Масони

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Дали Тито одржувал контакти со масоните од регуларните ложи по формирањето на Југославија?
До сега немам видено документација која покажува дека Тито бил на посета на некоја регуларна ложа. Дали остварувал личен контакт - како претседател на Југославија на пример, имал контакт со претседателот Џералд Форд на пример, кој е масон. Дали тоа се смета за масонски контакт или за контакт меѓу двајца претседатели на држави?
 
Се смета за контакт меѓу двајца претседатели на држави. Но контактите што ги создал во масонството, доколку ги користел и по формирањето на Југославија, тоа е еден вид на злоупотреба.
 
Како е тоа злоупотреба?! Животот не му престанал по затворањето на ложите - ниту пак одеднаш престанал да се познава со нив.
Јас сеуште контактирам со луѓе кои по една или друга причина го напуштиле братството.
 
Што ако Тито станал масон само за да создаде контакти со многу луѓе низ целиот свет. Дали тоа не е злоупотреба на масонството? Што ако не го интересирало ништо друго освен да стекне добри контакти?
 
Прво - конкретнава шпекулација е тотално бесмислена. Како да дебатираме што му биле намерите на некого пред 80 години?!
Второ - за некој да може да создаде масонски контакти, не е доволно само да е член - треба да биде активен член на ложата. Дури и тогаш - потребни се години додека да оствари контакти, особено меѓународни. Така што - истиот тој морал да посвети години и години на работа во ложата.
Сум видел луѓе кои се зачленуваат со идеја дека ќе остварат контакти или подобра кариера... таквите обично напуштаат после неколку месеци, откако ќе сфатат што точно претставува ложата.
 
zidarski - Џорџ Вашингтон бил британец така? Тогаш како може, како лојален масон да се сврти против својата држава?
Нели масоните ги ставаат семејството и државата пред масонството. Или пред да стане претседател на САД не бил масон?
 
Џорџ Вашингтон е роден во колониите, така што е Американец.
Има многу примери кога масони станувале револуционери, во име на подобра иднина, против тиранијата итн.
Ако некој е масон - не значи дека не може да биде револуционер во ситуација кога државата е нечовечна. Вакви примери има многу - од Симон Боливар, до Даме Груев. Не гледам ништо спорно во нивните дејствија.
 
Дали во Шкотскиот Орден се доделува алатка за секој степен како во сината ложа?
--- надополнето: 29 мај 2013 во 15:37 ---
Едно прашање.
Доколку два масони водат судски процес еден против друг, и масонот кој не е виновен нема доволно докази да го докаже тоа, масоните ќе го исфрлат од ложата масонот кој би требало да е во право но нема доволно докази?
 
Дали во Шкотскиот Орден се доделува алатка за секој степен како во сината ложа?
Алатките не се "доделуваат" ни во сината ложа. Тие се дел од ложата, не се даваат на кандидатот.
Едно прашање.
Доколку два масони водат судски процес еден против друг, и масонот кој не е виновен нема доволно докази да го докаже тоа, масоните ќе го исфрлат од ложата масонот кој би требало да е во право но нема доволно докази?
Правото не познава концепт на "немање доволно докази". Тој кој е обвинет секогаш има презумпција за невиност - и обвинителот е тој кој мора да докаже вина. Ако нема докази - не постои обвинување. Тоа е така во секое право - па и во масонското.
 
Дали масоните стојат до ставот дека бог е еден, но сите религии му дале различно име?
--- надополнето: 31 мај 2013 во 00:11 ---
Правото не познава концепт на "немање доволно докази". Тој кој е обвинет секогаш има презумпција за невиност - и обвинителот е тој кој мора да докаже вина. Ако нема докази - не постои обвинување. Тоа е така во секое право - па и во масонското.

Еве на пример обвинителот има лажни сведоци против него, или пак ги има подмитено судиите
 
Еве на пример обвинителот има лажни сведоци против него, или пак ги има подмитено судиите

Масоните никад не лажат, можда само некад ја масираат вистината. Врло нежно. А ако излажат, а не се дознае, мунти. Ако пак ги фатат апла у л'жга, онда не се више масони. Шом ќе ја усерат апла, одма следуе отражуење преку новини. Или дистанцирање. Така да, масонеријата увек си остануе чиста као девојачка суза. Тоа шо некои таму масони лажат, подмитујат, праат убер криминали, ово-оно, нема везе со самата масонеријата. Чиста логика. Зидарски се утепа од објаснуење, ама кој да чита.
 
Дали масоните стојат до ставот дека бог е еден, но сите религии му дале различно име?
Нема таков став во масонеријата. Ако поединечни масони имаат таков став - тоа е нивна работа. Масонеријата нема став во врска со религијата.
Еве на пример обвинителот има лажни сведоци против него, или пак ги има подмитено судиите

Навистина е бесмислено да се навлегува во хипотетички дискусии од овој тип...
 
Масоните никад не лажат, можда само некад ја масираат вистината. Врло нежно. А ако излажат, а не се дознае, мунти. Ако пак ги фатат апла у л'жга, онда не се више масони. Шом ќе ја усерат апла, одма следуе отражуење преку новини. Или дистанцирање. Така да, масонеријата увек си остануе чиста као девојачка суза. Тоа шо некои таму масони лажат, подмитујат, праат убер криминали, ово-оно, нема везе со самата масонеријата. Чиста логика. Зидарски се утепа од објаснуење, ама кој да чита.

И масоните имаат најголема доверба меѓу себе, а кога ќе дојде до судски процес тие повеќе му веруваат на судијата отколку на нивниот брат.
--- надополнето: 1 јуни 2013 во 11:08 ---
Нема таков став во масонеријата. Ако поединечни масони имаат таков став - тоа е нивна работа. Масонеријата нема став во врска со религијата.

Кој е твојот став?
 
И масоните имаат најголема доверба меѓу себе, а кога ќе дојде до судски процес тие повеќе му веруваат на судијата отколку на нивниот брат
Свакако. Судија е закон. А масонерија поштуе закон, сем кога законот е безвезе. У тој случај масоните викаат „Јебеш закон!“ или „Јебеш закон који није човечански!“ И онада следи револуција у која зимаат учество слободољубиви масони, па онда следи масонски пи-ар, држ-недај, к*р се тресе, и тако то. Масонска лепота се шири на све стране, али профани топуци не приметуваат. Таксират.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom