Мажите прашуваат, жените одговараат

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Ситуација слична на мојата само обратно: Идете со дечкото некое време (свежа врска) ама чувствувате дека нешто не штима - крие нешто од вас. Ја дознавате вистината директно од него: типот на почетокот само се мувал со вас за да ја направи љубоморна неговата бивша - барем бил искрен. Како ќе реагирате? Одма раскинувате и потоа го игнорирате/ останувате пријатели, му простувате и му давате шанса, разговарате длабоко и сериозно за проблемот?
 
Зависи.Ако веќе не му е битна бившата,а јас сум му битната во сегашноста и понатаму,ќе ја продолжам врската.Се разбира прво ќе го прашам дали се уште нешто чувстувва спрема бившата.Ако чувствува,тогаш ќе ја прекинам врската.
 
I have a simple question: како ја преболувате старата љубов?
 
I have a simple question: како ја преболувате старата љубов?

Не е баш едноставно ама ќе се потрудам да објаснам:wink:
На почеток:Со многу алкохол,излегување,друштва,он секогаш во позадина,пуштање на други особи,нови интересни фаци секој ден,по некое мување
Втора фаза:Солзи,затворање во соба,пуштање тивка музика,потсетување на спомените,секојдневно кукање кај другарките,немање потреба за никој жив на планетава...
Последна фаза:Се појавува случајно нова особа со која започнуваш се одново.
 
I have a simple question: како ја преболувате старата љубов?

Плачам,плачам се додека немам сили да плачам,без разлика дали сум сама или со другарките.
После следува некој мал период на депресија,кој се трудам да го избегнам,преку секојдневни излагања на кафе и гледам мислите постојано да ми бидат зафатени со нешто друго,иако е тоа доста тешко.
Плус и самото време си го прави своето,како поминува времето,така се повеќе и повеќе сфаќам дека нема смисла да се измачувам и гледам што побрзо да продолжам понатаму со животот.
 
I have a simple question: како ја преболувате старата љубов?
Па прво сум нервозна, па ми се плаче ама гордоста не ми дава....и потоа следи излегување, па на крајот сфаќам дека не вредело да се нервирам за него. и така:pipi:
 
I have a simple question: како ја преболувате старата љубов?
Прво сум кул,онака ладно се однесувам,демек не ме погодило многу тоа,а потоа почнувам да плачам и плачам,за на крај да сватам дека нема аир од тоа и продолжувам понатаму со зачестени излегувања со другарките,па запознавање на нови личности и самоубедување дека така требало да биде,ќе си најдеш друг...:icon_lol::toe:
 
I have a simple question: како ја преболувате старата љубов?

Едноставно, тргам од таа помисла дека така требало да биде и дека под најитно треба да се помирам со ситуацијата, се убедувам дека никој на свет не ги заслужува моите солзи и дека никој не е вреден да ми ствара нервози... Повеќе живот, полуди излегувања, многу познанства и нов шмек па затоа шармот се уклучува на 10ка...
 
I have a simple question: како ја преболувате старата љубов?

Со алкохол со што друго? Се што преболев алкохолот ме тешеше, така да тоа му е мајката. Ама кога ќе размислам малку повеќе уште ме боли срцето, тоа е моментно, таа ноќ, наредна и толку. Почесто излегувам се дружам повеќе од порано и едноставно не се замарам, зашто сакам со памет и со срце во исто време, и затоа не ги сфаќам трагично работите, животот ме научи така:toe:
 
Zosto prestanavte da postavuvate prasanja vo temata zenite prasuvaat, mazite odgovaraat ? =))
 
I have a simple question: како ја преболувате старата љубов?

Откако ќе се изнаплачам на сите заеднички песни, на сите слики и на сите моменти кога сме биле заедно убо..многу, многу, премногу..После почнувам да си се тешам самата себеси..Дека така требало да биди, дека тој не е вистинскиот, дека Бог можеби има некој поголеми планови за мене, зато требало да се скарам со него..Па после почнува тешењето од страна на мојте другарки..Дека ќе си најдам поарен, дека не ме заслужва, дека е идиот, дека не знај шо пропушта, дека по некое време пак ќе ме побара..После следува пак плачење, и поставување на реторички прашања...Па по некое време се смирвам и излегвам од та депресијата, и почнувам да излегвам со другарки, журки ова она..Па некои нови познанства, дружење со нови личности, нова околина, се ново..
И не за џабе старите рекле..Времето лечи се.
 
starta ljubov ja zasmenuvame so nova podobra hhh se sala na strana mislam deka maskite patat mn podolgo ama ne go pokazuvaat toa a nie nasproti koga custvuvame bolka toa se poznava ama mislam deka so tek na vreme so mnogu solzi so 10000izedeni cokoladi hhh
 
Ситуација слична на мојата само обратно: Идете со дечкото некое време (свежа врска) ама чувствувате дека нешто не штима - крие нешто од вас. Ја дознавате вистината директно од него: типот на почетокот само се мувал со вас за да ја направи љубоморна неговата бивша - барем бил искрен. Како ќе реагирате? Одма раскинувате и потоа го игнорирате/ останувате пријатели, му простувате и му давате шанса, разговарате длабоко и сериозно за проблемот?

Паа треба добро да се размисли за ова, и колку мене ми значи партнерот за да се борам за оваа врска. Дали нивното минато имало убава приказна или не. ДАли му сјаат очите кога ќе ја погледне, тие детали значат. Како зборува за неа, со насмевка ли? Со замисленост? Е тогаш ќе видам дали нашата врска ќе продолжи. Али како си се знам себе тоа тешко да се случи.:toe: Ако ми е судено со човекот, јас пак ќе бидам со него, без некои трети особи во врската.:helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom