Малала Јусафзаи

  • Креатор на темата Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување Време на започнување
S

staycalm

Гостин
Малала Јусафзаи, девојката која преживеа откако беше застрелана во главата од Талибанците, ја доби наградата „Peter J. Gomes Humanitarian Award“ од Универзитетот Харвард.
Исто така таа е добитничка на Нобеловата награда за мир

16-годишната Пакистанка која смело се залага за образование на девојките насекаде низ светот одржа инспиративен говор. „Да запомниме: Една книга, едно пенкало, едно дете и еден учител можат да го променат светот“ – рекла таа.
03.jpg

01.jpg

Во 2012 Малала беше застрелана во главата и вратот во училиштен автобус додека се враќала од училиште. За среќа, обидот за убиство беше неуспешен и таа беше префрлена во Англија каде доби соодветна медицинска помош. Зборувајќи за Талибанците, храбрата девојка изјавила: „Таканаречените Талибанци беа уплашени од моќта на жените и беа уплашени од моќта на образованието... Во тоа време не останавме тивки. Го кренавме гласот за правото на образование.“

Малала уште од мали нозе го обожавала училиштето. Уште пред да биде доволно возрасна за да започне со своето образование, таа ги посетувала часовите на својот татко учител и внимателно ги слушала сите лекции. Кога имала само 11 години, тајно ги испраќала своите дневници во BBC. Во дневниците таа пишувала за својата земја, за различни секојдневни нешта како тоа дека омилениот розов фустан може да ја стави во опасност зашто Талибанците не ги одобруваат силните бои.

Малала знаела дека нејзините дневници се опасни и се плашела дека еден ден ќе дојде некој да ја замолчи засекогаш. Но, била подготвена храбро да се исправи и да „им каже дека она што се обидуваат да го направат е погрешно и дека образованието е наше основно право.“

Во говорот во Харвард таа потенцирала дека малку луѓе се осудувале да проговорат за она што се случувало во нејзиното родно место. „Иако малку луѓе проговорија, гласот за мир и образование беше моќен“ – рекла таа.

Јагланд Торбјорн лично ѝ се обратил на Малала и ја истакнал важноста на нејзината борба.„Твојата храброст испраќа силна порака до жените да застанат во одбрана на своите права, што претставува предуслов за мир“ – рекол тој.
 
Pak so obvinuvanja na reglizinozna baza? odkaj se znae deka nee nekoj zalutan kursum? ima dokaz deka probale da ja ubijat? pak tajnite sluzbi umesale prsti....
 
Pak so obvinuvanja na reglizinozna baza? odkaj se znae deka nee nekoj zalutan kursum? ima dokaz deka probale da ja ubijat? pak tajnite sluzbi umesale prsti....
Очигледно не си го гледал видеото во првиот пост, изгледај го тоа и ова: поопширно е објаснето што се случило и како
 
Demekako ima video vistina e? anti-islamisticki propagandi, nasegde sirat....
 
Demekako ima video vistina e? anti-islamisticki propagandi, nasegde sirat....
Ок, еве да речеме точно е ова што го велиш, сепак не се објаснува како тој „залутан“ куршум влегол точно така.
плус, таа била прва што не се плашела од никој и си застанала на свои нозе иако била млада за права на жените, кои што не ги имале, ова мислам дека е доволна причина некој да сака да ја убие.
 
Убаво што девојчево се труди да им објасни на сите дека образованието е поважно од насилството, но очигледно е дека сето тоа е џабе. Чкљарците се опседнати со исламиштето, насилството, убиствата и третирањето на останатите луѓе како ѓубре....., на нив неможеш да им укажеш што е добро.

:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom