Овој поранешен бизнисмен и, како што самиот вели, некогаш верен гласач токму на Црвенковски, повторно е актуелен во јавноста со второто продолжение
од неговата книга „Од Осака до Дижонска“, со поднаслов
„Досие бој - Врвна тајна“. Тој смета дека Управата за безбедност и контраразузнавање всушност управува со државата. Тие веќе го почестиле со затвор.
Сепак, тврди дека у спеал да го контролира стравот. у Имавте проблеми со издавањето на втората книга?
-
Да. Не можев да најдам издавач, ниту една печатница не сакаше да печати. Мислам дека се плашат, и тоа не е добро. Книгата е печатена во една соседна држава, а јас се јавувам како издавач. Една е пораката, и во првата и во втората книга е -
да престанеме да им се плашиме! Досега се продадени 1.300 примероци, што е фантастичен тираж. Посакувам да се во рацете на граѓаните. Тој тираж е распродаден за две недели, што е просто неверојатно. Затоа не ја исклучувам можноста „Фамилијата“ и нејзините кртови и овде да ја отвориле „спец-касата“. у Во центарот на Вашето внимание е УБК.
Велите дека, без разлика кој е на власт, УБК е под контрола на СДСМ или на „Фамилијата“. - Кога има промена на власта, како сега, се менуваат само началниците во УБК. Другите, агентурата, како и обичните работници како кафеготвачките или келнерите, никој не ги чепка. Освен то, постои и паралелна служба, која добро се маскира и тешко може да ја распознаете помеѓу правите агенти. Тоа е најголемиот проблем при секоја промена на власта. Тие имаат своја опрема за прислушување, возила, спец-каса исто како и државната. Оваа паралелна служба е опасноста, особено кога СДСМ е во опозиција. Капак на се се странските служби на кои ова им одговара и им даваат поддршка бидејќи така најлесно ја контролираат државава. у Дали ВМРО-ДПМНЕ има своја служба и, ако има, дали таа и парира на сдсмовската?
- Најверојатно имаат. Но, тоа е во доменот на шпекулациите. Како и да е, немаат ниту теоретски шанси да им парираат. Овде треба да се има предвид дека оваа партија всушност е творба на УБК. Сетете се на настаните по изборите во 1998 година. Се промени власта, ама валканиот бизнис остана ист. Се си продолжи по старо. Слично е и со Владата на Груевски. Мислам дека тој знае како стојат работите и нема храброст да се спротивстави. Реформите и борбата против криминалот се само фарса, сега засега. у Но, имаме рекорден број притвори. Му се суди на поранешен премиер, нанесен е голем удар на криминалот на границите, патарините... Осудени се олиграси. - Таа борба против криминалот почна одоздола, што е добро, но кога ќе стигнат до врвот, тука застанува борбата. Судските процеси ќе се развлечат по апелациските судови, ќе следуваат ослободителни пресуди. Знаете, кога некој значаен член на „Фамилијата“ е загрозен, вистината и правдата вредат како лепешка на дожд. Дај Боже овојпат да грешам. Досега не сум чул државата да биде обесштетена во ниту еден спор. у Како дејствуваат „кртовите“?
- Тие строго ја контролираат олигархијата, но и целокупниот бизнис во државава. Тие се кариката помеѓу политиката и бизнисот и знаат се, и за политичарите и за бизнисмените. Им ги знаат сите валканици. Тоа им е работата, но наместо граѓаните да имаат полза од нивната работа, тие ги користат тие сознанија за нанесување удар на политичкиот противник или недисциплинираниот бизнисмен. Ти влегуваат и во семејството мошне суптилно, мошне нежно. Дури и „искрено“ ќе ти „помогнат“. Знаат за секого безмалку се и немаат никакви скрупули. у Во што е лекот, според Вас?
- Комплетно расформирање на УБК.
И, секако, политичка елиминација на нивниот шеф Бранко Црвенковски. Тука ќе настрадаат и оние правите, но знаете како велат старите - покрај сувото гори и суровото. Потребна ни е државна безбедност, која ќе не заштити од најопасниот внатрешен непријател, криминалните политичари и „бизнисмени“. Тоа е единствениот лек и треба да се направи што поскоро. Друго чаре нема. "
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=14&tabid=1&EditionID=1284&ArticleID=82530