Македонско фудбалско првенство 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    206
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Mene ne mi e jasna edna rabota, na koj toa ne bi mu odgovaralo silen Pelister, fudbal u Bitola, shampion od Bitola i slicno.

Pa Shkendija bea prvaci ebago, ako gledame na nacionalna osnova togas i niv trebase da gi unistuvaat i da im bidat precka da se prvaci, nejse, stvarno ne gledam pricina zasto nekoj ne bi sakal silen Pelister a so toa i ekspanzija na fudbalot ko sport i vo Bitola kade gledam veke imate inicijativi za nov stadion.

Od toa korist ke ima i fudbalska Makedonija, ako se gleda Golemata Slika.


На ФФМ и на скопјаните де... Не ли знаеш ние сме криви за се :pos: До вчера сметки за вода неможеа да си платат, рефлектори поклон им дадовме, им стојат до стадион 10 години и ти овие сакаш да ги биде?
 
На ФФМ и на скопјаните де... Не ли знаеш ние сме криви за се :pos: До вчера сметки за вода неможеа да си платат, рефлектори поклон им дадовме, им стојат до стадион 10 години и ти овие сакаш да ги биде?
Кенгур сам се чешлаш ???
 
Да да, му покажува да излезе, се гледа и на снимката, а само Деспотовски се буни, ми се чини Влатче го брка надвор да не прави дополнителни проблеми, но ете го објаснувањето дека по грешка досудил црвен поради недоразбирање со линискиот. После со делегатот ја смени одлуката, не поради тоа што се бунел Деспотовски. На крај, важно е дали имало или немало црвен, а никој од нас не виде црвен за било кој во таа ситуација, обично кошкање...
Ова автоматски кажува дека не е како сите секојдневни грешки шо велевте дека се случувале и во другите лиги наместо жолт да покажи црвен. Тој свесно покажува црвен меѓутоа после дозволува да му ја променат одлуката.
 
Вие место да речете добро е што се дискутираат судиските грешки, па преку медиумите константно да им се врши притисок на судиите за да сфатат дека некој ги гледа, па да се смисли нешто лека полека судиите да судат коректно а не по наредби вие си пишувате ајде бе што ви е, не е прв ни последен случај, не дигајте толку прашина:tapp:

Не е прв а ни последен ама кога вашиот тим ќе биде оштетен нема да викате вака. Работата е што некои работи кај нас не се случајност. Овој најдобриот судија и во Тетово често знае да прави грешки и го користи својот авторитет за да го направи тоа. Меѓутоа така само ќе го изгуби тој авторитет. Од година во година се губи човеков. Друга работа, ако ФФМ не сакаат нека постават самите клубови камери за офсајд наменети па колку толку да се тера кон подобро пошто реков никој во државава не го боли за фудбал, они гледаат свои интереси ама ние љубителите на фудбалот си патиме е затоа од негде мора да се почне.
 
^ А доколку имаат некаква намера од ФФМ или кој и да било, да судат против некој тим (иако глава оставам дека ова не беше ни малку пристрастно судење за Вардар), мислиш со нашето коментирање на форумов ќе се смени нешто? Доколку они си имаат зацртано нешто, не може ни Господ да ги спречи, не па ние со нашиве коментари.

Друго, имате постови у ваш фан клуб (Шкендија) дека Ставрев постојано суди на ниво, читав многу пофалби за него. Како сега наеднаш се губел последниве години и го користел авторитетот за да прави глупости?
За кои глупости зборите (освен ова со црвениов, што стварно е глупост)? За тоа што остава да се игра машки, како низ цела Европа? За тоа што не суди фаул за дишење во врат како што судат сите останати судии во Македонија? Ама ние сме навикнати на таков фудбал па затоа ни смета кога некој ќе остави малку борба на терен. Ние сме навикнати да гледаме како некој од “дишење во врат“ лежи 10 мин. на земја и се витка.
Ете, скоро сите ваљда имате МахТВ дома, вратите во недела и изгледајте ја повторно утакмицата. И кажите кои се глупостите кои Ставрев заради својот авторитет си дозволил да ги направи.

Ја си стоим на ставот дека Ставрев е УБЕДЛИВО најдобар судија што излегол од Македонија. Буквално секоја утакмица што сум ја изгледа од ПМФЛ на кој судел он, била за чиста 10-ка. Не гледа ни дали е Вардар, ни дали е Пелистер ни ништо. Си ја суди утакмицата онака како што треба, и како што кажав не за џабе е единствен судија кој суди на европски утакмици. Впрочем, мислите дека судија кој се почесто добива шанса да суди на тие европски натпревари, би си дозволил намерни грешки за да помогне на некој тим со што сигурно би изгубил доверба од УЕФА?
 
Што паника се крена за еден поништен гол на пелистер,а нас со годиништа не заебаваа никому ништо да не одиме подалеку оваа сезона само колку пенали и колку црвени беа досудени против нас и колку пенали неса досудени на наш корист undefined
 
ТетексФан


Ако Ставрев сме го фалеле тоа е од едноставна причина што е убедливо на последно место кога збориме за судии кои ни наштетиле на нас како тим. Меѓутоа далеку од тоа дека не знае да го тупи. Последен пример е натпреварот Шкендија-Вардар кога нашиот доби два жолти за само два фаули додека на играчите на Вардар им прогледуваше низ прсти особено на еден од средниот ред Гроздановски ако не грешам кои направи десеттина фаули и заслужи да добие црвен но помина само со жолт. Е сеа ќе речеш зависи какви фаули биле, ја ти тврдам дека беа исти онакви фаули и на двете играчи, обични на средината на теренот. Ако веќе има некој критериум нека го користи рационално. Но кажав има авторитет и си тера по свое. Сепак во споредба со другите секако дека е најдобар, бар што се однесува за нашиот тим. Фановите на Шкендија сме биле и сме сведоци на судии кои апла се обидуваат да ни наштетат. Ова реков ќе продолжи се додека не се нафати некој за работа и да обезбеди квалитетни преноси и снимки, анализи после секое коло како што е случај со првенството во Албаниа, ама затоа кај соседите 2 тимови годинава стигна до плеј-оф утакмиците од ЕЛ. Па со видео докази да се бара евентуалната правда. А и кога судиите би знаеле дека ги следи камерата би размислувале повеќе пати пред да донесат некоја одлука.

Нашата единствена можност се дискусиите на форумов, може нема да донесат резултат ама ќутејќи некој што не чита ќе помисли дека се е розево кај нас и фали само да се практикува Goal Line текнологијата
 
Ова автоматски кажува дека не е како сите секојдневни грешки шо велевте дека се случувале и во другите лиги наместо жолт да покажи црвен. Тој свесно покажува црвен меѓутоа после дозволува да му ја променат одлуката.
Океј, зашто му даде црвен? Оправдан беше? Причината? Или се буниш само врз основа дека му покажал црвен па сменил? Причината не е важна?
 
Океј, зашто му даде црвен? Оправдан беше? Причината? Или се буниш само врз основа дека му покажал црвен па сменил? Причината не е важна?

Па се фатија за врат со наш играч имаше и претходно тој ист играч кошкање, сигурно нешто видел.
 
Па се фатија за врат со наш играч имаше и претходно тој ист играч кошкање, сигурно нешто видел.
Па ако се фатиле двајцата требале да добијат црвени картони :) Имаше објаснување поназад, по сугестија на линискиот досудил црвен, но линискиот алудирал на црвени дресови, не на црвен картон...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom