Смешни сте, пошто скокате а врска немате што навистина се случи во таа ситуација. Сите гледавме иста снимка на МТВ, сигурно не сте гледале нешто поразлично од нас. А од таа снимка ништо не се виде, ни Колина не може да пресуди дали имало офсајд или не, а камоли лаици ко нас

Едно имам да кажам, дека фаулот за слободниот НЕ ПОСТОЕШЕ, а тоа сите можевме да го видиме.
Истотака во понатамошниот тек на мечот судијата се изгуби, вадеше црвени картони, па менуваше одлуки. Досуди уште еден подарок слободен за Пелистер откако Рељиќ стартуваше чисто на топка на работ шеснаесетникот.
Судењето беше океј се до тој дел од мечот.
До тој дел од мечот Вардар беше многу подобар противник и да не беше среќата на страна на Пелистер резултатот можеше да биде и 1-4 или 1-5. Последните 10 минути изигравме катастрофално и сосе нив Пелистер можеби заслужи нерешено. Но мечот доби друг тек благодарение на слободниот, и после тоа Пелистер граше во еуфорија а нашиве беа тотално конфузни. За претходниот дел од мечот, чисто како солза ве надигравме. Ви оставивме простор да додавате, а по контри ве утепавме.
Голманот денес не ви беше на ниво, за приот гол имаше лоша интервенција, а и во вториот дел беше како падавичар и комотно можеше да има уште некој гол по негова вина, да не ве спасеше среќата кога рокнавме пречка и ја вадевте од линија.
Одличен меч видовме денес, камо среќа сите дерби мечеви во Битола вака да се одвиваат.
Во блиско минато едино мечот во кој тепавте 2-1 во 2007 беше на слично ниво на интересност и ние кога тепавме 1-2 во 2006 кога сите испивме по некој пендрек

Последните дуели во Битола беа анти реклама за фудбалот, со по една шанса во цел меч...