Медицинско чудо

  • Креатор на темата Креатор на темата Pere
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Возраст
38
Веб-сајт
www.sportdenes.com
Mario_Vukovic_2.jpg
Нашите лекари ни рекоа дека во главата на Марио има „труло јаболко“ и оти нема надеж, но третманите на кинеските експерти доведоа до пресврт на неговата состојба, раскажува мајката на момчето.

Дијагнозата на 12-годишниот Марио Вуковиќ, момче од Лекеник, вклучуваше цела низа болести - од тумор на мозокот, преку церебрална парализа и слепило до епилепсија.

Успеа да ја промени со помош на терапијата на кинеските експерти од еден од центрите за традиционална кинеска медицина од Шангај, и бањите Лоушан. Откако лекарите во Хрватска кренаа раце од Марио велејќи и на неговата мајка Недељка дека со години неговата здравствна состојба ќе биде се полоша, семејството одлучи да побара услуга од кинеските експерти.

- Нашите лекари се обидоа да ни ја објаснат состојбата на Марио велејќи оти во неговата глава има „труло јаболко“ и оти нема надеж да сториме нешто, се присетува Недељка Вуковиќ која од својата пријателка која успешно се лечела во Кина дознала за медицинскиот ценар и бањите во Шангај.

- Мене не ми беше проблем да се замине со него на толку далечно патување, бидејќи најмногу се плашев од уште едно разочарување кое не би го поднела. Сепак стиснав заби и се одлучив да заминеме. Откако собравме пари преку донации, се упативме во Кина каде епилептичките напади на Марио кои што вообичаено ги имаше на секои пет минути и дење и ноќе, веќе по првите 15 дена престанаа, раскажува мајката на Марио која и самата посетувала одредени третмани и едукација од кинеските терапевти.

Mario_Vukovic.jpg
Дури по повеќе месеци по враќањето од Кина сфатила дека сосема и исчезнале симптомите на зголемена работа на штитната жлезда од која боледувала.

Шест фази на лечењето

Двогодишното лечење се одвивало во шест фази, а патувале секои три месеци. Момчето во Кина посетувало третмани со различни медицински масажи, акупунктура, вежби на опуштање и истегнување кои што и денеска ги практикива за да го одржува своето здравје и за да ја заврши терапијата до конечното оздравување.

Хрватските лекари беа шокирани со неговиот ненадеен напредок и наоди.

- Она поради што Марио е чудо на медицината е што речиси мртвите очни нерви му се разбудиле и сега тој гледа до пет метри. И не само тоа, се користи со десната рака и веќе пишува, може да оди речиси без тешкотии, му се подобриле моторните функции, пораснал 20 сантиметри и се зајакнал 15 килограми, а цистата на мозокот се повлекла, вели Недељка Вуковиќ.

Семејството Вуковиќ во моментот живеат во Загреб во изнајмен стан за да можат да одат на рехабилитациски третмани во еден загрепски центар за заздравување и welness.

Денеска 12-годишниот Марио се понормално функционира во својот секојдневен живот. Ова комуникативно момче без проблеми ни го презентираше своето познавање од кинески јазик, а ни раскажа и како однеодамна ја има и првата симпатија Марина.
 
Тие кинезите луди се значи, свака им част :)

Му посакувам на момчето што побрзо опоравување, и да си живее среќен живот.

Кинезите стварно се ѕверови, то е то :)
 
да,ама ако тоа е вистина
 
wow, значи кинезите, не знам, неам зборови
браво до нив, и нека момчето живее среќен и долг живот
 
да,ама ако тоа е вистина
A зошто да не е вистина?
Се најдобро во животот на детето се надевам целосно ќе се излечи и ќе може да живее како и сите останати.
 
Кинезиве се мајстори.Навистина се најдобра нација во светов.
Ваква тешка и ретка болест да се излечи е навистина за пофалба,додека во нашиве простори како што пишува,со други зборови не ни чуле за такво нешто.
 
Пошто оваа година имам многу пријатели од различни нации, можам да кажам дека Кинезите се најпаметни од сите. И не е финтата дека се паметни и им фака умот, туку навистина вложуваат многу труд за да ја постигнат целта и да станат она што сакаат. Другарка ми Кинескиња ми кажуваше дека во Кина образованието е на прво место за сите деца. Учејќи основно училиште, одат нашколо секој ден од 7 сабајле до 12 учат и имаат настава со професори. Имаат три саати одмор за спиење и јадење и после пак им почнува од 3 саат нова сесија со предавања која трае до 9 саат навечер. Во 9 не смеат да ги напуштат училниците туку под надзор на одредени професори остануваат и пишат домашни, учат се до 11 саат навечер. Одат си легнуваат и секој ден им е истово па и во сабота дури учат. Иначе ако школото ти е на 5 м од дома, ти мораш да спиеш и да живееш во интернатот од сколото, а само во недела можеш да си одиш дома. Ако ова е во средно, можете да замислите колку повеке учат на факс (али од ова појче па и нема време кога :pos2: )..Зборот ми е, не се откажуваат од она што сакаат да го постигнат, учат многу, а може имаат и нешто плус во гените по што се разликуваат од нас европјани или американци..
Иначе браво за докторите за срамота за оние во хрватска па и не само таму туку општо на цел Балкан..Мило ми е што ете произлегуваат така спремни доктори кои можат да ги спречат ваквите страшни болести...
Браво за момчето за неговата упорност и упорноста и издржливоста не неговите родители...
Се надевам ке закрепне скроз и ке си живее најнормален живот као и сите ние..:smir:
 
Многу здравје на момченцето....
Браво и за докторите и за мајката! Мама си е мама:pipi:
 
па малку упорност,многу знаење и ете му го спасиле животот,секоја чест.
многу здравје на малиот...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom