Ме касна куче, а докторите ме пратија да го уловам...

  • Креатор на темата Креатор на темата emmy007
  • Време на започнување Време на започнување
За да ја прими вакцината на товар на државата, треба да се најде кучето, тоа е единствен начин? Втората опција е сама да си плати секако. Дали ќе може да ми го пратиш тој подзаконски акт секако доколку го имаш?
Не е така. Се остава незнам точно дали 24 или 48 часа да се најде кучето доколку кучето не е пронајдено тогаш мора да ја вакцинираат. Нема да и наплатат ништо за вакцината тоа се си плаќа државата.
 
Јави им се на ќењачите за животински права да ти го најдат кучето.

успат, ништо чудно. Ако одиме према твојата приказна тогаш срам да им е на тие во болницата. Ама пошто луѓето кај нас знаат да преувеличуваат, кога ќе се удрат некаде да одат и како ненормални да се дерат среде болница, да викаат по сестрите и да ги вреѓаат докторите.........
Не давајте суд додека не ги слушнете двете страни.
 
На листот ме касна преку фармерки а раната е поприлично длабока
Ако има твоја крв и допир со плунката на кучето тогаш има голема можност за пренос на беснило.
Ти кажаа ли колку време имаш да го бараш кучето?
 
Не е така. Се остава незнам точно дали 24 или 48 часа да се најде кучето доколку кучето не е пронајдено тогаш мора да ја вакцинираат. Нема да и наплатат ништо за вакцината тоа се си плаќа државата.
Да се најде кучето ми дадоа 24 часа доколку не го најдам кучето се чека 48 часа па дури потоа се интервенира а вакцините т.е серумите од 60.000 се примаат само кога ќе се манифестира беснило
 
Најсмешни се тие што седат пред пц и делат совети и памет кој како требал да се однесува посебно во вакви ситуации. Абе реалноста ви е измешана, здравството можеби не е сјајно ама не претерувајте со глупости кој што требало да прави. За жал има одличен кадар во нашето здравство кој е измешан со остатокот и работи во мизерни услови за кои тие самите не се криви.
 
Пред неколку години на мој близок детето го касна куче. И одат на хитна, а на таткот му викат: Оди купи од аптеката вакцина за тетанус и беснило!!
А човекот вели: Ами вие немате ли?
Докторот: Не, нема.
Таткото: Ами да ме апне змија, имате ли чаре за тоа?
Докторот: Пу пу, скраја да е! Немаме ништо, јбг, судбина!!
 
Не е така. Се остава незнам точно дали 24 или 48 часа да се најде кучето доколку кучето не е пронајдено тогаш мора да ја вакцинираат. Нема да и наплатат ништо за вакцината тоа се си плаќа државата.

Ок онда докторката е во право. Како и да е, ако не се најде кучето, девојчето навремено ќе прими вакцина против беснило.
 
На листот ме касна преку фармерки а раната е поприлично длабока
претпоставував
мислам дека нема опасност од беснило
и убаво размисли си - дали ти е подобро да изгубите саат два и да го побарате кучето , па да го проверат или да ја примиш вакцината со сите нејзини негативности
 
Пред неколку години на мој близок детето го касна куче. И одат на хитна, а на таткот му викат: Оди купи од аптеката вакцина за тетанус и беснило!!
А човекот вели: Ами вие немате ли?
Докторот: Не, нема.
Таткото: Ами да ме апне змија, имате ли чаре за тоа?
Докторот: Пу пу, скраја да е! Немаме ништо, јбг, судбина!!
На мој познаник му се случи истото. Овие од градска му викаат оди на инфективно тетанусот е бесплатен а таму му го напратија 900 ден
 
Да се најде кучето ми дадоа 24 часа доколку не го најдам кучето се чека 48 часа па дури потоа се интервенира а вакцините т.е серумите од 60.000 се примаат само кога ќе се манифестира беснило
Ако го најдеш кучето не само кај ветеринар,туку барај и во Вардариште да ти дадат информации доколку кучето има ушна маркица, само така најсигурно ке знаеш дали кучето примило вакцина или не. Ветеринарот неможе точно да ти дијагностицира од проста причина што кучето мора да се убие, да се отвори мозокот и да се испрати примерок на патологија, и тек тогаш ке добиеш најточно. А тоа бара време...
 
претпоставував
мислам дека нема опасност од беснило
и убаво размисли си - дали ти е подобро да изгубите саат два и да го побарате кучето , па да го проверат или да ја примиш вакцината со сите нејзини негативности
Во секој случај ќе го побарам кучето утре, ама шансите се мизерни тоа повротно да се појави тогаш кога и јас ќе бидам таму а и сето ова е апсурдно. Не е проблем за вакцината ќе ја купам и на приватно ако треба само не ми е јасно зошто не се интервенираше и не ме боцнаа кога отидов на клиника
 
Господе Боже, катастрофа здравство.
 
Кучето немаше ушна маркица
 
претпоставував
мислам дека нема опасност од беснило
и убаво размисли си - дали ти е подобро да изгубите саат два и да го побарате кучето , па да го проверат или да ја примиш вакцината со сите нејзини негативности
Најдобро е да го бара кучето и тоа со што повеќе луѓе и што подолго ако го најдат нека се јави сигурно и дале број од ветеринарно може да ги бара и навечер по полноќ (има еден сирот дежурен ветеринар таму што работи) ќе дојдат ќе го видат и ќе и кажат дали е вакцинирано или не.
Ако не го најде нека се вакцинира и готово.
Беснилото е многу ретко али ризикот е многу голем овде се работи за прими вакцина или умри нема зошто да ризикува.
 
Во секој случај ќе го побарам кучето утре, ама шансите се мизерни тоа повротно да се појави тогаш кога и јас ќе бидам таму а и сето ова е апсурдно. Не е проблем за вакцината ќе ја купам и на приватно ако треба само не ми е јасно зошто не се интервенираше и не ме боцнаа кога отидов на клиника
Оти менаџеро на болницата е дадел усна наредба, да не се трошат пари за глупости.
Твојо случај е дел од глупостите.

(не е мое мислење, само сам го слушнал/видел у друга конотација).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom