Тешка дилема, Вашингтон и не го следев баш лани, не знам како е со формата, само мислам дека физички е спремен пошто настапуваше во летната НБА лига. Мејси сметам дека може доста да придонесе, со нашите високи играчи во форма, потпомогнати од него како поприлично атлетски играч, доста ќе сме јаки у рекет.
Останува на селекторот да направи проценка според сработеното од подготовките, верувам дека нема да згреше, сепак он има далеку најдобар увид на кошаркарите и тоа шо му треба во играта.


На сето ова, со денешните 29 коша против Хрватска, дефинитивно Мејси за мене.
 
Пред некој ден баш налетав на ваква иста анкета на некој сајт и по многу двоумење гласав за Мејси. Со игрите на овој турнир покажа дека може многу да помогне под кошот, каде всушност сме и најтенки. На речиси секој натпревар имавме помалку скокови од противниците. Плус Мејси може да игра и на позицијата крило што дава разновидност во играта. Вашингтон пријатно ме изненади. Кога го гледав прв пат мислев дека е еден од оние типични американци кои ја земаат топката и шутираат без разлика дали се удвоени или не, но сепак покажа дека знае да игра тимска кошарка. Ако можевме да сметаме на двајца странци секако дека би играл за нас, но мислам дека Стојаноски и до некаде Миракоски можат да го заменат Врба, така што сметам дека Мејси треба да добие шанса да игра на Европското Првенство.
 
Dilema koja sto e interesna i za posirokata evropska kosarkarska javnost... na eurobasket.com isto taka stoi tekst posveten na istava tema i nivnoto razmisluvanje e deka selektorot ednostavno nemoze da pogresi bidejki i dvajcata se odlicni kosarkari i ke i bidat od golema pomos na nasata reprezentacija.

Inaku i jas mislam deka treba da bide povikan Mejsi od prosta pricina podolgo vreme e vo reprezentacijata i se pokaza deka znae da "povlece" koga e najpotrebno (lani bezmalku sam ni ja donese pobedata vo Tallin koja bese i toa kako neophodna po tragedijata vo Riga!)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom