Матура - Облека - Машко

  • Креатор на темата Креатор на темата mikie
  • Време на започнување Време на започнување
Каде бе со ваков фустан?

Иначе, дечко ако не си тип што носи одела и такви ствари не купувај само ради матурата. Купи си нешто комотно што ќе ти биде, а со тој буџет можеш да искомбинираш добри ствари.

Матурата во 21 век е небитна и не фрлајте пари за да изгледате како нискокласни теткици и чичковци.

Толку краток коментар, а толку многу глупости во него...

#1 Кој може да биде „тип шо носи“ одела на 17-18 години? У каква пригода некој средношколец би носел одела, жити се? За на школо? За у некој клуб кај шо ќе му го напраат партал за 3ипол мин? Едино за на свадба али тоа ти е еднаш у година... можда и поретко. Ама сепак, под „тип шо носи одела“ ја подразбирам да ги носи почесто, а не еднаш годишно. Затоа оваа забелешка ти е pointless.

#2 Кој кажа дека не ми беше комотно оделото? Како може нешто шо ќе ти напраат по мерка, желба, вкус и квалитетен материјал да не е комотно? Дојди во било кое време ќе ти дадам да го пробаш и да се увериш дека ќе се чувствуваш покомотно од било кое парче облека шо го земаш од random бутик.

#3 Какви се тие добри ствари според тебе? Кое е мерилото? Зошто мислиш дека добрите ствари за (и според) тебе, се и добри ствари за (и според) некој друг?

#4 Зошто мислиш дека купување на одело, кожни кондури и каиш и сл. е фрлање пари?

#5 Какви се тие нискокласни теткици и чичковци? Со овој коментар чувствувам директна навреда дека во оделото сум изгледал како „нискокласен чичко“. Па повели, постирај ти слика од матурата да видиме како си бил/а облечен/а, па може ќе црпиме инспирација од тебе за у будуче :)
 
Дечко ти бре филм си напраи. Сам си пишуваш претпоставки, сам се прашуваш, сам си одговараш. Лудило.
Толку си глуп што ни еден краток коментар не знаеш да свариш.
И ко што велат на глупо прашања не се одговара. Така да неам шо да ти кажам.
А иначе го коментирав фустанот само, а не твоето одело, е тоа ти е пример за нискокласна тетка.

А пошо се најде навреден од мислење на еден форум што не се однесува лично на тебе, те советувам да си побараш стручна помош.
И не ме цитирај пошо ти се кара т.е форумски кажано дебатира за да се праиш паметен.
 
Си купив се.

Сако - 3000ден
Кошула - 700ден
Панталони - 900ден
Кондури - 3000ден
Каиш - веќе имам.
Се на се 120евра и кусур. Таман.
Се ми се допаѓа и со сигурност ќе ги носам понатаму!

Фала на сите за помошта фотка ќе стаам ако некој сака. :)
 
Си купив се.

Сако - 3000ден
Кошула - 700ден
Панталони - 900ден
Кондури - 3000ден
Каиш - веќе имам.
Се на се 120евра и кусур. Таман.
Се ми се допаѓа и со сигурност ќе ги носам понатаму!

Фала на сите за помошта фотка ќе стаам ако некој сака. :)

Ајде, баш ме интересира да видиме шо комбинација си составил.
И пиши кое парче од кај си го зел if u remember :)
 
мене ми е криво дека не отидов со патика, фармерка и поло блузиче, кошулата и сакото џабе ги земав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom