C
Cool Hand Luke
Гостин
Отсекогаш постоеле многу приказни, за кутриот наивен бедник, заљубен во најубавата и најопасната девојка која ја бијат гласови дека се онади за пари и престиж со богати, а тоа се приказни од оние што се прогласуваат себеси за најдобри, чија што редовна навика е озборување и клеветење на други зад која обично несвесно се крие - демек види не нас колку сме добри. Му советуваат на кутриот заљубен и наивен да се откаже од неа, да си најде мирно и добро девојче, колку толку ќе си ја сака, нема да мисли дали оди и каде оди таа. А во слободно време може зад грб и неа да ја озборува, на пример колку е таа добра у кревет и слично, како што тие прават со своите жени, со кои немаат многу љубов, но затоа имаат многу почит нели. Му преостанува на кутриот да ги послуша нив, да си најде мирно девојче кое нема многу да го сака, но сепак ќе има почит, бидејќи тој не е како нив. Но еден ден може да заврши како Васа Ладачки од песната на Балашевиќ.
Колку има вистина во тие гнасни озборувања за убавите девојки? Дури и да има вистина, дали е таа меродавна бидејќи е искажана со толку гнасење на девојката, како таа да не е човечко суштество? Треба ли кутриот да се бори за неа по секоја цена дури и кога ќе види дека е вистина тоа што се зборува за неа, дека ни тие ни таа не чинат?... но тој сеуште ја сака, толку ја сака Господе Боже... повеќе од себе. Ќе ги откачи ли сите на крај, сосема ослободен?
П.С. Не сум сигурен дали постои израз медио криза.
Медиокритетска криза.