Маскулизам

  • Креатор на темата Креатор на темата Вештерот
  • Време на започнување Време на започнување
В

Вештерот

Гостин
Се работи за аналогија на феминизмот, но за мажите. Можеби проблемите и дискриминацијата не се сеуште толку големи, но со тек на време ми се чини дека маскулизмот ќе станува се поактуелен. Денес гледаме дека во развиените држави образовниот систем е направен така да ги елиминира машките деца и на универзитетите преовладуваат женски. Во Америка на пример поголемиот број на невработените се мажи, а истотака за мажите е потешко да најдат работа. Поголемиот број престапници и осуденици се мажи, насилството над мажите е игнорирано итн.Ова е прилично модерен феномен на дискриминација на мажите и ми се чини дека таа дискриминација ќе биде се поголема во иднина.

Еве едно мсилење за тоа што се случува со мажите и потврда за изнесените податоци и статистики

Пред да ја отварам темава мислев дека такво нешто како маскулизам не постои, ама за секој случај видов во гугл и за мое големо чудење видов и дека таква работа постои. Првично мислев да отварам тема каде би ја развивале таа нова филозофија.

Што мислите вие? Дали денес се мажите тие врз кои се врши дискриминација или превладува дискриминацијата врз жените? Дали мислите дека е потребно едно вакво движење како маскулизмот? Дали и како може тоа да се промени и зошто?

П.с. Како и и да е ве молам за коментарите да бидат на ниво и без навреди.
 
Дали преовладува дискриминацијата врз жените? Зависи во кои земји. Ако зборуваме конкретно за темата и не ја тупиме за феминизам, во некои земји, рака на срце, би повикала на масовни протести поради дискриминација на мажите. Ептен жал ми паѓа! Во таквите, еманципацијата на жената тргнала во погрешна насока. Наместо да се случи еднаквост, се појавува доминација. Значи тотален промашај!
 
Еве ви линк да видете за што зборувам
http://en.wikipedia.org/wiki/Masculism
Темава не е за мускули и теретани.

Ме интересира и дали некаде случајно постојат статистички податоци за Македонија, да видиме како стојат работите.
 
насилството над мажите е игнорирано итн.
Значи од сам старт да ти кажам дека името на ова „движење“ (како да го наречам?) не ми се допаѓа. Ни феминизам не ми се допаѓа. Треба да се иде на еднаквост на половите. Феминизам или маскулинизам, ме асоцира на заштита на правата на еден пол.
Во поголемиот дел од светот жените се дискриминираните. Но, во поразвиениве држави, пример САД, стварно се врши една тивка дискриминација на мажите. Ова што го цитирав, баш се слагам со тоа.
Разгледај ја ситуацијата на мажите што се злоставувани во домот. И ако сакаш ептен да се разлутиш, разгледај ја дискриминацијата што се врши врз мажите во американските судови за развод (да имаат специјални судови). Значи, буквално, што и да направи жената, ти си крив и ти губиш. Ти можеш да се утепуваш од работа, таа да седи дома, да те вара и на крај да ти поднесе барање за развод, да ти земе пола од имотот и децата. И ти да плаќаш алиментација додека таа со живее со швелерот од твоите пари. Башка, ако и перне на паметот слободно може да те обвини дека си ја злоставувал. Доволно е само да те обвини, секогаш и веруваат на жената во тамошните судови.
 
Како не да немало. Погледај огласи за вработување само и ќе видиш дека највеќе се бараат млади девојчиња за послужување стари дртала. Овие ко на времето Битола на Широк Сокак шо седеа на едно каве со камуфлажа весник свртен од наопаку.
 
Е тука е веќе потребен феминизам. Или и вие сакате да бидете на местото на тие млади девојчиња и да ве третираат како секс објекти? :icon_mrgr:
 
Е тука е веќе потребен феминизам. Или и вие сакате да бидете на местото на тие млади девојчиња и да ве третираат како секс објекти? :icon_mrgr:
Погледни ги огласите онлајн и оние печатените во вторник што испаѓаат.
Зошто преку огласи се бараат и девојчиња за филмови за возрасни, а мажи не се бараат? :/
 
Жената е најголемо малцинство во светот! И најексплоатирано.
Има еден друг проблем со идеологиите генерално, што може и да е логичен тек на настаните, се што еднаш почнало да се развива мора и да се распадне. Изгледа таму каде што феминизмот, кој се залага за еднаквост меѓу половите, да не заборавиме, го достигнал својот врв, сега зема форма еквивалентна на шовинизмот.
Секогаш е така, чисти примери се социјализмот што стана еквивалент на фашизам и капитализмот еквивалент на робовладетелство.
 
Но не и во Македонија. Повеќе жени има отколку машки.
Јас не мислев малцинство како популација, туку како однос кој преовладува кон жените. Жените се третирани како малцинство.
 
А зашто го спомнувате одма западот т.е. УСА и сл. еве како пример нашава државичка повеќе не вреди човек да е маж, машките деца подобро нека се фрлат во Вардар ич да нема мажи повеќе ........... кај нас знам дека можеби звучи смешно, но мислам дека жените веќе се и далеку подоминантни од мажите .......... на пр. работните места(и тоа појаките) ги земаат повеќе жените, мажите работат повеќе како физички работници, жените газдуваат, жени директорки на јавни институции, жени приватни бизнисменки со сопствени бизниси, жените го зафаќаат денеска половина парламент, а и добар дел од министерските места, советничките места и.т.н. кај нас Феминизмот зеде прилично голем замав, иако сме така да се изразам сепак Балканска земја и сиромашка, но сепак по овие работи и Америте можат да ни позавидат !
Плус и законот повеќе се става на страната на жените, во случај на разводи и такви ствари ............. имам роднини во Австралија и ми имаат кажувано луѓево: овдека да се ожениш(во АУ) треба да си чукнат, колку и да си перфектен како маж сепак за едно 2-3 години ќе ти ја удри клоцата и ќе те остави на цедило(ќе ти земе и дете/деца и многу пари и пола имот) да ова лично ми го имаат кажувано роднини од таму повеќепати ........... денеска се врши тивка дискриминација и терор врз мажите, па и не е чудно и баш поради оваа појава(светска) и се помалку да се склопуваат бракови(за разлика од порано), а и склопените бракови да се распаѓаат за краток временски период, на штета на мажот повеќе нормално ............... кој како сака нека збори, ама никој неможе да ме убеди дека Феминизмот е ОК кога не е ОК, мислам Феминизмот отиде во претеризам, сега е на ред да се појави т.е. реставрира Маскулинизмот ..... како што погоре напиша/кажа другарот Вештер, не за да се уништи Феминизмот, туку за да се врати во нормалната позиција или нека има навистина еднаквост или се нека отиде у п.м. крај-краева и ич веќе не ми е ни гајле, сеедно ми е, чисто само си го кажав мислењето !
 
Абе женското ако не е ќерка или внука на некој моќник локален сепак природата и дала пар ци*ки на телото(извинете на речников ама така е) па ако правилно ги користи може и далеку да догура.
А машкото ако не е син пријател или внук на некого може слободно да си купи еднонасочен билет за некоја од дестинациите каде би го примиле да р‘мба на бауштеле.
 
Абе види сега ............ женско како женско и да не е многу паметна, ниту пак многу вредна/работлива ......... пак ќе се најде некој акмак и ќе ја земе т.е. ќе ја прими во куќа ........ али машко како машко и да вреди и да не вреди како човек денеска тоа и нема некоја врска ........... едино копачот на рамо, торбата со храна под мишка и цепај ......... потрага по бољи живот .......... фактички секаде е исти ку*ац ........... на планетава ........ е сега неможеме сите да сме синови, внуци, роднини на Рокфелер & Компани ........ т.е. не сме сите деца на владици и буџи .......... мора да има и некој/некои обични луѓе/смртници што ќе ојдат курбан, под тоа курбан мислам на пропали живот, а не на смрт скраја да е !
 
А зашто го спомнувате одма западот т.е. УСА и сл. еве како пример нашава државичка повеќе не вреди човек да е маж, машките деца подобро нека се фрлат во Вардар ич да нема мажи повеќе ........... кај нас знам дека можеби звучи смешно, но мислам дека жените веќе се и далеку подоминантни од мажите .......... на пр. работните места(и тоа појаките) ги земаат повеќе жените, мажите работат повеќе како физички работници, жените газдуваат, жени директорки на јавни институции, жени приватни бизнисменки со сопствени бизниси, жените го зафаќаат денеска половина парламент, а и добар дел од министерските места, советничките места и.т.н. кај нас Феминизмот зеде прилично голем замав, иако сме така да се изразам сепак Балканска земја и сиромашка, но сепак по овие работи и Америте можат да ни позавидат !
Плус и законот повеќе се става на страната на жените, во случај на разводи и такви ствари ............. имам роднини во Австралија и ми имаат кажувано луѓево: овдека да се ожениш(во АУ) треба да си чукнат, колку и да си перфектен како маж сепак за едно 2-3 години ќе ти ја удри клоцата и ќе те остави на цедило(ќе ти земе и дете/деца и многу пари и пола имот) да ова лично ми го имаат кажувано роднини од таму повеќепати ........... денеска се врши тивка дискриминација и терор врз мажите, па и не е чудно и баш поради оваа појава(светска) и се помалку да се склопуваат бракови(за разлика од порано), а и склопените бракови да се распаѓаат за краток временски период, на штета на мажот повеќе нормално ............... кој како сака нека збори, ама никој неможе да ме убеди дека Феминизмот е ОК кога не е ОК, мислам Феминизмот отиде во претеризам, сега е на ред да се појави т.е. реставрира Маскулинизмот ..... како што погоре напиша/кажа другарот Вештер, не за да се уништи Феминизмот, туку за да се врати во нормалната позиција или нека има навистина еднаквост или се нека отиде у п.м. крај-краева и ич веќе не ми е ни гајле, сеедно ми е, чисто само си го кажав мислењето !
Човече како Хитлер си со дугачкиве говори а ти со постоиве хаха шала на страна , да и те како има феминизам еве еден пример во судството бев пред некое време на парница за развод и судика не водеше како само се понашаше со мене тоа чудо а со бившата колку само блага беше нема каде да се жалиш тоа е факт и вистинаа за доминантноста во тие институции кај нас ако ти се погоди жена и ако од сабајле нее убаво еб..на си наебал :sneaky:
 
Жена на жена е најголем непријател, не ве сфаќам зошто се жалите?
Од друга страна никој не ви е крив, што сте им дале толку права на жените, затоа денеска ве газат на сите полиња! Ионака поголемиот дел од машката популација се понаша бетер од женско, па не е ни чудно, што ние женските имаме поголеми МУДА од машките!
Бидете среќни што имате и олку права ;)!
 
Back
На врв Bottom