Како што ми седи, сите клубови што имаа “посериозни“ навивачки групи, да се изразам така, ќе го јадат и тоа немиени.
Почнаа со нас, сигурен сум дека и политиката си има голем удел у тоа да го однесат клубот у Скопје, Војводи да се откажат од истиот и автоматски Војводи како група да престанат да постојат.
Продолжува со Шкендија, наеднаш никој не сака да го земе клубов (освен нормално ако не влезе Еколог како што се збори, што ќе го демантира моево мислење), па лека полека и на Шкендија да и ја ебат мајката. И сега некој осеќам ќе ме цитира од Балисти дека никогаш нема да дозволат Шкендија да пропадне. Само едно ќе кажем, кога ќе нареди некој од “горе“, ќе биде така и оро ќе играме.
Трето, пробуваат да им ебат мајката и на Комити, во што сум сигурен дека ќе успеат (барем на одредено време).
Со све ова се добива “мир у куќа“, помалку меѓуетнички пресметки, скандирања, “оцрнувања“ на Македонија како мултиетничка држава, стварање на слика дека кај нас цветаат рози и слично.
Ова е само мое мислење, дај Боже да не сум во право, ама како што ми седи почнуваат малку по малку да не “кинат“, зошто сме им трн во око.