Макс Мозли ќе ја посети Македонија во март

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.250
Поени од реакции
12.474
Макс Мозли, претседателот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) во март 2008 година ќе дојде во посета на Македонија. Тоа ќе биде негова прва посета на нашата земја, а како дел од неговиот престој ќе се разговара и за помош и развој на македонскиот автоспорт. Македонија е единствената земја во опкружувањето што нема тркачка патека која би задоволувала некои минимум стандарди за одржување автотрки и автоспорт на најниски гранки и со најслаби резултати. Потврдата за посетата на Мозли на Македонија ја добивме и од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), без детали колку ќе трае посетата и целосната агенда. Мозли со приватен авион треба да пристигне во Скопје, да разговара со луѓето од АМСМ, а една од точките за разговор би требало да бидат и начините за помош на македонскиот автоспорт, кој е на најниски гранки од земјите во опкружувањето.

Годинава првпат автотрките и трките на ридски и кружни патеки поминаа без вообичаената помош од АМСМ, па организаторите едвај „се крпеа“ да го одржат натпреварувањето на достојно ниво. Нашите екипажи ги нема на посилните европски натпреварувања, туку само во околните земји. Единствено што Македонија последниве години го прави од повисок ранг е ФИА Челинџ-купот, во трки на ридски патеки на Водно.

Мозли ќе дојде во Македонија на покана на АМСМ, но и по сопствена желба. Уште лани изразил желба да дојде во Македонија, а сега тоа е веќе влезено и во неговиот календар за посети. Тој сакал да се запознае со работата на АМСМ. Ова ќе биде прва посета на вака висока личност од ФИА на Македонија.

Белгиецот Мозли, заедно со Берни Еклстоун „жарат и палат“ во светскиот автоспорт и се највлијателните луѓе во Формула 1. Мозли и Еклстоун во 2007 година посетија неколку земји од бивша СФРЈ, а последните држави во кои престојувал се Хрватска и Србија.

Земјите во нашето опкружувањето се многу понапред во однос на автоспортот. Повеќето имаат рели-трки кои се бодуваат или за СП или се со послаб коефициент, но имаат одлична посетеност. Тоа е со релито Акрополис во Грција. Бугарија го има релито со европски коефициент, а од 2010 година и Србија со „Ју-релито“ќе биде дел од Светското првенство.

Србите се надеваат дека Милош Павловиќ наскоро ќе вози во Ф1 и се натпреварува во ГП2. Хрватска во Нико Пулиќ го има европскиот првак во рели, а нивните возачи редовно настапуваат на силните европски рели-трки. Бугарија во Димитар Илиев гледа човек што ќе вози во СП во рели. Македонците тешко се снаоѓаат и во балканските трки.

Дневник
 
Интересна работа.. Имаше најави дека ке се гради Ф1 патека во Србија, па можеби Мозли на минување низ Србија ке помине и низ Македонија. Инаку во право се дека автомобилизмот и сите авто-мото спортови се на најниско ниво во регионот, освен некое рели со џипови, Битолскиот мото-крос за 1-ви мај друг настан во државава нема. А имаме потенцијали за ридско-брзински трки невидени!
 
Ја па реков Морли....

Џиш има потенцијал ама нема спонзори ние немаме леб да јајме не спонзори кои треба здраво да платат за вакви настани.
 
Ај бе не зезај.... Кога ракометот и фудбалот можат да најдат спонзори да плаќаат за сали, тренинзи и што уште не можат да дадат исти бенифиции и за спонзорирање на авто мото спортот. (мислам дека ако спонзорираш некоја фудбалска или ракометна екипа има намалување во плаќањето данок што како веза немам) Ианаку можам да ти кажам дека познавам 3-ца битолчани кои се спремни (со возила и луѓе) сами да се напреваруваат, финтата е што нема каде, па наместо на 10 трки, самостојно ке се организираат да одат на една во соседните држави.
 
Оооооо гледам дошло март, знам овој месец треба да дојде Макс Мозли.
Стварно автомобилизмов е катастрофа, има нешто ама слабо, само во Кичево има тркачка патека ама таа е тапа...
 
Сеа има или нема каде или не разбрав.Енивеј....
Абе другар трка не се прави на планина во патче едвај изводливо за да се разминат 2 автомбили полно со дупки... Потенцијал во терен имаме, доколку се вложи некој денар! Па да се рашири делче од некој планински пат, да се дотера како што треба... А дека нема каде да се возат трки во оваа состојба што ја имаме, сите го знаат тоа. И тој автодромот во Кичево е сопственост на војската.
 
Bas na takvi patcinja se pravat odlicni rally trki. Imame mnogu takvi patcinja za da se organizira ednot dobro rally.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom