Македонско фудбалско првенство 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    206
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Штип некогаш беше домаќин на славниот Еузебио!

dscn1713.jpg
Дека Штип има долга фудбалска традиција, препознатлива и по гостувањата на познати фудбалери и екипи, најдобра потврда е збогувањето од фудбалот на Драгослав Шекуларац, роден штипјанец, кој на 20 септември 1978 година на Градскиот стадион под Исарот, организираше спектакуларна средба на најдобрите светски асови со штипска Брегалница. На оваа средба, покрај другите, настапија и светски познатите фудбалери Еузебио, Еду, Џаич, Сантрач и други.Повозрасните штипјани се уште се сеќаваат на егзибициите на Еузебио и Шекуларац. Тие добиваа заслужен аплауз од десетилјадната публика.
Капитен за екипата на Брегалница беше најдобриот фудбалер на векот на Штип, Стојан Арсов.
-„На оваа средба секогаш ќе се сеќавам. Бев среќен што ќе играм против Еузебио и другите светски асови. Еузебио ме одушеви со неговата игра и во Штип покажа дека не случајно беше еден од најдобрите светски фудбалери. Секогаш ќе се сеќавам и на фотографијата што заедно со Еузебио и Шекуларац беше направена пред средбата со светските фудбалски ѕвезди.Кога слушнав за ненајдената смрт на фудбалскиот великан Еузебио, мојата тага беше голема. Еузебио ќе ми остане во сеќавање по комуникацијата, дружењето и коректното однесување кон сите фудбалери.Беше голем и на теренот и надвор од него“- вели Стојан Арсов.
http://sitel.mk/mk/shtip-nekogash-beshe-domakjin-na-slavniot-euzebio
Убава историја можеби не поставена на право место ако смета нека се премести.
Среќен Божик Македонци и за многу години
Христос се роди
 
Ај сеа поздрави го и ти кенгурот со песната ’Све је лаж’ :pos:

Специјален поздрав од провинцијата до кенгурот со песната:
 
Абе турете му кур на фудбалот...
Не вреди да се нервираме за такви лајна напикани по клубојте.
Нити сме имале нити ќе имаме некогаш фудбал во Македонија.
Џабе се препукувате меѓу себе , кога таму е замешана огромна мафија...
ФФМ уште долго ќе си продолжи да биди темен вилает и синоним за неуспех.
 
Крсте Велковски отишол во Сараево да игра :pos:

Е вакви работи ми се нејасни. Па нели Работнички доби некој добар спонзор, како сред сезона нивниот најдобар играч се сели ни помалку ни повеќе, во БОСАНСКО ПРВЕНСТВО. Знам дека се е подобро од нашево првенство, но сепак многу несфатлива одлука на Крсте :facepalm:
 
Крсте Велковски отишол во Сараево да игра :pos:

Е вакви работи ми се нејасни. Па нели Работнички доби некој добар спонзор, како сред сезона нивниот најдобар играч се сели ни помалку ни повеќе, во БОСАНСКО ПРВЕНСТВО. Знам дека се е подобро од нашево првенство, но сепак многу несфатлива одлука на Крсте :facepalm:

Не дојдоа Норвежаните во Работнички. Поточно они дојдоа ама не е склучен договор бидејки Поповски нејкел да им го даде клубот. Инаку во Сараево мислам дојде некој јак спонзор и ке лапа добри парички Крсте.
 
у Сараево се влезени пари од газдава новиов на Кардиф , тој контровезниот што избрка се од Кардиф ТАН МАН незнам како се вика точно :)
 
140119072.1_mn.jpg


У Сарајево ко Меси да стига, презадоволни се навијачите од новото засилување :D
 
Тој Винсент Тан како ли се вика е нов сопственик на Сарајево и како што зборуваат пријатели од Сарајево се очекува доста голем буџет од наредна сезона и имаат големи очекувања, а сезонава освојување на титула во лигата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom