Мариово

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
3.616
Поени од реакции
7.742
Ветено сторено. Тема за Мариово во подфорумот: уметност, јазик и литература, пошто е најблиску до култура. Има тема за Мариово и Прилеп во туризам и македонски градови. Но, овде сакам аспектот да е стриктно на мариовската култура, која е посебна на многу начини. Нешто што најмногу грми Македонија за мене, сме токму ние Мариовците.
Во Прилеп важиме за опнати/занесени и сељаци во исто време. Ова е така, пошто во Прилеп има и други Македонци од други села... *сучи брк ко Итар Пејо* , кој не се Мариовци, од Подмол на пример (n), на нив се гледа критично од наша страна :LOL:, а и тие на нас Мариовците гледаат како на најтешка сељачана. :ROFLMAO:

Шегата на страна, Подмол исто спаѓа под Мариово. Мариовците имаат огромна култура, со свои ултра црвени носии, наредени со бронза за жените и бели за мажите. Имаат свој дијалект од Македонскиот Јазик кој е доста интересен. Станува збор за луѓе од регион кој е изолиран како ретко кој друг во Македонија. Планини ни е цела земја, тоа е точно, но во Мариово тие се крути, карпести, непроодни и непристапни. Ова го заштитил регионот од многу непосакувани влијанија. Мариовците задржале автономност и во турско. Можда затоа сме толку опнати и дигнати? :cool: Човек кој вечно бил сам свој газда, повеќе се цени себеси од другите.
@vouager ти да не си од Подмол бе?

МАРИОВО

1000057663.png

1000057760.jpg

1000057763.jpg
Че има слики во наредните постој, со итри Мариовци и носии. Исто ќе има фокус на разни села, цркви и пејзажи. Ова е само вовед.
 
Последно уредено:
Познат е мостот во Зовиќ, пола Битола се слика таму за викенди. А и Прилепчани прават тури до Кајмакчалан, па се до Меглен во Грчка.

Еве неколку пејзажи

Изорана нива близу Витолиште
1000057768.jpg

Поглед на Градешка река
1000057769.jpg

Ко че ги видам сликиве ми текнува воздухот како мириса таму на пролет. Мхм.

Мариовска тресеница

Еве што е култура и уметност. Мариовска Тресеница е едно од најубавите македонски ора, бавен почеток, а брз крај.

Последно уредено:
Според Хаџи Константинов Џинот, најјуначки од македонските подврсти на племиња се Мариовци. Потекло од Мирмидонците, најтесно врзани со Александар. Според извори од 800те години од Византија, племето Мирмидонци се меша со Словени, но и покрај таа северна микстура, знаело да крева бунтови против тронот, заедно со Хелени. Брсјаците западно од Мариово, во 800тите кренале бунт против Царицата Ирена - заедно со Eлините, кој денес неќат лице да ни видат. Ај и така ќе преживееме ние.
Во тоа време словенски топоними имало до Тесалија, местото од кое точно потекнувале Мирмидонците.

Мариовци на свадба
1000057764.jpg

Мариовци везат свадбарско знаме
1000057784.jpg

Мариовци ги канат мртвите на свадба
1000057666.jpg

Пејовци на трпеза
1000057665.jpg

Мариовци на Митровден
1000057664.jpg
 
Последно уредено:
Смислата за хумор плени. Како е вкаена во секој од нас, ми се чини сите сме праени од Пејо Мариоецот. Кизне колку жени оплодил.
 
Убај лујѓе сте прилепчани, за малце прилепски зет ќе бев.

Јас потекнувам од каде што се оди од Прилеп преку Бучин.

Сум бил Мариово многу пати, преубаво место, ризница за културното наследство на Македонија.
 
Јас сум Прилепчанец, но по потекло од Манастир. Селото има Црква од 10ти век, градена од член на Династијата Комнени. Фреските се едни од најретките во МКД. Селото има Извори.
 
Имав лекарка кога бев дете, беше родена во Прилеп, ама беше мажена во Куманово. Се сеќавам еднаш ја прашував дали ги познава Стале Попов, Итар Пејо. :D

Инаку знам точкарите имаат тури низ Мариово, дали еднаш, дали два пати не ме држете за збор. Секако штета што многу краеви во Македонија станаа пусти, па и тој...
 
Убај лујѓе сте прилепчани, за малце прилепски зет ќе бев.

Јас потекнувам од каде што се оди од Прилеп преку Бучин.

Сум бил Мариово многу пати, преубаво место, ризница за културното наследство на Македонија.
Od Krivogashtani ?
 
Калеш Анѓа
1000057783.jpg

Еден топол јунски ден, на прилепскиот пазар се собрани повеќе Мариовци, меѓу кои и дедо Богдан Сирмев од селото Старавина, со својот осумгодишен внук Анѓел. На пазарот пристигаат четворица аги, кои со сомнеж ја набљудуваат групата селани. Еден од агите е прилепскиот кадија Арслан-беј, кој има намера да му се оддолжи на султанот така што ќе му однесе стотина христијански деца за да бидат јаничари. Кога селаните се подготвуваат да си заминат, нив ги обиколуваат многу сејмени, кои ги грабаат сите присутни деца, вклучувајќи го и Анѓел Сирмев, братот близнак на Анѓа. Кога се враќа во селото, дедото Богдан им ја соопштува тажната вест на родителите на Анѓел, Трајко и Велика, како и на Анѓа. Кадијата им дава турски имиња на грабнатите деца, па така Анѓел станува Арслан. Десет години подоцна, Анѓа има 18 години и се мажи за Стојан Ристев. Таа есен, кадијата Арслан-беј дознава дека Мариово било „слободно“, односно дека селаните не ја признавале турската власт, па со бројна војска се упатува кон Мариово. Во селото, попот му објаснува на кадијата дека селаните не плаќаат данок поради тоа што пред стотина години целата земја им била подарена од султанијата Мара, а кадијата бара до крајот на денот селаните да соберат 100,000 аспри како надомест за неплатените давачки во изминатите сто години. Селаните немаат толку пари, па започнува колеж и грабеж во селото Старавина при што меѓу грабнатите селани е и Анѓа. Минува една година, а Анѓа никако не сака да се потурчи, иако кадијата и неговата слугинка Ајша се обидуваат да ја наговорат на разни начини. Во меѓувреме, татко ѝ на Анѓа, Трајко дознава дека таа се наоѓа во конакот на кадијата во Прилеп и, заедно со нејзиниот сопруг Стојан и со седуммина мариовски момчиња, влегуваат во конакот и ја спасуваат Анѓа. Кога пристигаат во Мариово, Анѓа и Стојан прават богата свадба. Двесте турски војници заминуваат да го покорат Мариово, но тие паѓаат во стапицата поставена од селаните при што гинат повеќето турски војници. По тој неуспех, кадијата го напаѓа селото од четири страни и бунтовниците се принудени да се повлечат во една пештера. По голема битка, повеќе селани, меѓу кои и Трајко и Стојан, се заробени и одведени кај кадијата во Прилеп. Трајко Сирмев (татко и на Анѓа) бил жив запален на прилепскиот пазар, а останатите заробеници, меѓу кои и Анѓа се одведени во Истанбул, каде дознаваат дека султанот Сулејман починал пред неколку дена и дека него го наследил Селим Втори. Кога слуша за Анѓа, везирот Мехмед-паша Соколовиќ го известува водачот на јаничарите - Арслан-бег (братот на Анѓа грабнат пред 10 години), а тој ја препознава Анѓа. Тогаш тој одлучува Мариово да остане слободна земја, а прилепскиот кадија да се затвори.
 
Калеш Анѓа
Прегледај го приврзокот 465734

eh shto me podseti, ovaa kniga beshe prvata shto ja procitav vo zhivotot . Bev ca. 7 God.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom