Медиумите се повлекуваат од Time.mk

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Планирано ослабнување на најчитаниот македонски агрегатор Time.MK?

Двете телевизии Канал 5 и Сител вчера се повлекоа од агрегаторот за вести и најпопуларниот .мк сајт, Time.mk. Причината, велат двете страни, медиумите и агрегаторот, се пари. Ставовите околу посетите се поделени.

„Тиме.мк користи содржина без дозвола и заработува од неа, додека медиумите не добиваат ништо.“, вели директорот на Канал 5, Иван Мирчевски. „Што се однесува до посетите, Канал5.com.mk сега е попосетен сајт.“
Основачот на Time.mk, Игор Трајковски, ни потврди дека имало средби со двата медиуми и дека тие барале да им се плати за содржината.

Едит:
До сега се повлекоа Канал 5, Сител, Курир и Нетпрес.

http://it.com.mk/kanal-5-i-sitel-se...ertsijalni-prichini-i-malku-poseti/#idc-cover
 
Не ги користите RSS федовите на Сител и Канал5 ќе треба да платите за нив. (y)
Ама сепак мислам дека коментарот на овој дечко е може да се каже е горе долу причината
mishevski
Обично не реагирам на вакви работи доколку се работи за профит, но проблемот тука е поголем.
Да бидиме на чисто, замешана е повисок инстанца во целата приказна. Сител и Канал 5 се само пиони во целата игра. Целта е да се направи time.mk да биде „нерелевантен“ (бидејќи најверојатно Владејачката партија не можела да го купи), за да го направи bukvar.mk (зад кој стои тимот од курир.мк, кој ги работи најголемите кампањи на социјалните медиуми и интернет маркетинг на ДПМНЕ) „порелевантен“ па дури тогаш „релевантниот“ агрегатор да креира мислења (како курир на пример).

Незнам која би била наредна цел на ДПМНЕ, да го укине Гугул, Фејсбук... ? Но да останам на темата, навлезени сме длабоко во цензура, перење на мозоци и креирање на мислења (туѓи, а не сопствени). Мене лично нема да ми недостигаат ни Сител ни Канал 5, но се движиме во лош правец.

BTW daily.mk is next...
Не дека сакам да мешам политика ама таа е реалноста.
 
Нетпрес се повлекува од сите агрегатори, а изгледа и Курир побарале некој договор од Time.MK.
 
Нетпрес се повлекува од сите агрегатори, а изгледа и Курир побарале некој договор од Time.MK.
Изгледа ќе побараат и Google да не ги индексира, македонска работа, мислам дека Time.mk треба да се пресели во некоја скандинавска земја и од таму да прави агрегација.
 
Јас воопшто не користам ниту Канал 5, ниту Сител, ниту Инфо+, единствена посета на овие страници ми е преку Тајм.мк, па според тоа тие треба да му платат на Тајм.мк што им носи трафик(односно читатели).
 
Не е ослабување, ова е појачување на сајтот. И така од Сител корисно нешто неможе да има.
Инаку се прашувам што е следно, повлекување од google? :rolleyes:
 
Не е ослабување, ова е појачување на сајтот. И така од Сител корисно нешто неможе да има.
Инаку се прашувам што е следно, повлекување од google? :rolleyes:
Па може RSS федот да го исклучат и да стават некоја скрипта во сајтот така што Google пајакот нема да ја индексира страната, тоа е многу подобро решение од ова изнудување на рекет.
 
„Тиме.мк користи содржина без дозвола и заработува од неа, додека медиумите не добиваат ништо.“, вели директорот на Канал 5, Иван Мирчевски. „Што се однесува до посетите, Канал5.com.mk сега е попосетен сајт.“
... ммм, што?

Колку што гледам, time.mk не презема содржини, туку линкува до статиите и вестите објавени на медиумите кои ги "чешла". Единствено има top bar со слични вести, и копче со кое истиот може да биде исклучен. Медиумите не добиваат помалку кликови, туку напротив, дури и повеќе луѓе од нормално ги гледаат нивните вести и реклами.

Така да, таа изјавата на Мирчевски е чиста глупост и само оправдување за пред народот ("еј, видете ги time.mk, ни` ги крадат содржините и прават многу пари на наша сметка.. уааа").
 
Па може RSS федот да го исклучат и да стават некоја скрипта во сајтот така што Google пајакот нема да ја индексира страната, тоа е многу подобро решение од ова изнудување на рекет.

За тоа се махери, инвентивни итн... а за да осмислат нешто креативно и да работат независно поима немаат. Па уште и посети ќе имале повеќе, ц ц ц... :pos:
 
Не знам колку е тоа во интерес на тие што се повлекоа. Ќе изгубат сигурно доста читатели кој преку тиме.мк им ги читаа вестите. Едноставно покомотно е за една вест да имаш од сите медиуми све на едно место, вака ќе мора да одиш на секоја страна посебно, да вртиш низ вести и се губи време. Иначе канал5-сител-курир 99% иста содржина имаат и сепак остануваат уште доста други медиуми на тиме.мк за да може да се информира секој.
 
Супер вест, ќе читаме само квалитетни вести. Прво што уклучувам кога ќе седнам на pc е ТIME.mk па gmail и се останато.. најдобри се
 
есеа ми растураат и они шубаво си глеав сите вести на едно сеа заебаа работа -.-
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom