Меѓународно движење против промена на името

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Ретроспективно навраќање на политичките ставови на еден од денешните најголеми протагонисти за промена на името.
Воедно ова треба да не потсети и предупреди дека не смееме да им веруваме на политичарите, без разлика колку ни се допаѓа нивната слаткоречивост.
Гореспоменатиот примаш, подолго време ги свири своите будалести ноти, но за да се разјасни неговата улога и профитабилна дејност, како дежурен „експерт“, редно е да започнеме со неговото доследно држење до принципите, во теоријата и практиката.

За името нема место за компромис. Проблемот околу името е што немаме што да дадеме, тоа ни е. Едно име имаме. Нимиц не разбира дека тоа не е прашање за име, туку за идентитет.“ - Љубомир Фрчкоски, на предавањето на членовите на Демократско-републиканската партија на Македонија.
Циркусот околу името, како што го нарекува Фрчкоски, започнал пред точно 14 години. Се провлекувал во Европската унија и Обединетите нации, кои на два пати направиле вистински преседан во меѓународното право преку поставување дополнителни услови за признавање на државата.

Според нашиот најистурен експерт, решението како да се решел овој проблем, гласи:
Разговорите во Њујорк се привремени. Ние немаме обврска да постигнеме спогодба, туку само да учествуваме во разговорите. Значи ние само треба да кажеме дека нема резултат од нив, и да го симнеме прашањето на техничко ниво.
Да се нотифицира генералниот секретар на ОН дека нашето уставно име е Република Македонија и ако се нафатиме и да предложиме Резолуција во Советот за безбедност. Политички, потоа, треба да извршиме притисок за признавање на уставното име во Советот на Европа и во Европската унија“ - е идејата на Фрчкоски.

Што тогаш сметал Фрчковски за луѓето кои отворено пропагираат промена на името?
Според негови оцени „Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчки интереси, па и не го кријат тоа.“
Извор: „Вечер“ - 2006 год.

А што се однесува до политичкото единство и застапување на државните интереси, пред партиските, Фрчковски тогаш јасно стави до знаење:
Времето, секако, работи за нас“, вели Фрчковски на прашањето дали стратегијата „времето работи за нас“ се покажа како погрешна или не. „Дали мислите дека 120 земји-членки што не' признале под уставното име е неуспех, дали вреди преку тоа да плукнеме? Ние сме платиле голема цена за таа стратегија и не смееме сега да плукаме на тоа плаќање на цена само затоа што на власт е некој што не ни е симпатичен.
Според него, „не смееме да се делиме внатре по основа дали можеби можеме да расправаме за промена на името. Нека се изложат директно во јавност луѓето што мислат дека треба тоа да се направи. Нема разумни аргументи, тоа е едноставно веднење глава по 15 години борба кога сега дојдовме до моментот да ја издржиме последната игра. Тоа не смее да ни се случи. Ние играта ќе ја одиграме до крај“.

Во овој контекст, мораме да ја додадеме најверојатно единствената искрена дума која дојде од опозицијата, односно екс-министерката за надворешни работи Илинка Митрева:

Прво, затоа што промената на името на нашата држава ќе значи еднаш и засекогаш прифаќање на една погубна филозофија што во континуитет ја следи судбината на Македонците - негирање на македонската нација, на македонскиот јазик, на македонската историја, а оттаму и негирање на македонската држава. И не само од страна на нашиот јужен сосед.
Уставното име на Република Македонија не е фирма. Тоа име сме сите ние, тоа е нашето постоење - вчера, денес и утре. Прифаќањето на промената на уставното име Република Македонија значи откажување од нашето постоење.“

Извор: „Утрински Весник“ 2007 год.

Како е возможно, ќе се запрашаме, денешните позиции на зачувување на името да бидат изедначувани со национализмот и на кој начин тогашното тврдење на денешните опозиционери и експерти, дека се работи за нашиот идентитет, би било поинакво од денешното?

Според зборовите на Фрчковски, тој самиот е квинслингот меѓу нас!

Izvor:
http://www.macedonianspark.com/vesti/statii/664-2011-11-06-20-23-12?lang=mk
 
Протестно писмо против фиромизација!

Почитувани пријатели,
Во вторник во 8.15 мин закажан е состанок во Парламентот на Викторија со „претставници“ од Македонската заедница за да се формира пријателска група помеѓу пратениците на Викторија и Македонската заедница со име ФИРОМ. Целта на и задачите на „пријателството“ е за да се „зајакни“ соработката со Македонската заедница и нашата татковина Македонија со државата Викторија.

Бев информиран правовремено и од прави лица од Парламентот за настанот кој треба да се случи овај вторник. Кој стои зад оваа валкана работа не знаеме. Затоа со сите сили и жолчно реагираме и ги повикуваме сите македонски мас медиуми да ја објават веста и да се испраќаат протестни писма од сите страни до прламетарците за да се спречи формирање и регистрирање на „пријателство со име ФИРОМ“ помеѓу викториските пратеници и Македонската заедница.

Ве молам уште еднаш да се пласира веста колку е можно побрзо за да го спречиме скандалот и понижувањето на Македонската заедница и Република македонија од страна на инфилтрирани „активисти“ и пратеници на Парламентот на Викторија кои се против интересите на Македонската заедница и Македонија.

Ицо Најдовски
Тел 61418223313

П.С. досега имам добиено само 3 одговори, а исто така ја информирав и амбасадата и конзулатот за да реагираме заедно. Подолу е писмото кое го испратив до сите парламентарци на нивните емаил адреси. Направете го истото и вие, ве молам!

http://www.macedonianspark.com/vesti/komentaridebati/678-2011-11-22-10-34-00?lang=mk
 
Пораките на Европската унија и на НАТО се јасни - решете го проблемот со името и веднаш ќе влезете во НАТО и веднаш ќе почнете преговори со ЕУ. Јас не знам зошто некои политичари и новинари во Македонија се обидуваат да не ја разберат пораката што е толку многу јасна и прецизна.
 
Зашто може не ни се влегува во ЕУ.
 
Зашто може не ни се влегува во ЕУ.

Ама барем во НАТО мора да се влезе,за да се опстане земјата..
--- надополнето: Dec 4, 2011 4:20 PM ---
Ама барем во НАТО мора да се влезе,за да се опстане земјата..

Утре ако имаме проблеми со албанчињата од Косово кој ќе те заштити? И кој ќе ти дава политичка подршка? Ако не си во НАТО.
Најворојатно МК во иднина ќе се соочи или со поделба или со федерализација...
 
Ама барем во НАТО мора да се влезе,за да се опстане земјата..

Зар да бараме влез од очај и беда, таков влез не ни ни треба :). НАТО е воена организација а не хуманитарно друштво за да чува земји од распаѓање. Ние мора и без НАТО да си средиме работа дома па да влеземе како равноправен партнер а не како мало дете што од жал го примиле со сменето име :).

Јас сум инаку против промена на име :).
 
Ама барем во НАТО мора да се влезе,за да се опстане земјата..
--- надополнето: Dec 4, 2011 4:20 PM ---

Утре ако имаме проблеми со албанчињата од Косово кој ќе те заштити? И кој ќе ти дава политичка подршка? Ако не си во НАТО.
Најворојатно МК во иднина ќе се соочи или со поделба или со федерализација...
Имаш грешка момче НАТО штити само од надворешен непријател не од внатрешен.
 
Имаш грешка момче НАТО штити само од надворешен непријател не од внатрешен.

Косово е во Македонија:icon_lol:????? ??? А внатрешните албанци се друга тема, во таков случај ќе имаме уште поголеми проблеми, но ако си членка на НАТО,тогаш имаш политичка подршка од надвор,па така да ќе можеш се да направиш дома, а исто така ако имаш проблеми со Косово директно ќе бидеш заштитен од НАТО.. Заради тоа многу е битно членството на Македонија во НАТО. А инаку вака ем слаба земја, ем сиромашна,плус не е во НАТО..
Bo 2001 година да бевме членка на НАТО, Албанските терористи ќе беа исчистени еднаш засекогаш, а во едно не ќе имаве Рамковен Договор..
 
1. Tемава е движење против промена на името а не за промена на името. Прочитај убаво наслов.
2. Ние во 2001 имавме проблем во Албанците во Македонија а не Косово. Без разлика што плампаа некој од нашите политичари.
 
Ќе видиш што ќе се случи со МК доколку не се реши проблемот со името барем до Септември месец, а тоа ќе биде или федерализација или поделба..
 
Ќе видиш што ќе се случи со МК доколку не се реши проблемот со името барем до Септември месец, а тоа ќе биде или федерализација или поделба..
Шо сме ние криви шо мајка ти е гркињка ? Зашто воопшто се замараш со држава која не ја чувстуваш за твоја ?
Иди помогни на Грција малце, донирај некој денар, волонтирај, остај ја на раат државава што пропаѓа...
 
Bo 2001 година да бевме членка на НАТО, Албанските терористи ќе беа исчистени еднаш засекогаш, а во едно не ќе имаве Рамковен Договор..

Нешто имаш пропуштено.Арачиново, крајот на Јуни, 2001.Се сеќаваш кој ги ваѓаше терористите од таму и какво оружје, опрема, униформи и траги се најде таму?
 
Ќе видиш што ќе се случи со МК доколку не се реши проблемот со името барем до Септември месец, а тоа ќе биде или федерализација или поделба..
како да ти кажам на покултурен начин незнам ама ЖИМИ КУРОФ што ќе се случи поделба
 
Ќе видиш што ќе се случи со МК доколку не се реши проблемот со името барем до Септември месец, а тоа ќе биде или федерализација или поделба..

Fear_mongerer_Jon_Stewart.jpg
 
Шо сме ние криви шо мајка ти е гркињка ? Зашто воопшто се замараш со држава која не ја чувстуваш за твоја ?
Иди помогни на Грција малце, донирај некој денар, волонтирај, остај ја на раат државава што пропаѓа...

А што ако мајками е Гркиња? Сепак таткоми е Македонец, јас сум вистински патриот на ова земја, за разлика не сум како вас лажни патриотчиња..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom