Manchester United vs. Liverpool... 19.09.2010 (недела ) во 14.30h

вашиот тип


  • Вкупно гласачи
    120
  • Гласањето е завршено на .

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.708
Поени од реакции
5.351

мислам дека најголемото дерби во Англија заслужува ваква посебна тема, со анкета секако...

недела во 14.30, на Олд Трафорд во 180 меѓусебен дуел ќе се судрат 36 лигашки титули, односно вкупно, неверојатни 116 титули во сите конкуренции.. 58 на едната страна, 58 на другата страна... овие два клуба со право се сметаат за најтрофејните Англиски клубови.. Ливерпул доминираше во англискиот фудбал во периодот од 70-тите и 80-тите години од минатиот век освојувајќи 11 домашни титули и 4 титули во Европа во тој период вклучувајќи ја тројната круна во 1984 година... во периодот од 1990 година па се до денес Манчестер секоја година се наоѓа во врвот на Англискиот фудбал... во 1999 година и Манчестер ја освои тројната круна..



ривалството помеѓу Манчестер и Ливерпул датира уште од дамнешно време.. имено и двата тима се од истоимените градови од северно западниот дел на Англија и во минатото меѓу овие градови дошло до "борба" за превласт во тој дел од Англија, како на индустриски така и на спортски план...

во меѓусебните дуели традицијата за многу малку е на страната на Манчестер Јунајтед што покажува дека натпреварите помеѓу овие екипи се секогаш изедначени... во последните пет натпревари скорот е 3-2 за Ливерпул, вклучувајќи ја и големата победата од 4:1 на Олд Трафорд во 2009 година... најголема победа од 7:1, Ливерпул ja забележал далечната 1895 година, додека најголемиот пораз го доживеал во 1928 година кога на Олд Трафорд е поразен со 6:1..


 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
^Нц, Бугарот е тој што е настрвен сега за голови, не знам што е тоа што го мотивира во последно време ама нека продолжи. Сигурна сум дека ќе е стрелец викендов а за конечен исход не знам, дерби си е дерби :)
 
?

..........

Гостин
Јас сум за Манчестер, само дај кажете кај може да го следам натпреварот :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.810
Поени од реакции
15.916
Ја би за Ливерпул да победи, ма да малце потешко ќе биди, али и Мен Ју не се нешто бољи од нив (според играчки кадар) :)
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
Бидејќи немат нерешено во анкетава, одбивам да гласам. :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Дерби си е дерби...но Ливерпул се во лоша форма така да Манчестер би требало полесно од очекувањата да дојде до 3-те бода!
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.622
Поени од реакции
10.895
Серијата од 3 нерешени по ред на Манчестер Јунајтед завршува со победа во недела на Олд Трафорд над големиот Ливерпул...with all due respect, кога му гори на Фергусон под гзот, почнува да гази, па макар и да го употреби авторитетот над сите за да дојде до победа :wink:
Поздрав и фер плеј, без тепачки...

GLORY!!!
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.708
Поени од реакции
5.351

мал додаток... изјава на Фергусон

‘My greatest challenge is not what’s happening at the moment, my greatest challenge was knocking Liverpool right off their fucking perch. And you can print that.’
Sir Alex Ferguson​
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Иначе Фергусон во шала изјавил „Ливерпул сигурно нема да се брани со 5 играчи,како Ренџерс,туку можеби со 6“ :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom