Масони

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Што е за вас езотерија?
Кои, како да кажам, науки или знаење, ги класифицирате како езотерични и ги изучувате?
Езотерички = идеи наменети да бидат откриени само на оние кои се иницирани (посветени).
Ние реферираме кон самиот масонски ритуал и како наука и како уметност и пред се на тоа се однесуваат моите коментари во врска со езотеријата.
Се вртиме во круг. Во која света книга пишува дека следбеникот на таа религија треба да помине низ некаква иницијација која би имала некои езотерички елементи? Ти се декларираше како Православен Христијанин. Дали можеш да цитираш БАРЕМ ЕДНО место во Библијата каде што се споменува дека си поблиску до Бог преку езотеричка иницијација во полутајно, елитистичко друштво?
Како што реков - самото спојување со Светиот Дух е езотеричко искуство. Наменето е само за посветените (покрстените), не може да се случи на непокрстени, и се одвива преку езотерички ритуал, кој исто така е наменет само за припадниците на религијата - додека останатите може само да набљудуваат, а не да учествуваат во него (кум не може да биде некрстен)... колку и да не го третираме ова како езотеричко, затоа што ни се чини вообичаено и сме навикнати на него - но сепак, ако се погледнат детаљите, изгледа сосема поинаку.
Еве едно лично прашање. Дали ти веруваш дека си поблиску до Бог преку членувањето во масонеријата?
Не знам од каде се наметна дискусијата за станување поблиску до Бога... Не верувам дека некаде сум тврдел дека масонеријата те доближува до Бога.
 
Добро кажано. Масонеријата те оддалечува од Бога.;)
 
Не знам од каде се наметна дискусијата за станување поблиску до Бога... Не верувам дека некаде сум тврдел дека масонеријата те доближува до Бога.
Па иако не си тврдел, генерално тоа би требало да е општиот впечаток, според досега изнесеното за Масонството. Така личи.
 
Хмм, целта на секој верник треба да биде приближување до Бог, или јас ништо не сум разбрал од религијата. Ти, не заборавај дека си деклариран верник. Навистина, од тој аспект гледано, како мислиш дека се однесува членството во масонеријата во однос на евентуалното доближување до Бог?

Позитивно, негативно, неутрално?

Ако е позитивно, тогаш вие му го узурпирате Бог на нечленовите, криејќи ги тајните за пристап до него од профаните.

Ако е негативно, тогаш што како религиозен бараш во масонеријата?

Ако е неутрално, тогаш зошто масонеријата бара членовите да бидат религиозни?

Угоре високо, удолу длабоко...
 
Религијата ја има улогата да те доближува до Бога, не масонеријата.
Условот за членовите да бидат верници нема никаква врска со тоа. Секој си има свој однос кон Бога, а причината да не се примаат атеисти - веќе ја објаснив.
--- надополнето: Oct 26, 2011 8:17 PM ---
Па иако не си тврдел, генерално тоа би требало да е општиот впечаток, според досега изнесеното за Масонството. Така личи.
Ако под приближување до Бога имаш предвид да стане човек подобар, да работи повеќе, да учи и да знае повеќе, да се грижи повеќе за ближните и за непознатите... Ако зборуваме за приближување до Бога од чисто религиозен аспект (кој ги вклучува претходно наведените работи, но има и многу други елементи) - тогаш не.
 
Религијата ја има улогата да те доближува до Бога, не масонеријата.
Условот за членовите да бидат верници нема никаква врска со тоа. Секој си има свој однос кон Бога, а причината да не се примаат атеисти - веќе ја објаснив.

Искрено, од чисто логички аспект, дали мислиш дека овој твој пост е одговор на прашањето кое ти го поставив во претходниот пост?
 
Хмм, целта на секој верник треба да биде приближување до Бог, или јас ништо не сум разбрал од религијата.
Овој цитат би сакал да го искоментирам дополнително...
Да, целта на секој верник е доближување до Бога. Начините на кои тоа го прави се најразлични и секој одбира најразлични патишта за да се доближи до Него.
Ако зборуваме од чисто религиозен аспект (кој вклучува конкретни догматски елементи) - масонеријата нема цел да те доближи до Бога. Тоа го прави твојата религиозност. Дали тоа што некој е масон му помага да се доближи до Бога или не - тоа е веќе лично и за секого различно. Но самата масонерија нема таква цел, ниту пак некаде претендира за тоа. На што точно ќе го ограничиме "доближувањето до Бога"? Дали завршувањето на универзитет некого доближува до Бога или не? Да, може - затоа што знаењето не доближува до Него и ни овозможува подобро да го разбереме Неговото Дело. Но не мора, затоа што зависи од личноста каде (и дали) ќе го насочи тоа знаење. Дали играњето на некаков спорт не прави поблиски до Бога или не? Да, може - затоа што го чуваме телото, дадено од Бога, здраво и силно, поспремно да се посвети Нему - но не мора, затоа што може да се прави од чисто рекреативни причини од луѓе кои немаат никаков концепт за Бога. Дали учествувањето на форумов не доближува до Бога или не? Да, затоа што учиме по нешто ново за различните луѓе и подобро ги разбираме на тој начин, но не мора - затоа што може само да си го тепаме времето и да лаеме по форумџии што не ни се допаѓаат...
Каде точно е границата и што точно дефинираме под тој термин?!
--- надополнето: Oct 26, 2011 8:25 PM ---
Искрено, од чисто логички аспект, дали мислиш дека овој твој пост е одговор на прашањето кое ти го поставив во претходниот пост?
Немав завршено со одговорот... се преклопивме со постирањето.
 
ОК, it makes sense. Вака напиашано, излегува дека езотеискиот момент во масонеријата се однесува чисто на самото чуство на припадност во неа, а односот на поединецот кон Бог останува лично негов. Меѓутоа, не верувам дека било каде во масонеријната е стриктно направена оваа дистинкција...

Хмм, Зидарски, да не имате отворено слободно работно место за теоретичар на масонеријата, да конкурирам?

;)
 
Јас цело време го тврдам ова... и е многу стриктно направена оваа дистинкција - во директен и многу едноставен текст.
Хмм, Зидарски, да не имате отворено слободно работно место за теоретичар на масонеријата, да конкурирам?

;)
Само за верници :cuc:.
 
Јасен ти е чудна локација во нашава земја, едни викаат дека таму само ловат глаучите и ништо друго, други дека магацините се полни со оружје и затоа обичен човек нема пристап таму. Дали е воен објект и ако е воен објект зошто војската не го обезбедува? Директен пристап таму имаат само претседателот, премиерот, министрите за полиција и војска, директорите за безбедност разузнавање и контразузнавање, командантот на воената тајна служба и директорот на МАТ. Министер за образование за труд и останата ситна боранија таму немаат пристап, ама пак затоа шефот масонски таму сред локација гради дрвен замок. Ако е локација за координарње на команден врв и безбедност на оваа земја што мајка бара таму шефот масонски?

И дали Јасен е македонскиот Бохемиан Гроув?
 
Кој тоа таму гради??

П.С Јасен беше поодамна отворен за очите на јавноста.
 
Шефот масонски за Македонија.

Ако е отворен за јавност ќе ме пуштат да се прошетам јас таму низ шума а? Што мислиш ти?
 
Бучио не ме разбра.

КОЈ е ТОЈ кој има право да и пркоси на државата со тоа што гради на стратегиско утврдување(ако неќеш јавно да го спомнеш пиши ПП-сега ме разбираш:))???

Не е музеј-беше тоа еден ден се собраа новинари,шпиони сликаа до каде можеа и заминаа после тоа повторно Restricted.
 
Е навистина не разбрав кој тоа и што гради во Јасен?
 
Директорот на МАТ што беше и главен на масоните што е тука му го заборавив името, тој гради дрвен замок во Јасен.
--- надополнето: Oct 27, 2011 12:43 PM ---
Бучио не ме разбра.

КОЈ е ТОЈ кој има право да и пркоси на државата со тоа што гради на стратегиско утврдување(ако неќеш јавно да го спомнеш пиши ПП-сега ме разбираш:))???
Не и пркоси на државата со нејзино знаење гради сега ќе побарам како се вика само момент не можам да се сетам на името ама директор на МАТ и главен на масоните еден е во земјава.
--- надополнето: Oct 27, 2011 12:44 PM ---
Е овај:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom