Концерт на Mark Lanegan Band во МКЦСо нескриено задоволство го најавуваме првиот концерт за 2015 година. Во рамки на промотивната турнеја по повод новиот албум насловен Phantom Radio, конечно, и Скопје на мапата. На 25.февруари во МКЦ за прв пат гостува големиот Mark Lanegan со бенд (не е соло настап)!
Mark Lanegan Band
Phantom Radio
Марк Ланеган има речиси 50 години. Штотуку го објави својот нов албум насловен Phantom Radio. Тоа ќе биде неговиот деветти соло-албум, но ако ги сметаме соработките со Изобел Кембел (Isobel Campbell), Дјук Гарвуд (Duke Garwood) или со едната половина од The Gutter Twins (неговото тековно партнерство со Грег Дули (Greg Dulli)), или пак неговиот поранешен легендарен прв бенд Screaming Trees, тогаш таа бројка се движи некаде околу 20. Потоа тука се и неговите гостувања на албумите на Queens Of The Stone Age, а претходно и на албумите на Mad Season, супербендот од Сиетел од средината на 90-тите кој беше составен од членови од познатите Alice In Chains, Pearl Jam и Screaming Trees. Да не ги споменуваме неговите еднократни соработки со музичари како UNKLE, Martina-Topley Bird, Moby, Soulsavers, Melissa Auf der Maur и Creature With The Atom Brain. Сѐ на сѐ, Марк Ланеган учествувал на околу 50 албуми. Педесет години, 50 албуми.
Билетите се веќе во продажба, САМО на билетара на МКЦ. Првите 250 билети се продаваат од цена по 400 денари, после исполнување на квотата, цена на билет чини 600 денари!
БРОЈОТ НА БИЛЕТИ Е СТРОГО ОГРАНИЧЕН!
За 400 ден никако не смее да се испушти.