Man of faith, man of science

  • Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
Баш ќе бидеме лост доколку се определиме само за една од овие две страни а другата ја отфрлиме, а нема ни да бидеме свесни за тоа бидејќи ќе станеме или верски или рационален фанатик - атеист :) Ќе бидеме многу збунети доколку ги прифатиме во некој сооднос 50 : 50, 70 : 30, 40 : 60%.... но барем ќе бидеме свесни за тоа. Најдобро е 100 плус 100% што е еднакво на просветлување бидејќи човек ништо не отфрла а е ослободен и од двете.
Кога човек би бил целосен рационалист а не само рационален фанатик, автоматски би станал и верник бидејќи токму со рационализмот рационално би дошол до заклучок дека тој е сам по себе многу ограничен и не нуди спознание на многу работи за кои е потребна вера и отворен ум, нешта што многу ги гушат бидејќи од нив прават несигурни луѓе, агностици, а тие истите го користат рационализмот како изговор дека го избрале научниот пат за кој знаат дека е ограничен, и така си добиваат оправдување дека се луѓе од наука, а и изговор дека не мораат да се менуваат, бидејќи е тоа тешко и болно.
Верски фанатик во старт е ограничен со рационализмот бидејќи мора да јаде и пие сам а не нон сенс да чека Бог или судбината да му дадат јадење. Игнорирањето на науката и рационализмот е пат на фанатизам и лудило, а човек со вистинска вера нема што да отфрла, тој прифаќа се не врзувајќи се за ништо.
Ме пратите нели?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom