Дијагнозата на 12-годишниот Марио Вуковиќ, момче од Лекеник, вклучуваше цела низа болести - од тумор на мозокот, преку церебрална парализа и слепило до епилепсија.
Успеа да ја промени со помош на терапијата на кинеските експерти од еден од центрите за традиционална кинеска медицина од Шангај, и бањите Лоушан. Откако лекарите во Хрватска кренаа раце од Марио велејќи и на неговата мајка Недељка дека со години неговата здравствна состојба ќе биде се полоша, семејството одлучи да побара услуга од кинеските експерти.
- Нашите лекари се обидоа да ни ја објаснат состојбата на Марио велејќи оти во неговата глава има „труло јаболко“ и оти нема надеж да сториме нешто, се присетува Недељка Вуковиќ која од својата пријателка која успешно се лечела во Кина дознала за медицинскиот ценар и бањите во Шангај.
- Мене не ми беше проблем да се замине со него на толку далечно патување, бидејќи најмногу се плашев од уште едно разочарување кое не би го поднела. Сепак стиснав заби и се одлучив да заминеме. Откако собравме пари преку донации, се упативме во Кина каде епилептичките напади на Марио кои што вообичаено ги имаше на секои пет минути и дење и ноќе, веќе по првите 15 дена престанаа, раскажува мајката на Марио која и самата посетувала одредени третмани и едукација од кинеските терапевти.
Шест фази на лечењето
Двогодишното лечење се одвивало во шест фази, а патувале секои три месеци. Момчето во Кина посетувало третмани со различни медицински масажи, акупунктура, вежби на опуштање и истегнување кои што и денеска ги практикива за да го одржува своето здравје и за да ја заврши терапијата до конечното оздравување.
Хрватските лекари беа шокирани со неговиот ненадеен напредок и наоди.
- Она поради што Марио е чудо на медицината е што речиси мртвите очни нерви му се разбудиле и сега тој гледа до пет метри. И не само тоа, се користи со десната рака и веќе пишува, може да оди речиси без тешкотии, му се подобриле моторните функции, пораснал 20 сантиметри и се зајакнал 15 килограми, а цистата на мозокот се повлекла, вели Недељка Вуковиќ.
Семејството Вуковиќ во моментот живеат во Загреб во изнајмен стан за да можат да одат на рехабилитациски третмани во еден загрепски центар за заздравување и welness.
Денеска 12-годишниот Марио се понормално функционира во својот секојдневен живот. Ова комуникативно момче без проблеми ни го презентираше своето познавање од кинески јазик, а ни раскажа и како однеодамна ја има и првата симпатија Марина.

